Постигнување преку контрасти
Во книгата Зохар е речено: „Предноста на Светлината која се открива во мракот“. Бидејќи благотворното влијание на Светлината се пројавува само при излегувањето од мракот. За идентификација на особината на белото потребно е црно. Бидејќи без црното не би имало постигнување на белото. Како во примерот со слаткото и горкото: човекот не го знае вкусот на слаткото сѐ додека не проба горко. И да се почувствува сладоста овозможила, за жал горчината, бидејќи спротивностите меѓусебно се откриваат. Така се случува меѓу белото и црното, Светлината и мракот, болеста и здравјето. Бидејќи да немало во светот болни никој не би знаел што претставува здравјето.
Мракот е олицетворение на сѐ негативно што ние го доживуваме во животот: отсуство на убеденост, страв, скржавост, гордост, презир. Тогаш со која цел Создателот го создал мракот како нешто најсурово, нечисто, спротивно на Него? Токму со цел да ја постигнеме Светлината. Ние, суштествата, можеме да определуваме сѐ само преку контраст. Создателот е само тотална Светлина. Во Него нема две спротивни особини за да почувствуваме, да избереме и да изучиме едно од другото. Искачувајќи се нагоре ние неизбежно се искачуваме и по десната и по левата линија, на двете нозе – спротивните особини, спротивните чувствувања, и колку посилна е Светлината, се разбира толку посилно таа се чувствува во контраст со уште поголемиот мрак. Тоа се случува постојано и насекаде: во сите осети, мисли, одлуки. Затоа човекот мора однапред да подготви многу трпение, можност сето тоа да се преживее. Но да се направи тоа не е едноставно, зошто духовниот пат е пат на очистување од егоизмот кој е заснован на внатрешната борба. Само правилната поддршка на опкружувањето, неговото постојано зацврстување може да го задржи човекот горе, а самиот тој е никој и ништо. Затоа, кога се собираат десет ништожници кои се свесни дека се никој и ништо но во исто време се обидуваат со сите сили да си помогнат еден на друг, тогаш врз нив слегува Виша Светлина и ги претвора во силни луѓе.
Прашање: Каква е психологијата на ова внатрешно движење на човекот? Дали тој треба да добива од него насладување?
Одговор: Насладувањето кое тој го добива не е мазохистичко насладување. Тоа се создава од личната поправка. Замислете десет луѓе кои со ништо не можат да си помогнат еден на друг но со сите сили се обидуваат тоа да го сторат. Притоа врз нив слегува огромната Виша сила бидејќи секој се бори со својот егоизам за да им помогне на другите. Се добива групна заемна одговорност и Вишата сила ги сврзува, зацврстува и ги крева на следното ниво.
Од ТВ емисијата „Тајните на Вечната Книга“, 12.06.2014, на Каб.Тв (руски)
Раѓање на заедничка душа
„Лепра“ значи „затворање“. Бидејќи Тој ги затвора вишите Светлини и не ги отвора. А кога Тој затвора и не отвора, тоа се нарекува „рана“. Како што е речено: „Ако раната на лепрата ја има на човекот“. Токму „на човекот“ – на Зеир Анпин. И од тука се спушта кон долниот човек кој го довел до ова и ја затвора неговата Светлина и се пројавува раната во сѐ заради тоа затворање на Светлините. („Книга Зохар со коментарите Сулам“. Поглавје „Тазрија“, п.91)
Сѐ зависи од тоа во која мера ние можеме да ги кренеме своите правилни стремежи, молби и молитви за поправка кон Зеир Анпин. Соединувајќи се ние се креваме кон Малхут од која можеме да почнеме да ја креваме нашата молба кон Зеир Анпин – кон следното ниво, повисокиот парцуф, повисокиот систем. Вклучувајќи се во неа ние предизвикуваме слегување врз нас на Виша Светлина. Но интензитетот на нејзиното слегување зависи од тоа во која мера ние правилно ја предизвикуваме бидејќи ние се наоѓаме долу, во световите на нечистите егоистички сили БЈА. Егоизмот во нас цело време работи, врие, нѐ фрла на сите страни и излегува дека во секој момент од времето ние ризикуваме да ја прекинеме нашата молитва за напредувањето и да паднеме. Во таков случај меѓу Малхут и Зеир Анпин се случуваат несигурни, нејасни, непрецизни контакти и за тоа сме виновни ние. Се создава опасност од спонтано исфрлување: престанок на развојот на зародишот.
Прашање: Што значи подемот кон Малхут и понатамошниот подем од неа во Зеир Анпин?
Одговор: Подемот во Малхут се остварува преку поврзаност меѓу пријателите. Ако ние правилно се соединуваме меѓу нас, ние формираме Малхут од која ја креваме во Зеир Анпин нашата заедничка желба како една целина. Зеир Анпин е Создателот, подемот од Малхут во Зеир Анпин е изедначување со Создателот, спојување со Него, кога станувајќи една заедничка целина во нашето соединување ние одиме кон соединување со Создателот. Во однос на луѓето кои се собрале заедно и формирале меѓусебно една целина или заедничка душа, ликот на Создателот се нарекува „Адам“.
Реплика: Со други зборови прво од нашите желби се создава светот и дури потоа во него се раѓа човекот?
Одговор: Не. Кога нашите желби при заемното вклучување една во друга стануваат една целина така да меѓу нив се губи каква било разлика, тогаш таа заедничка желба се крева нагоре во својата молба да стане слична на Создателот за да стане човек или синови на човекот (Бнеј Адам).
Од ТВ емисијата „Тајните на Вечната Книга“, 12.06.2014, на Каб.Тв (руски)
Да го кренеме Мојсеј од заборав
Постои само еден начин да се достигне блискост со Создателот – целосна и апсолутна покорност на Неговата воља. Му рекол Создателот на Мојсеј: „Пренеси му на својот брат Арон дека Јас му направив голема чест. Речи му: место на престојување на твоите синови ќе биде притаениот дел од Шхина, т.е. местото каде што се пројавува Создателот, Неговото Божествено присуство. Дури и ти и твојот брат Мојсеј нема да достигнете таква височина“.[М.Вејсман, „Мидраш раскажува“, поглавје Шмини“]
Станува збор за состојба која суштествата не можат да ја достигнат сѐ до конечната поправка. Таа се пројавува по нивоата „Арон“ и „Мојсеј“. Работата е во тоа што Мојсеј е погребан на планината Нево зад Јордан и местото на погребувањето не е познато до ден денес. Излегува дека тој достигнал ниво кое сѐ уште никому не му се открило. Но сепак тоа е ниво на нецелосно соединување, вклучително и со народот на Тора, т.е. со сите останати делови од заедничката душа. Меѓутоа на крајот од сеопштата поправка сите нивоа ќе бидат откриени и ќе се дознае така наречената алегориска слика – гробницата на Мојсеј. Всушност не постои никаква гробница бидејќи тој сам се искачил на планината и таму починал. Подоцна состојбата „Мојсеј“ ќе се пројави повторно но веќе на ниво кога кон него одоздола ќе почнат да се искачуваат сите други души, ќе се соединат со него и ќе се устремат понатаму кон Конечната поправка. Тогаш навистина ќе се искачиме на ниво за кое е речено дека „дури и ти и твојот брат Мојсеј нема да достигнете таква височина“
Тора говори за подготовките кои нашата егоистичка желба ги поминува пред стапувањето во така наречената земја Израел, односно пред целосното преобразување на нашиот егоизам во давање и љубов. Во неа се раскажува само за периодот кога ние излегуваме од Египет и ја достигнуваме границата на земјата Израел откога ги поминавме 40 духовни скалила – 40 години на патување по пустината (подем од Малхут во Бина). Потоа се случува слегување од Бина во Малхут кога ние ќе почнеме постепено да ја спознаваме Малхут, да ја искачиме во Бина и на таков начин да се искачиме од Бина во Кетер.
Откога целата маса ќе биде поправена преку постепен подем, се создава така наречено дејство „рав паалим у-мекабциел“ – посебна сила кога ги соединува сите поправени делови од заедничката душа („мекабциел“ – соединување кое сето го концентрира во една заедничка сила). Тоа е дополнителна поправка. Кога таа ќе се случи тогаш ќе се создаде подем до нивото на круната (Кетер) и вистински ќе се пројави нивото „Мојсеј“, но не во формата во која е тука опишана туку на следното ниво, кога сите нивоа ќе се спојат заедно и ќе се искачат на нивото на круната. Токму тогаш ќе биде пронајдена „гробницата“ на Мојсеј, односно состојбата кога ќе го достигнеме нивото „Мојсеј“ и заедно со него ќе почнеме да се искачуваме понатаму кон Целосната Поправка.
Од ТВ емисијата „Тајните на Вечната Книга“, 12.06.2014, на Каб.Тв (руски)
Хармонично дополнување
„Ако жената зачне (тазрија) и роди машко дете“. Жената е Малхут која ги раѓа душите. „И роди машко дете“ – односно машкиот и женскиот корен не се вклучени еден во друг, како што се случува во светот каде што душите се раѓаат со машки и женски корен.
Затоа што нижите со своите гревови ја доведуваат Малхут до тоа што машкиот и женскиот корен на душите не можат да се соединат во форма во која тие слегуваат одозгора како пар, машкиот корен со женскиот.
Затоа е речено: „И роди машко дете“, - бидејќи на овој свет му е откриена само машката склоност која не е вклучена во женската. („Книга Зохар со коментарите Сулам“. Поглавје „Тазрија, п.23)
Во духовниот свет машкиот и женскиот корен – особината на давање и особината на примање се наоѓаат во правилни состојби. Тие се заемно поврзани меѓу себе и се дополнуваат едно со друго, т.е. зачнуваат и раѓаат нов живот од врската на десната и левата линија. Но бидејќи зачнувањето и раѓањето не се случува истовремено, поправката се реализира наизменично. Затоа жената раѓа и машка и женска страна. Жената е вишо ниво кое ги апсорбира во себе решимот (духовните гени) и ги развива во себе. На таков начин се раѓа душа, но само под услов дека нашето тело, т.е. нашите желби и намери го придружуваат целиот духовен процес.
Во луѓето од нашиот свет нема душа, на материјалното ниво тоа е животинска супстанца. Ако сакаме во нас да има нешто човечко ние треба да ја создадеме и развиеме нашата душа, тогаш ќе се нарекуваме „човек“. Во секој од нас има духовни гени и ние можеме да помогнеме на нивниот деветмесечен внатрешно утробен развој внатре во Малхут кревајќи ги таму нашите желби и правејќи сѐ духовните гени правилно да се развиваат. На крајот од така наречениот деветмесечен духовен период, деветте последователни процеси кои се одвиваат во нив, од нив се формира душа. Затоа на животинското (материјалното) ниво ние треба да егзистираме во форма во која нас нѐ принудува да функционираме Природата, историјата, општеството и др., а сето друго да го насочуваме над тоа за развој на духовниот ген.
Прашање: Во духовниот свет машкиот и женскиот корен се поврзани, а во нашиот свет сѐ е разбиено, разделено, се раѓа посебно. Дали тоа значи дека ние мора да ги соединиме овие два корени и да се вратиме кон духовната состојба?
Одговор: Сите духовни сили се насочени кон реализација на духовните гени на секој човек и создавање од нив на единствен организам, една заедничка душа. Во неа нема никакви поделби – таа е една и е слична на Создателот! Во вишиот свет нема поим „женска душа“, „машка душа“ бидејки таму во целосна хармонија владее заемното дополнување.
Од ТВ емисијата „Тајните на Вечната Книга“, 12.06.2014, на Каб.Тв (руски)
Мисијата на Надав и Авиј
Арон имал четири сина, двајцата од нив Надав и Авиј не само што биле убави туку и поседувале извонредни способности [М.Вејсман, „Мидраш раскажува“, поглавје „Шмини“]
Убавина се нарекува примањето на Светлината Хохма (Светлина на животот) заради давање. Убавината се однесува на женскиот дел на душата (лева линија), на желбата за примање која може да работи за давање. Но кај Надав и Авиј таа се пројавила од десната страна бидејќи тие се синови. Односно станува збор за грешка карактеристична токму за младоста. Но младост се нарекува секое почетно совладување на новото ниво.
Ако кон тоа ја додадеме нивната општо признаена праведеност тогаш е јасно дека во иднина тие требало да станат водачи на народот. Дури и нивните имиња укажуваат на нивната големина: „Надав“ значи дека тој е достоен за висока положба (недивут); „Авиј“ укажува дека тој бил достоен да стане татко на еврејскиот народ (ав). Нивната извонредност не ја истакнувале само другите туку и самите тие ја осознавале. Еднаш Надав му рекол на Авиј: „Кога ќе ги нема Мојсеј и Арон ние ќе го заземеме нивното место“. И му одговорил Создателот: „Ќе видиме уште кој кого ќе го погребува“.
Прашање: Што значи: „кога ќе ги снема Мојсеј и Арон ние ќе го заземеме нивното место“?
Одговор: Тоа значи дека синовите можат да се искачат над нивото на татковците. Во духовниот свет не постои смрт. Кога ќе го поминеме нивото на Мојсеј и Арон тогаш се разбира ќе станеме повисоки од нив, ќе бидеме наместо нив. Мојсеј и Арон се две линии, две нивоа, едно под друго дури на средната линија. Арон е повеќе лева линија, Мојсеј е десна линија и така тие работат меѓу нив на средната линија. Исто и Надав и Авиј. Во принцип Надав и Авиј навистина се наоѓаат едно ниво погоре од Мојсеј и Арон. Но тие мора да укажат токму на откривање на злото – во тоа се состои нивната мисија. И затоа на крајот тие загинуваат, но со тоа ја извршуваат нивната мисија. Во суштина тоа се две особини кои мора да го откријат следното ниво над Мојсеј и Арон.
Од ТВ емисија „Тајните на Вечната Книга“, 15.06.2014, на Каб.Тв (руски)
Во заеднички систем
Прашање: Создателот му рекол на Мојсеј да му пренесе на Аарон дека неговите синови, Авиј и Надав ќе се искачат на ниво на кое тој не се наоѓал. Дали тоа значи дека треба да се радуваме на фактот што сега тие паднале?
Одговор: Да. Надав и Авиј се многу високи души, односно подлабоки желби, со посериозни првични податоци (решимо), кои подоцна задолжително ќе се пројават. Ние ќе го видиме пројавуањето на нашиот заеднички егоизам во сите негови метаморфози, особини, видови, стилови, имиња и сите тие заемно ќе се дополнуваат еден со друг. Токму со помош на таква целосна поврзаност меѓу нив ќе биде достигната состојбата на сеопштата поправка. Не може да се случи некоја душа да не учествува во тоа. Ако не поправиш барем една душа тогаш нема да ги поправиш сите други. Тоа е апсолутна заемна поврзаност, интегрален систем! Сите души до тој степен се вкучени една во друга, што кога се занимаваш со едно нешто, веднаш имаш потреба за уште нешто. Во заеднички систем едното повлекува друго. Сега не само научниците туку и новинарите пишуваат за единството на светот. Луѓето веќе го насетуваат тоа, почнуваат да сфаќаат дека природата е целосна, светот е целосен и целото човештво претставува единствена мрежа.
Од ТВ емисијата „Тајните на Вечната Книга“, 15.06.2014, на Каб.Тв (руски)