Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

„Откриена кабала“ 2

                                                       

                                                  Сфаќење на реалноста

Здраво и добредојдовте пак на „Откриена кабала“. Јас сум Тони Козинек.
Во првата емисија, дадовме преглед на она за што се работи во кабалата и она за што не се работи. Ако се сеќавате за што беше кабалата, таа е за оној што си го поставува прашањето: „Која е смислата на мојот живот?" Ајде да видиме каде оттаму. Да почнеме со дефиниција на кабалата и да видиме што е таа дефиниција и каде ќе нè однесе.

Кабалата е мудрост, наука која му овозможува на човека да почувствува и спознае една повисока стварност. Така таа се осврнува на целта на животот, но се разбира, доведува до прашања како: Што е личност? Што е човек? Што е повисока стварност? Што е тоа што му овозможува на човек да почувствува, знае и влезе во повисока стварност?

Ако се сеќавате, веќе го видовме овој дијаграм на кој гледаме дека живееме, нашето постоење се одвива, во една целокупна стварност која не зависи од ништо, која е безгранична, во која сè е меѓусебно поврзано, која е полна со бескрајно задоволство, потполно знаење и допир со сè што постои во стварноста. Па сепак, кабалистите, оние кои го имаат сфатено целиот систем, ни велат дека заради одредена цел сме слегле од таквото постоење, во ова постоење, преку систем наречен „светови". Световите се нарекуваат Оламим, од хебрејскиот збор Олам, кој доаѓа од зборот Хе'елем, кој значи „крие, скриеност". Сме слегле од оваа целосна поврзаност со стварноста додека не сме стигнале до едно место, преодна точка наречена бариера, а нашето постоење се одвива многу ограничено овде, во местото наречено „нашиот свет". Нашиот свет е место кое нема никаков осет за било кој од тие светови – а сите тие се Духовни Светови – и тоа е она што се смета за физички или телесен свет.

Ако сакате да ја знаете целта на животот, смислата на вашиот живот, би било добро да знаете каков е планот. Се чини невозможно; тоа тукуречи е извор на шеги, некој да може да го одговори тоа прашање за смислата и целта на животот, но кабалистите почнуваат оттаму. Тие што ја сфатиле целата оваа стварност ни велат дека постои план – нацрт план – за целата стварност и за целото создание. Тие ни велат дека целта на животот е да се создаде суштество и тоа суштество да се исполни со безгранична радост. Тоа е целата смисла, цел, насока на сè што некогаш може да се случи и ќе се случи, и се случува само со таа цел.

Во таа мисла, со таа намера зад сето создание, сите правила за сè што ќе се случи биле поставени. Сите главни закони кои владеат со духовните и физичките светови го имаат својот корен во таа една мисла. Ништо што се случува во овој свет не се случува заради ниедна друга причина, освен да се создаде суштество и тоа да се исполни со безгранична радост.

Што е тоа што ја спречува личноста да влезе во Духовниот Свет? Што е тоа личност? Е па, мораме да сфатиме како начинот на кој ја перцепираме стварноста ни ја создаде таа скриеност.

Ова е личност, затворена кутија со пет отвори. Тие пет отвори се нашите пет сетила. Околу личноста е повисока стварност, целосна стварност, духовното, и од таа целосна стварност работите ни приоѓаат нам. Тоа е она што се чини дека е некаква надворешна стварност од нешто еднолично, приоѓа на личноста и преку петте сетила што ги поседуваме, ние одредуваме што е тоа нешто; со други зборови, од што се состои стварноста, според моите сетила.

Овој духовен предмет, приоѓа на кутијата, но нешто чудно тука се случува. Тој не влегува навистина во кутијата. Кутијата е затворен систем, бидејќи наместо овој предмет да влезе, тој удира во бариера – своевиден трансформатор, како ушното тапанче или рожницата или нерв – на површината на кожата или јазикот. Место да го фати однадвор, ова нешто се смалува и поминува низ една програма; тоа е ова тука (покажува на цртежот). Поминувајќи низ програмата, тоа се толкува и станува нешто што можеме да го сфатиме во согласност со одредени принципи во програмата. Штом помине низ тоа, ја напушта нашата кутија или оваа машина, и она што го произведува е нашата стварност.

Не е важно колку е чувствителен овој сензор. Да речеме дека е вашето око; може да биде како телескопот Хабл или пак можете да бидете сосема кратковиди, неспособни да видите нешто што е директно пред вас. Не е важен степенот на осетливост. Она што е важно е програмирањето, она то се случува во овој субјективен систем, во машината. Што и да влезе овде, може да биде само нешто што оваа програма вели дека е. Не она што е, туку редукција на нештото која програмот може да ја сфати.

Што е таа програма што го ограничува тоа? Ова е објективната стварност; а ова е ограничениот дел од неа кој ние можеме да го перцепираме. Оваа програма се вика „Егоизам". Тоа е грижа за себе – „Што има тука за мене?" „Како ова ќе влијае на мене?" Како резултат, јас... личноста е заклучена во еден субјективен поглед на сите тие работи, исклучиво во однос на тоа како се чувствува внатре во кутијата. Во ниеден момент не насетува што навистина постои надвор од кутијата.

Имаме проблем, бидејќи секое од нашите пет сетила работи точно по истата програма. Ниедно од нив не може да ни каже ништо за она што постои надвор од програмата.

За да дознаеме што нè опкружува, што е пошироката стварност, мораме да развиеме додатно сетило, она што кабалистите го викаат "шесто сетило". Не шестото сетило на гатачката што ви ја чита судбината, туку сетило кое навистина може да стапи во контакт со она што постои надвор; кое не е ограничено со таквото програмирање.


За да го направите тоа, морате да имате потреба од тоа. Не е возможно да се работи надвор, да се гради нешто надвор од кутијата се додека сме задоволни со „Што има тука за мене?"

Мислата на Созданието има вградени закони кои го носат човека до тоа целосно исполнување. Постои мотивирачка сила која ни овозможува да дојдеме до точката каде ни се јавува потребата да излеземе од кутијата. Ако сфаќаме што сме, т.е. волјата за примање – „Што има тука за мене?" – дека сме изградени како егоисти; но тоа е во ред, бидејќи тоа всушност и ни треба за да го постигнеме тоа исполнување, нема ништо лошо во тоа. Треба само да научиме како да го употребиме, како да го користиме, и како да ја искористиме силата на развојот која ни ја дала Мислата на Созданието.

Што е тоа што во стварноста ги движи работите? Што прави да се случуваат? Никој ништо не прави во овој свет – било да се работи за нешто внатрешно или за нешто духовно надвор од овој свет. Сè што се случува, се случува само како резултат на... ајде да видиме на што.


Вие си седите таму. Можеби се местите на столот; очите ви шетаат некаде, можеби сте земале нешто да се напиете. Секое движење кое сега го правите се случува само како резултат на една пресметка, дека ви станало неудобно каде што сте, дека во вас се развила потреба, се појавила, и сте се преместиле на нова положба или во нова ситуација за која верувате дека ќе ви донесе поголемо задоволство од онаа во која претходно сте биле.

Овој недостиг и исполнувањето со задоволство и силата на желбата е она што мотивира сè во стварноста; и тоа на крај ќе ја однесе личноста од телесниот свет, од нашите перцепции на физичкиот свет: ограничувањата кои ги доживуваме, и страдањето што оди заедно со тоа. На тој начин ќе ја однесе личноста, ако правилно се користи, над таа бариера и во Духовниот Свет.

Сите ние чувствуваме желби и чувстуваме како се менуваат, но не обрнуваме навистина внимание на овој систем кој е поставен во нас од страна на Природата, не внимаваме доволно за да сфатиме што тој прави за нас. Сите разбираме дека нашето прво сфаќање за тоа што е задоволство од типот на голо преживување.

Првата категорија, ги гледаме како задоволство и ни требаат: секс, храна и засолниште. Сите наши напори, нашата работа, она што го гледаме околу себе, сета цел на нашиот живот е поврзана со тоа да ги најдеме и добиеме овие работи, и таа желба ни е заедничка со животните. За тоа не ни требаат други луѓе, ова ни треба само за да преживееме.

Штом ќе ги исполниме тие потреби, сфаќаме дека животот значи многу повеќе од тоа и не можеме да бидеме веќе задоволни со тоа, и се јавува втора категорија на желби. Тоа е желбата за богатство. Богатството е насобирање на она од првата категорија, за никогаш веќе да не морам да се секирам за тоа, ќе можам да го контролирам. Штом ќе ја исполниме желбата за богатство, стигнуваме до чувството „ова ли е сè што постои?" и нешто друго се јавува во нас. Сега забележете дека ова не е само уште една желба која расте, туку поголема желба – таква што ја опфаќа и претходната.

Со други зборови, тука имаме помала желба и помало полнење. Тука, пак, имаме желба која пораснала и треба поголемо полнење; а оваа е опфатена во другата. Ако не може да ме исполни богатството, нова желба се јавува во мене, а тоа е желбата за моќ. Тоа не им се случува само на поединци во животот, туку му се има случувано и на човештвото како целина во текот на целата историја. Целиот тек на историјата е еволуција на тие желби. Моќта е способност да се контролира и ова и ова, сите системи кои ќе ми го донесат најголемиот збир на тоа. Ова е политичка моќ, ова е царство, ова е контрола на моето работно место. Штом го имам тоа, веќе не можам да се задоволам со него. Станувам празен. Чувствувам некаков недостиг, и во мене се става четврта желба – поголема, проширена желба за нешто што го опфаќа сето тоа, а тоа е знаењето.

Во една смисла, знаењето е бариера, на она што ние го дефинираме како физичкиот свет. Овие желби, еден, два, три и четири, сите имаат врска со она што го перцепираме како задоволство. Тоа е она со што се исполнуваме и што го сакаме – она што ќе нè задоволи. А знаењето, тоа е науката, тоа е религијата, уметноста, врвот на она за што сметаме дека човештвото би можело некогаш да достигне. Па сепак, секој кој сериозно ќе навлезе во оваа голема желба и ќе се обиде да ја исполни, на крај открива дека и таа е празна; дека во науката нема одговори за вистинските причини на нештата. Бидејќи нема одговор за тоа што е намената, целта; има само механички одговори. Одговорите имаат врска само со овие желби.

Религијата, иако ни дава верувања, не може да ни даде пристап до она што навистина го сакаме – директно знаење. Штом личноста ќе остане празна, како резултат на нивното исполнување, се случува нешто многу поинакво и многу посебно – нова желба се јавува – но оваа желба не е желба од овој свет. Тоа е желба сместена во нашето срце, која е збир на сите желби што ги имаме – и за овој свет и за тоа што е надвор од него.

Во нас влегува желба од едно сосема друго ниво на развој – од поголемата стварност. Она што ни се јавува во срцето е „точка во срцето" – така ја викаат кабалистите. Таа точка е дел од пошироката стварност. Таа има аспект на духовноста, што значи дека ако оваа желба се исполни, за разлика од другиве, таа постојано расте, додека не го исполни сиот наш живот, сето наше постоење, и може да не однесе во духовниот свет.

Значи, што е повисока стварност? Кабалистите кои ја сфатиле целокупната стварност ни велат дека таа има една посебна особина. Ни велат дека ние сме создадени во една сосема спротивна фаза од особината која постои во Вишите Светови и затоа не можеме да перцепираме што има таму. Се чини како таму да нема баш ништо. Знаеме, од цртежот, дека она од што се состоиме, од што се состои човекот или личноста или суштеството, е Егоизмот. Тоа е она што е во кутијата.

Она што е во кутијата се вика „волја за примање". Таа волја за примање нè тера да доживуваме ограничено постоење, страдање, изолација и сите оние работи што ни паѓаат тешко во животот. Она што постои надвор од тоа, е несубјективната состојба на егоизмот, објективната стварност за која кабалистите ни велат дека е „волја за давање". Волјата за давање е безусловен алтруизам. Со други зборови, таму надвор се доживува безгранично постоење, бескрајно задоволство и радост. Па сепак, не можеме тоа да го почуствуваме бидејќи немаме начин како да стигнеме таму. Или имаме?

Духовниот свет има една особина која по својот квалитет се разликува од физичкиот свет. Во физичкиот свет, движењето, она што не носи од едно место до друго е чисто механичко. Тоа значи, можам да земам два предмета сосема различни по облик, дури и по намена, и механички да ги доближам и да речам, „Овде имаме блискост!" Но во духовниот свет, нештата може да се смета дека се блиски само под сосема поинакви услови, бидејќи не постои време и не постои простор – нема ништо механичко таму. Кабалистите ни велат дека духовниот свет се состои само од состојби на чувства, сфери на влијание поврзани со одредени својства – внатрешни својства – и дека секакво движење во духовното се состои од сличност или различност помеѓу две состојби на чувства или две особини.

Со други зборови, ова можеме да го видиме во пријателството. Ако мој пријател наоѓа одредено уживање во комедија, а јас сум сериозна личност, тешко дека ќе бидеме многу блиски пријатели. Ако мразам комедија, ќе се сметаме за оддалечени. Но ако сакам комедија, и ги сакам истите комичари и истите филмови како мојот пријател, тогаш во поглед на љубовта кон комедијата, мојот пријател и јас сме блиски во тоа чувство.

Со други зборови, во духовното, ако две одлики, две чувства се слични, се смета дека се блиски; ако се различни, се сметаат за оддалечени. Но – ова е најубавото и најскапоцено нешто за нас, она што може навистина да не однесе од физичкото до духовното – а тоа е дека ако ја имаат сосема истата особина, намена и намера, тогаш тие се едно исто – тие се сврзани, поврзани. Тој закон, наречен „закон за еквивалентност на формата", може да нè однесе од нашата егоистична состојба, на одвоеност до способноста да развиеме додатно сетило со кое може да се почувствува што има надвор.

Она што треба да го направиме е во нас да создадеме слична фреквенција, слична особина, додатно сетило кое во себе ќе има одлика на давање. Иако сеуште не можеме да го согледаме во неговата едноставност, кабалистите ни велат дека во стварноста постојат само две работи – Создателот и суштеството.

Сè што перцепираме е само особината на Создателот и особините на суштествата. Создателот е Вишиот Свет а суштеството е долниот свет. Особината на Создателот е волјата за давање; особината на створеното суштество е волјата за примање. Тоа е сè што постои. Да се излезе од кутијата значи дека она што треба да го направиме е да се движиме во духовниот простор.

Да се движиме во духовен простор значи да се промени оваа особина, волјата за примање, или особината на творбата, и таа да се направи се послична и послична со особината на Создателот. Начинот на кој сета стварност е скриена од нас при слегувањето низ тие светови, е па, всушност, тие светови се само сочинети од разни размери на волјата за примање наспрема волјата за давање.

Можеме да се искачиме по целата скала по која сме слегле во овој свет едноставно со менување на нашата внатрешна особина на примање, егоизмот, желбата да примам за себе, така што се поголем и поголем ќе биде размерот на волјата за давање во однос на волјата за примање. Секоја од тие состојби, скалила на скалата, се сè поголеми размери на волјата за давање во однос на волјата за примање. Со тоа зголемување на сличноста, со тоа што ќе можеме да почувствуваме што всушност е таа одлика на давање, што значи да се љуби и поддржува се што постои, и да се гради таа сличност во себе – тоа е она за што зборува кабалата.

Тоа е метод со кој се станува свесен за давањето и се создава внатрешна сличност со таа особина. Тоа ќе продолжиме да го истражуваме понатаму додека ги разгледуваме клучевите на скриената мудрост. Дојдете ни пак.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica