Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

125 постигнувања на совршенството

20.01.2011

Ние постоиме во една единствена реалност создадена од Создателот, но таа ни се открива само толку, колку што сме соодветни на неа и колку што можеме да се поистоветиме со неа со своите особини. Самата пак реалност е постојана и непроменлива, и се нарекува Свет на Бесконечноста.

Но ние се наоѓаме во желбата за насладување, во особина спротивна на Светот на Бесконечноста – во намера за примање, наместо давање. Ние можеме да се поправиме, одново и одново правејќи последователни поправки, и така 125 пати. И секоја направена поправка формира во нас ново постигнување – така ние напредуваме.

Тоа постепено напредување е во согласност со законот за сличност на особините и тука не може да има никакви компромиси – бидејќи ние се наоѓаме во систем кој и самиот функционира како жив организам. Ако си соодветен на него – соодветно на тоа добиваш, ако не си соодветен – ќе добиеш согласно на твојата несоодветност. Секој пат ти си во заемно дејство со Природата – во степен на сличноста и моќта на тие особини со кои настапуваш во однос на неа.

Кога во нас ништо не би се менувало, ние цело време би се наоѓале во една те иста состојба. Но бидејќи во нас постојано се менуваат податоците, информациските гени ("решимот") кои постојано растат – ние стануваме сé повеќе спротивни на природата и сé повеќе се разликуваме од неа.

Токму тоа ние го чувствуваме како акумулација и откривање на секакви незадоволени желби и проблеми. Така ние ги чувствуваме тие сили кои сé посилно нè притискаат од страната на злото. Тие сили неизбежно ќе нè принудат да почнеме да напредуваме кон доброто, т.е. да бараме како да ја достигнеме сличноста со Природата.

Природата на скалилата на издигнувањето

На почетоткот на нашиот пат во текот на илјадниците години на развојот, сметано според времето на нашиот свет, ние напредуваме под влијанието на гените, решимот, кои се пробудуваат во нас и нè тераат да ги реализираме. Затоа што ние се наоѓаме во однос на Природата во состојба која се нарекува "овој свет" и треба да го поминеме скалилото на овој свет.

Секој пат во нас се пробудува нова голема желба за насладување – повисоко решимо кое е потребно да го реализираме трудејќи се колку што е можно повеќе да го наполниме.

Кога завршуваат сите информациски гени, решимо од тој дел на патот кој се нарекува "овој свет", ние почнуваме да ги чувствуваме гените-решимо од новиот тип. Првото ново решимо се нарекува "точка во срцето". И тогаш ние треба да почнеме да го реализираме тоа решимо врз основа на нови напори, новата сличност – не согласно со желбата за насладување од овој свет, туку согласно со желбата за давање која сега се пробудува пред нас.

Така ние напредуваме – не секогаш по своја воља, туку под притисок на гените-решимот кои се пробудуваат во нас.

Човекот не може да стори ништо освен тоа што го бара неговата душа, зошто во решимо е веќе вградена информација за сé. А ние сме – само желба која целосно се управува со помош на тие гени-решимот. Како компјутер наполнет со софтвер и податоци.

Но природата на скалилата во нас секогаш останува непроменета – нашата желба за насладување се дели на 125 порции – скалила, по кои ние се искачуваме. И додека не завршиме со поправката на претходната порција на желбата за насладување, целосно извршувајќи ги сите неопходни поправки на тоа скалило – невозможно е да преминеме на следното скалило.

Природата на скалилата – е непроменлив закон и никакви трикови нема да ни помогнат да го избегнеме и да се скриеме, или да направиме во него некои олеснувања. Сé зависи само од тоа како ние се трудиме да ги исполниме неговите услови.

Празнина каде што престојува Вишата мисла

Колку подлабоко, заедно со квантната физика продираме внатре во материјалот кој сам од себе претставува неживо, и таму нема ништо освен целосно детерминистички пристап и механичко откривање –наеднаш откриваме таму разум, чувство. И покрај тоа што ние самите ѝ ги даваме на материјата овие особини, ние таму откриваме мисла, замисла. Сфаќаме дека се сретнуваме со нечија мисла.

Истражувачите на вселената исто така тврдат дека чувствуваат, дека зад целата вселена, зад ѕвездите – стои некоја мисла. Во развиен човек се создава такво чувство.

На неодамнешната лекција во Москва јас раскажав дека ако се зголеми атомот, ние ќе откриеме празен простор меѓу неговото јадро и електроните. Јас веќе сум добил забелешки од својот познаник, физичар, кој побива дека во атомот можат да постојат празнини, зошто целиот простор таму е исполнет.

Денес ние знаеме дека електронот не е концентрирана честичка на едно место, туку некој матен облак кој го исполнува целиот простор на орбитата. Тоа како да не одговара на тоа што јас сум го претставил, но кој знае што ќе каже физиката после уште дваесет години?

Јасно е дека целата теорија ќе стане уште поапстрактна, зошто колку понатаму напредуваме, се уверуваме дека нашиот свет не се состои од тврди честички и не се подчинува на обичната механика, туку сé повеќе се доближува до духовната форма.

Кога реков дека во атомот постојата празнини, мислев на квалитетната празнина која постои внатре. Колку и да потврдуваат нашите истражувања дека целиот простор на атомот е исполнет, и дека еден електрон го исполнува целиот простор, истовремено ние откриваме празнина која сака со таа празнина нешто да ни каже. Токму тоа таму е скриената Мисла.

Исто и во состојбите меѓу скалилата, при преминот од едно скалило кон друго, ние доаѓаме во некои посебни неуспеси – празнини – паѓаме и се регенерираме. Затоа секое следно скалило – е апсолутно нова структура.

Слика со бели дамки

Прашање: Што е тоа решимо кое се отвора? Што конкретно таму се отвора?

Тоа е невозможно да се објасни затоа што "решимо" (информациски ген) – е целосна слика на иднината, која се пробудува внатре во мене. На крајот од целата таа низа на решимот постои моето последно решимо, кое претставува Свет на Бесконечноста. А сега се отвора една од состојбите кои ме водат по пат до тој Свет на Бесконечноста. И во него се веќе вградени сите податоци – освен мојот потребен напор и екранот.
Кога јас ги додавам своите напори и екранот, тогаш тоа решимо се реализира и се претвора во вистинската слика на реалноста.

Бидејќи во тој информациски ген недостига мојот напор и мојот анти-егоистичен екран, додека од друга страна тоа ја вклучува целата слика на реалноста со еден исклучок, се испоставува дека божем во тоа решимо се крие Создателот, Кој ја открива својата желба за мое учество. Тој како да ми ја покажува сликата на реалноста со празни, ослободени за мене интервали, во кои јас треба да Го исполнам Него со своето учество.

Јас не можам да го реализирам решимо наеднаш – за тоа ќе треба цела низа на дејства, понекогаш многубројни. На крај јас треба целосно да го откријам степенот на својата сличност и несоодветностите меѓу нас.
Затоа решимо има таква структура и се отвора на таков начин, не само што едноставно ме доведува до завршување на оваа слика – тоа треба да ми го даде тоа што ми недостига! Со тоа што јас ја исполнувам сликата - Го додавам кон точката која првично се открила во мене Целиот Создател. Затоа што наша цел на секое скалило е да се израмниме со Создателот.

Јас го реализирам решимо небаре работејќи и исполнувајќи нешто надвор од мене – а со тоа се кревам (се дополнувам) себеси до нивото на Создателот на даденото скалило каде што сега се наоѓам. Тоа е повеќеслоен процес кој на крај ме доведува до совршенство.

Работа на разликата на потенцијалите: љубовта и омразата

Прашање: Што значи да се реализираат информациските гени/решимот внатре во групата?

Не постои друга реализација на посебното решимо на секој човек освен исполнувањето на своето вклучување во групата до апсолутно совршена состојба. Така се реализира решимо. Не постои друго место и друга реализација - со сите желби кои ми се откриваат, особините и податоците јас треба да дојдам во групата и сé додека не ја видам неа совршена под овие услови, не се смета дека јас сум го реализирал тоа решимо. Во моментот кога ќе ги видам сите пријатели совршени – соединети, поврзани, во љубов (согласно на своето скалило) – значи дека јас сум завршил со обработка на даденото решимо, целосно сум го реализирал.

Тогаш мене наеднаш ми се отвора следното скалило – повторно омраза, отфрленост, завист, страст, амбиција. И повторно треба мојата новодадена состојба да ја доведам до совршенство. Само во таква форма јас можам да ги реализирам своите решимот и да ја достигнам совршената состојба, кога нема да има повеќе решимот кои ќе треба да ги поправам со љубов кон ближниот и да ги доведам кон соединување – вечно и совршено.

Се разбира, на секое повисоко скалило тебе те чека поголема омраза и отфрленост, такви пресметки од кои не можеш да се ослободиш. Те завлекува постојана струја на омразата и егоистичните пресметки во однос на другите и ти само размислуваш како да го измамиш другиот, да го поткрадеш и да се издигнеш над него. Размислуваш за тоа секој миг, ти пука главата од тоа. А ако сакаш тоа некако да го организираш, тогаш го кршиш и срцето.

Тогаш сфаќаш дека да се работи - може само во групата. Човекот го вовлекуваат во такви состојби за сите проблеми да бидат фокусирани токму на тоа. И така сé до Конечната Поправка (Гмар Тикун). Тие пресметки нема да те остават на мира, се чини дека тоа е некоја глупост која ти ја правиш и мислиш дека си завршил со неа – но веќе после еден миг повторно се отвора небаре истото! И уште, и уште еднаш – нема крај на тоа!

Останува само да бидеме стрпливи и да се враќаме кон истото сé до бесконечност...Додека конечно не се случи пробив.

Рабаш раскажувал дека лекарот му забранил да пие виски, но тој натопувал во него парче торта и така помалку ја јадел. Божемно јаде торта, но истовремено чашата со виски се празни...

Така и ние, не можеме да ја примиме Светлината Хохма – можеме само капка по капка да ја впиваме во својата желба. И за сметка на многубројните дејства да ја впиеме целосно.

Како работи компјутерот? Тој ништо не разбира освен "0" и "1" – а сето друго се случува за сметка на многубројните дејства. Така функционира целата Природа: квантната физика, хемијата и другите науки. Не постои ништо освен "плус" и "минус" и огромен број на дејства. Целата мудрост е во зголемувањето на дејствата. Секое дејство, без разлика со каква формула тоа се опишува, може да се претстави со "минус" и "плус", соединување и разделување.

Читајќи ТЕС. Златни дефиниции

Прашање: Што е тоа "зивуг"?

"Зивуг" – е соединување согласно со соодветност на формата, сличноста на особините. Тоа дејство не е засновано врз тоа кој бил секој од нас – туку колку сме станале слични еден на друг после поправките. Од почеток бевме апсолутно поделени и спротивни. Потоа извршивме поправки и зависно од степенот на тие поправки дојдовме до "зивуг" – единство, спојување.

Прашање: Што е тоа "парса"?

"Парса" – е преграда, која со моќта на Бина ги одделува примачките желби од давачките. Човекот, самиот треба да посака во него да се случи таква поделба. И тогаш тој ја привлекува моќта на Бина, давањето, силата на Создателот, за да го заштити и сочува , одделувајќи ги во него примањето и давањето. Тоа се нарекува "да се оддели денот од ноќта, светлината од мракот".

Плодовите на Дрвото на сознанието

Рабаш, "Даргот Сулам", статија 903, "Ту би-шват": Создателот сака, за човекот кој ја извршува заповедта која претставува плод, дрвото и плодот да бидат исти по вкус, то ест неговата намера да биде исто така "лишма" – поради давање.

Во нашата работа ние треба да поминеме неколку фази. Пред сé треба да се спуштиме на скалилото за кое е речено: "Јас го создадов почетното зло". Тука човекот почнува да се запознава со својата природа и гледа колку е лош, т.е. спротивен на доброто.

Доброто – е Светлина, особина на давање. Каде да ја видам таа особина на давање, за да се мерам во споредба со неа и да одредам во какво зло престојувам? Каде е тоа зло и каде е Создателот, кој го создал почетното зло?

Јас треба да го постигнам Создателот Кој го создал во мене почетното зло, а наспроти тоа треба да биде Тора како додаток. Затоа што не може да има мрак без светлина и светлина без мрак. Ние не постигнуваме ништо само од себе – туку само во споредба со спротивноста.

Само во степен на своите добри дела, човекот ја осознава скриената во него лошата природа. Само така ние можеме да го осознаеме злото. Така што грешниците за кои зборува Тора – тоа се посебни и големи луѓе. Скалилото на грешникот – е многу високо скалило.

Човекот работи да биде добар, трудејќи се да го надвладее злото во себе и да стигне до доброто. Тогаш тој го спознава злото, го открива гревот на Адам и влегува во процес на поправка. Така откривањето на злото претставува дел од овој процес.

Дури потоа, спознавајќи го злото, човекот почнува да проверува дали се еднакви "дрвото" и "плодот", дали се насочени во иста насока, кон давањето. Затоа што "плодовите" – се давање, а не самонаполнување.

Човекот се труди да биде над својот егоизам, дефинирајќи го како зло, над кое мора да се крене. Одново и одново тој открива дека сака и може да се насладува и одредува за себе дека тоа е "египетска казна". Тој е подговен на сé освен на самонасладување. Тогаш тој се искачува над сите можности за насладување и доаѓа до вистинските плодови – до давањето.

Насладување од давањето – тоа е плод на Дрвото на спознавањето. Тоа е верба над знаењето – верба која израсна на Дрвото на спознавањето. Само така човекот расте: кревајќи се над злото, над особината на примање која се открива во него, и која не сака да ја искористи во никој случај. И тогаш во него израснуваат плодови.

Токму тоа ја симболизира Ту би-шват, "Новата година на дрвјата". Зошто на дрвјата а не на плодовите? Затоа што човекот сé уште се здобива со особината на давање, а потоа ќе треба уште да научи да прима поради давање. Во духовниот пат ние секогаш откриваме во себе неправилни форми.

Како што пишува Баал ХаСулам во "Предговорот кон ТЕС" само тие чија мерка на трпението опстојала, имаат чест да влезат во царскиот дворец, во таа "градина" насред која стои Дрвото на спознанието.

Трпението – е упорност

Прашање: Постои ли граница над која трпението во духовниот пат почнува да штети?

"Трпение" – тоа не значи дека јас седам крај морето и чекам погодно време. Речено е: "Глупавиот седи со скрстени раце и се јаде себеси".
Не, "трпение" значи дека јас постојано нон-стоп се трудам да го достигнам единството. Секој пат откривам колку сум далеку од тоа – и ги продолжувам своите обиди. Повторно испаѓам, и повторно се враќам на патот, се качувам во планина, а мене ме туркаат, повторно и повторно.

Колку повисоко се искачувам, толку безмилосни стануваат "чуварите", но јас сепак не отстапувам. Се грижам само за упорноста: упорно спроведувам точна проверка на дејствата, упорно се држам до целта секоја секунда непопустлив во решеноста да ја достигнам. Во мојот живот не постои ништо освен тоа.

И како последица на мојата упорност кај мене секој пат се случуваат промени во осознавањето на злото и доброто, во осознавањето на тоа што е цел на создавањето. Секој пат јас се воодушевувам откривајќи во тоа нешто ново. Тоа што вчера ми се чинело давање, Создател и зло, денес добива нови, сосема поинакви форми. На тој начин упорноста постојано ги обновува моите внатрешни определби, мојата поврзаност.

Од утринската лекција 20.01.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica