Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Отсечи го крајот на своето срце

А осмиот ден нека ја отсечат неговата кожичка. (Тора, „Левит“, „Тазриа“, 12:3)

Осмиот ден синот – новороденото кое е ниво од седум сефирот – целосно се одделува од мајката. Но за да постои понатаму тој не смее да ја користи својата кожичка – трите најтешки, најегоистички желби. Тој мора да ги отфрли и да не си дозволува да ги користи, како што е речено: „Отсечете го крајот на своето срце“, т.е. своите желби. Бидејќи нашите најегоистички желби ние ќе можеме да ги искористиме само после конечната поправка. Првин целото човештво поминува преку поправка вклучувајќи ги во себе само желбите Кетер, Хохма, Бина, Хесед, Гвура, Тиферет, Нецах. Ход. А Јесод – последната сефира од световите кои слегуваат одозгора, преку која Светлината влегува во Малхут (во суштеството) треба да се отсече, да се скрати. Односно сефира Јесод исто така се искористува но токму во неа се прави скратување за таа да не ја пренесе на Малхут целата Светлина која ја има во неа. Тоа е важно! Освен тоа обрежувањето значи поврзаност која се остварува преку Јесод меѓу сите сефирот и Малхут. Затоа таа се нарекува „сојуз“. Бидејќи без обрежувањето на Јесод, без ограничувањето на неговото влијание врз Малхут таа поврзаност не може да постои. Под обрежување се подразбира дека ние ги отстрануваме нашите најтешки желби – „лев а-евен“ (камено срце) – кои не можат да бидат поправени во давање и љубов. Додека пак сите други желби можеме да ги користиме. И затоа токму после обрежувањето човекот се смета „јехуди“ (од зборот „ихуд“, поврзаност) бидејќи сега тој може да се соедини со Создателот.

Прашање: Зошто обрежаната кожичка се фрла во песок?

Одговор: Затоа што ти не можеш да ја искористиш. Таа е еднаква на земјината прав. Обрежаната кожичка ги симболизира најсилните, најжестоките егоистички желби кои ти не можеш да ги искористиш за давање. Но во исто време тие желби се највредни и затоа иако тие горат во тебе, сега  ти ја нивелираш нивната вредност до земјина прав.

Прашање: Дали ќе дојде време кога нема да е потребно да се обрежува кожичката?

Одговор: На крајот од поправката! Тогаш нема да има веќе никакви забрани, никакви заповеди, бидејќи сите заповеди се парцијални поправки на особината на давање и љубов. Ако ти си поправил сè тогаш во сите твои желби нема да останат никакви ограничувања! Ти ќе ги користиш слободно бидејќи на секоја од нив кај тебе ќе постои намера за давање.

Од  ТВ емисијата „Тајните на вечната Книга“, 12.07.2014

Моќта на балансот е предуслов за здравје

И говорел Бог, обраќајќи им се на Мојсеј и Арон вака: „Човекот на чија што кожа на телото му се појави оток или лишај или дамка и на нивното место се образува чир сличен на  чирот на лепра, тој човек мора да биде доведен кај Арон-коен или кај еден од неговите синови, коени. Коен ќе го прегледа чирот на кожата на телото и ако влакната на чирот станале бели и чирот се наоѓа подлабоко од кожата на телото – тогаш тоа е чир на лепра. Констатирајќи го тоа коен ќе го признае таквиот човек за нечист. (Тора, „Левит“, 13:1-13:3)

Идентификацијата на следното ниво бара отстранување на желбите кои ние не можеме да ги поправиме и тие излегуваат од нас во вид на отпадоци: чирови, лепра, сè што излегува нанадвор. Обично исцелителите-лекари сфаќаат дека сè што излегува од телото на човекот е за негово добро и мора да излезе. Но повеќето лекари само ги лекуваат луѓето.

Реплика: Но тука се зборува за „коен“ а не за лекар.

Одговор: Коен е највисокиот лекар, највисокото ниво. Сите болести се појавуваат заради нарушувањето на животинските системи кои ние не можеме да ги задржиме во правилна рамнотежа. Затоа што рамнотежата претставува предуслов за здравје, долговечност, благосостојба на сите нивоа: моралното, материјалното, физичкото, етичкото, семејното, општественото, социјалното. Во универзумот постои само една сила и ние во однос на неа мора да фукционираме во рамнотежа на сите наши нивоа. Неживата, растителната и животинската природа се наоѓа во рамнотежа со неа но не и човечкото ниво. Излегувајќи од рамнотежа човекот го нарушува балансот на сите други делови од природата.

Тоа не се случува само заради тоа што тој е во физичка интеракција со нив туку и заради тоа што се наоѓа со нив во еден целосен интегрален систем. Затоа што дури и нашите мисли, чувства, нашите меѓусебни односи влијаат на екологијата во нашата околина. И излегува дека сакале ние или не, но секој од нас и сите ние заедно сме одговорни за целата природа. Воглавно сите заедно бидејќи несоодветноста меѓу нас предизвикува несоодветност меѓу човештвото и целокупната околна природа во која ние се наоѓаме како во обвивка, и најважно - несоодветност со силата која управува и со природата и со нас. Но со нас таа сила управува со одредена толеранција давајќи ни некоја слобода за ние во рамките на таа слобода да воспоставиме баланс со неа, да најдеме формула за рамнотежа во секоја наша состојба. Само на таков начин ние ќе ја урамнотежиме природата и сите нас во однос на неа. Во мера на достигнувањето на рамнотежата таа надворешна сила ќе почне да се чувствува во нас и меѓу нас и ние ќе се искачиме на следното ниво на развој наречено „Адам“, што значи сличен на единствената сила на природата наречена Создател.

Од ТВ емисијата „Тајните на вечната Книга“, 17.07.2014

Поправка на последното ниво

И говорел Бог, обраќајќи им се на Мојсеј и Арон вака: „Човекот на чија што кожа на телото му се појави оток или лишај или дамка и на нивното место се образува чир сличен на  чирот на лепра, тој човек мора да биде доведен кај Арон-коен или кај еден од неговите синови, коени. Коен ќе го прегледа чирот на кожата на телото и ако влакната на чирот станале бели и чирот се наоѓа подлабоко од кожата на телото – тогаш тоа е чир на лепра. Констатирајќи го тоа коен ќе го признае таквиот човек за нечист. (Тора, „Левит“, 13:1-13:3)

Коен е лекар бидејќи тој претставува ниво на Вишата Светлина, Светлината Хохма. Човекот мора да се доведе себеси до нивото „коен“, да се искачи до нивото на Светлината Хохма и тогаш ќе види дали во неговата егоистичка желба има такви погрешности, поточно нечистотии кои се наоѓаат на нивото на лепра. Сите нечистотии на егоизмот кои можат да се излечат се зрачат со Вишата Светлина и токму благодарение на нивната поправка човекот се искачува и оздравува. Затоа само на нивото „коен“ може да се определи со помош на Вишата Светлина дали е здрава неговата душа.

Кожата е најнадворешно, најтешко ниво на егоизмот. Познато е дека кожните болести речиси никогаш не можат да се излечат бидејќи преку кожата се одвива исфрлање на сите отпадоци на организмот. Организмот заради општата сила на самозаштитата и одржувањето на внатрешната хомеостаза се обидува да ги исфрли од себе сите отпадоци, да ја исфрли преку кожата сета нечистотија. Организмот на човекот се состои од мозок, коски, жили, месо и кожа. Кожата е посебен функционален орган на телото кој невозможно е да се поправи бидејќи преку неа излегуваат отпадоци од сите други повнатрешни состојби. А ние за сè ги окривуваме нервите. Да речеме некаде ми се појавило некакво црвенило а мене ми велат: „Тоа е заради вашите нерви“. Како едното има врска со другото? Заболена е кожата.

Прашање: Што претставува отокот, лишајот или дамката на чие место се создава чир?

Одговор: Тоа е пројавување на егоизмот или во насока на неговиот пораст или обратно во насока на неговото намалување, кога тој не се искористува себеси целосно во правилна насока. Со други зборови или е претерување или е недовршеност во нашите желби, т.е. отстуство на екран на повеќе или помалку. Тоа е многу сложен систем. Влакната – сеарот (од зборот „соер“, „немирен“) претставуваат олицетворение на незадоволството на човекот во однос на неговите егостички желби да го открие Создателот. Речено е дека „ако влакната на чирот станале бели и чирот се наоѓа подлабоко од кожата на телото, тогаш тоа е чир на лепра“. Односно егоистичките желби се толку големи што ги изгубиле сите нијанси: кон што точно тие треба да се стремат, што треба да поправат. Тие се спуштиле на ниво кога посакуваат сè само заради себе. Во нашиот свет кожата претставува заштитна обвивка на организмот. „Чир подлабоко од кожата на телото...“ значи дека на тоа ниво кожата веќе не може да биде заштита, надворешен панцер.

Од кабалистичка гледна точка кожата е најпоследниот авијут (длабочина на желбата). Но ако ние ја поправиме неа тогаш можеме да ги поправиме сите други симптоми. Некои лекари од алтернативната медицина најпрвин ја прегледуваат кожата на човекот. Тие чувствуваат како таа дише, каков мирис се шири од неа и т.н. Тоа е многу сериозна дијагностика.

Од ТВ емисијата „Тајните на вечната Книга“, 29.07.2014

Желби кои влечат кон духовното

А ако е бела дамката на кожата на неговото тело и таа не е подлабоко од кожата, и влакната на дамката не станале бели, тогаш коен ќе го изолира човекот со таква дамка на седум дена. (Тора, „Левит“, „Тазриа“, 13:04)

Влакната симболизираат излегување на вишоците кои организмот сака да ги изнесе надвор преку кожата. Преработувајќи ги внатре во себе сите егоистички нивоа тој ги поправа, расте и функционира. Сè што не може да функционира во организмот излегува од него на природен начин во вид на природни поправки. Во духовниот свет исто така постојат такви пројавувања по најпоследното егоистичко ниво, кожата. Излегувањето на тоа ниво се остварува во вид на супер желби кои на нивото на човекот се прикажани со влакнеста обвивка. Но кај нас влакнестата обвивка е многу помала отколку кај животните бидејќи човекот може во себе да преработи повеќе егоистички желби и да ги пренасочи во давање и љубов. Од друга страна ние немаме ниту милиметар на телото кој не би бил покриен со влакненца. И затоа сеарот (влакната) се олицетворение на иницирање во човекот на огромни желби кои мора да бидат насочени во правилна насока – кон поправка, но засега не се разјасниле на таков начин. Ако се тоа здрави желби тогаш тие небаре како каскада паѓаат од главата во вид на прамени, брада и т.н., правилно го обвиткуваат човекот. Со ова е поврзан поимот „отпадник“ („назир“) кој не ги стриже влакната.

Додека пак жените напротив со својата коса ги привлекуваат мажите бидејќи во духовното жената го привлекува мажот со своите желби за давање, за духовна љубов. На мажот пак такви желби му недостасуваат и жената го привлекува со тоа што тој може да ја земе нејзината желба, да ја наполни, поправи и на таков начин да се искачи. Тука можат да се видат многу интересни соодветности дури и во тоа како со текот на развојот на човештвото се менувале фризурите, се местела и покривала косата. Религиозната жена целосно ја покрива косата, т.е. не им ги дава своите желби на туѓи мажи. Се дозволува косата да се открие само пред сопругот.

Од ТВ емисијата „Тајните на вечната Книга“, 30.07.2014

Нема комуникација меѓу нас – нема мир

Ние сме навикнати сè да воспримаме преку разумот, рационални докази, објаснувања. Иако делумно засега се наоѓаат во скривање, но ако веќе ни се откриле некакви фрагменти меѓу кои остануваат нејаснотии, тогаш веќе може да склопиме некоја слика и со неа да живееме. Меѓутоа за широката публика не се потребни такви објаснувања, нејзиното воспримање е многу посензитивно. Треба само да се базираме на нашата целокупна историја. Исраел е народ оформен од Авраам и Мојсеј како посебна заедница на луѓе кои живеат како еден човек со едно срце според законите на љубов кон ближниот како кон себеси. Тоа е услов за постоење на народот на Израел. Но ако ние паѓаме од тоа ниво до беспричинска омраза тогаш доаѓаме до уништување на народот и се распрснуваме во прогонство. Сега ни е потребно повторно со помош на извршување на сите неопходни услови да го зацврстиме нашето единство и да станеме еден човек со едно срце. Тогаш ние ќе се наречеме народ на Израел на земјата на Израел.

Сè што се случува околу нас воопшто нема никакво значење. Тоа доаѓа само со цел да нè обврзе да го извршуваме овој услов. Сето тоа треба постепено да се донесе до народот емотивно, преку срцето. Всушност ние објаснуваме под кои услови можеме да го продолжиме нашето постоење. Сето тоа е апсолутно чудно, нелогично и ирационално. Народот на Израел е чудна појава во овој свет и тоа им е познато на сите. Но таа ирационална формација е потрајна и постабилна отколку сите други народи кои некогаш постоеле во историјата. Сето ова треба итно и сосема отворено да се разгласи, без какви било сопирачки. Народот е подготвен за тоа и секој ден неговата положба само ќе се влошува. Новата тенденција се состои во тоа што во денешно време основното управување се остварува преку широките народни маси. Главно оружје е светското мислење ширум светот кое ја обврзува секоја држава да дејствува во согласност со него а не понаку. Во таква форма Создателот управува со нас преку делови од човештвото. А силата на оружјето веќе ништо не одлучува, војната преминува на друго ниво: конфронтација на мислења. Всушност тоа е војна на медиумите. Сè се одредува од оној кој управува со медиумите и од кој вид се тие. На крајот ние мора да сфатиме дека ако нема комуникација меѓу луѓето, тогаш нема мир!

Од лекцијата по статијата од книгата „Шамати“, 17.07.2014

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica