19.12.2010
На нашиот пат нè придружуваат парадокси, затоа што треба да се обединат две спротивности. Треба да се навикнеме дека ако почнуваш нешто да дознаваш, тогаш внатре секогаш ќе пронајдеш две спротивни особини кои сепак се соединуваат. Некој вид на "поделба". Бидејќи ако ти работиш само со егоистичната желба тогаш се одлично се сложува: 1+1=2.
Но ако ја соединуваме желбата за насладување со намерата заради давање, бидејќи тие се спротивни - не можат да се соединат. Односно 1+1=3! Третиот – е Создателот! Кон таков парадокс треба да се навикнеме и да го воспримаме како природно нешто – за нас е тоа нормално. Ние го набљудуваме овој "парадокс" во човековото општество. Од една страна секој би сакал максимално да се оддели од другите, а од друга страна луѓето бараат контакт еден со друг.
Тоа се претворило во манија – имало случај, кога паднал целокупниот систем за мобилна комуникација, луѓето останале без мобилните телефони и почнале едноставно да полудуваат. Тогаш излегува, дека секој сака да биде сам, а од друга страна не може без врска со другите? Работата е во тоа дека да биде сам, човекот посакува за некое кратко време, никој да не му смета. Но притоа луѓето тежнеат да живеат заедно: во еден голем град, во една масовна култура. Тие тежнеат да се имитираат еден со друг, за да прават исто како и другите. Затоа едното не го исклучува другото.
На човекот му треба свој ќош каде што може да се скрие, како пчелата – секој во својата ќелија. Но откако ќе ја добие таа "независност" тој мора да почувствува дека се наоѓа меѓу сите.
Враќање на господарката на местото кое што ѝ припаѓа
Сè додека човекот не се развил и не бил подготвен за поправка, кабалата не смеела да биде откриена, бидејќи луѓето нема да ја сфатат и ќе ја извртат. Ние гледаме во што го претвориле, филозофијата и религиите, знаењето добиено од кабалата, искривувајќи го и превртувајќи го наопаку, наместо правилната употреба на оваа метода. Филозофијата се занимава со апстрактен материјал, а религиите со "квази – духовен" за задоволување на сопствениот интерес/желбата, и тоа е сосема спротивно на тоа за што зборува науката кабала –поправката на личниот егоизам.
Денес е веќе возможно да се открие науката кабала на светот затоа што и филозофијата и религиите и генерално целиот однос на човекот кон животот сосема се променил – така што тој веќе не е задоволен со својата форма на постоење и е принуден да бара нова форма и причина на своето постоење, нова цел. Но, без кабалата сето тоа останува без одговор.
Дојде време да се врати "господарката" да превладува над доминантната слугинка. Неправилната употреба на науката кабала "заради себе" во облик на филозофија или религија – се нарекува "слугинка која ја наследува својата господарка". Додека нејзината правилна употреба – "враќање на господарката на местото кое што и припаѓа".
Директно обраќајќи му се на човекот
Денес, човештвото има развиено цела забавна индустрија - со цел да се заборави за празнината на животот: разни светски првенства, сите видови натпревари – сè за да се збуни човекот и со нешто да му се исполни животот. Бидејќи егоизмот пораснал и бара наполнување.
Една од задачите на владата е да го залажува народот за да го смири и со нешто да го занимава – само да не поставува прашања. Бидејќи што ќе му одговори, ако тој почне да прашува за смислата на животот? – Владата нема одговор на тоа прашање, меѓутоа не сака граѓаните да излезат на улица во потрага за смислата на животот, губејќи ја верата и во овој живот и во владата. Затоа таа ги поддржува популарните "ѕвезди", масовната култура, медиумите, кои ни даваат секакви непотребни информации, само за да нè збунат и малку да нè потспуштат од нивото до кое веќе сме се развиле...
Бидејќи ако му дозволиш на човекот сега да дејствува согласно на неговата лична, а не согласно замаглената желба, тој ќе почне да поставува многу сериозни, возрасни прашања. Тој ќе види, дека нема ниту систем на воспитување на помладата генерација, ниту култура, ниту наполнување, ниту здраво општество – ништо! Ќе открие дека живее во општество каде што царува целосна анархија. И тогаш ќе праша: ова е влада, ова е светот, ова е тоа, како треба да се живее?!
И ќе почнат револуции и нереди. Затоа главната задача на владата е да го залажува народот – не е важно каде, во секоја земја: во Европа, Америка, во арапските земји. Затоа, кога желбата на човекот пораснува повеќе отколку тој може да прими од животот во овој свет, тогаш се пробудува науката кабала и му ја открива вистинската цел.
Но тогаш се појавува проблем како да се донесе тоа знаење до него, бидејќи не е можно да се постигне преку медиумите, популарните ѕвезди, научниците, образовниот систем, владата. Тие самите не знаат зошто, меѓутоа сите ќе бидат против! Се открива целосна конфронтација меѓу науката кабала и сите начини на живот измислени од нас во овој свет. Невозможно ќе биде да се потпреме на било кој канал – само директно да се обратиме до народот, за да дознае, дека во кабалата постојат одговори на неговите внатешни прашања. Сите други сакаат да го збунат со тие прашања и да ги спречат со секакви средства, но тој неизбежно ќе страда ако не најде одговор за нив. Затоа ние се обраќаме директно кон секој човек. Тука не ќе можеме да си најдеме други сојузници, вие допрва ќе видите како на сите ним не им е попат со нас.