Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

613 димензионален мозаик на заедничката душа

07.01.2011

Каде е нашата слобода? Јас не се родив по своја воља и не избирав ништо во својот живот: ниту семејството, ниту државата, ниту националноста. Јас сум создаден од гените на таткото и мајката, кои ги дефинираат апсолутно сите мои особини. Воспитан од околината во која се најдов: домот, детската градинка, училиштето, кои не сум ги избирал – во мене не постои ништо мое!

До времето кога станувам возрасен јас сум веќе целосно оформен и излегувам готов, како леб од фурна. Но, не е само тоа! Затоа што сите сме поврзани запчаници, како што нè учи кабалата, и претставуваме делови на една заедничка душа која потоа е искршена на парчиња. Како да направиле од нас "мозаик" – испечатиле една заедничка слика, а потоа ја исекле на ситни парчиња. И секој од нас има во неа свое строго одредено место, на кое одговара со сите свои параметри – особини – 613 желби со кои сме зависни еден од друг, од трет, за да се поврземе со нив.

Секој е зависен од сите во сé, за да овој мозаик биде целосен! И тоа не е само мозаик на обична површина, ние не се соединуваме со едноставни контури. Секој од нас има "613" страни преку кои секој е споен со сите. Замислете си таков 613 димензионален простор...
Но за каква слобода тогаш може да се зборува?! Ако јас сум само мало парче внатре во мозаикот, обврзан со сите параметри, апсолутно да им одговарам на сите. Затоа, кога се зборува за слободата – се разбира не станува збор за човекот сам за себе и за неговиот независен избор. Таа слобода – е една за сите, таа зависи од сите нас!

Ако човекот сепак може да стори некое движење, тоа мора да биде усогласено со движењето на сите други делови, со сите други души и со сите нивни особини. Ако јас се помрднувам во некоја насока – движењето мора да се случи во целокупниот систем. И сега треба да се открие: што се нарекува моја слобода на вољата?

Како да се пробие оклопот на егоизмот

Прашање: Некогаш кабалата се пренесувала по синџир од еден на друг, меѓу одбрани личности, посебни души. Но денешната состојба се променила, и кабалата треба да се прошири по целиот свет – како тоа да се направи?

Одговор: Во зависност од тоа како ние се оддалечуваме од првиот "човек"- Адам Ришон, кој прв го открил духовниот свет пред 5771 години, се јавува потреба за сé поголемо поедноставување на оваа наука, нејзино снижување заради доближување на луѓето. Зошто се случува таканаречен "пад на генерациите" кои стануваат сé повеќе "материјални" – т.е. нивната егоистична желба станува сé поголема?

Ние гледаме, дека од генерација во генерација егоизмот сé повеќе расте. Поради тоа во современите души има голем потенцијал кој овозможува подобро да се восприми, да се сфати и да се постигне, отколку во претходните души. Но од друга страна многу посложено е да се допре до нив – додека тие конечно воспримат и сфатат.

Затоа што денес во нас се содржи толку големо его, што нè облекува во оклоп на егоизмот со огромна дебелина (авијут). Затоа ние цело време се обидуваме сé повеќе да ја доближиме кабалата до луѓето. Колку што расте егоизмот – толку ние можеме да ја потспуштиме кабалата, за да на тоа ниво ја пренесеме на човекот. Во секој случај таа останува тајна за него.

Ние со тоа не му ја крадеме слободата на избор, тој сепак ќе мора да вложи напори. Зошто тогаш ако еден човек е оптоварен со желба за насладување со тежина од "100 кг", а другиот – од "500 кг" – му треба соодветна моќ на пренесување на оваа наука? Ќе биде потребен исто толкав напор за да се открие толку моќно скривање. Ние нема да му ја украдеме неговата слобода на вољата. Ние мораме да ја доведеме кабалата поблиску до човекот, во спротивно тој сé повеќе од неа ќе се оддалечува.

Нашето его сé повеќе нè оддалечува од тој поим: што е духовно, давање. Некогаш луѓето можеле тоа многу лесно да го воспримат – само за себе им било јасно дека тоа е токму така, поради структурата на нивната душа. Додека денес тоа му е сосема туѓо на човекот со неговиот егоизам. Тој не е способен да восприми ниту капка давање – дури ни со разумот, а да не зборуваме за чувството.

Затоа нашата работа се состои во приближувањето на кабалата до луѓето. Откривањето на науката кабала значи нејзина адаптација до такво ниво и состојби, за да може да продира во човекот слободно и лесно, да се чувствува од него колку што може поблиска. Бидејќи нашето его денес толку многу порасна, што луѓето се сосема глуви кон воспримање на духовното. И не е важно дека порано учеле само одбраните, криејќи се од сите, а денес се тоа милиони.
Пораснатиот егоизам ги изедначува сите услови. Денес можат да се купат книги за кабалата во секоја книжарница, да се дознае за неа од весниците и телевизијата – но луѓето сепак не слушаат...

Толку неостварлив поим – слобода

Прашање: Кога гледам на животот на човештвото, воопшто не гледам никаква слобода на вољата – некој ни поставил почетна и крајна состојба, а ние само трчаме од стартот до финишот. Во што е тогаш нашата слобода?

Одговор: Тоа е сосема точно. Ние не можеме да ги избираме ниту состојбите на суштеството: 1-2-3 (стартот – промената-финишот), ниту фазите на нашето напредување од 1-та состојба кон 3-та – бидејќи сето е веќе предодредено. Јас се родив со предодредени особини и морам да го остварам вградениот во мене програм – расипаниот.

Јас морам да ја достигнам Конечната Поправка (Гмар Тикун). Јасно е колку сум расипан и каков поправен треба да станам, и дури е насликан целиот мој пат до поправката, чекор по чекор. Ако станам свесен за овој пат, тогаш ќе сфатам колку е сé цврсто поврзано, како во моторот, во кој треба да се движи секој детал редоследно еден по друг .

"Тора" произлегува од зборот "упатство" (ораа), т.е. ти даваат јасни инструкции и нема никаков степен на слобода – освен една! Дали сакаш сето ова да го правиш по твоја воља, според твојот избор – или ќе те натераат. Сега решавај – дали самиот ќе одиш според твојата желба, или ќе те тепаат, сé додека не посакаш да одиш. Тој избор не се состои во тоа да ги избегнеш страдањата.

Кога избираш да напредуваш според твојата желба, ти одиш кон постигнувањето, кон развојот, ја дознаваш големината на духовното, откривајќи го како нешто бескрајно возвишено. Таа точка во тебе која одбира дека сака да го открие духовниот свет, искачувајќи се над твојата материјална, егоистична желба – токму таа се нарекува твое "ЈАС". Надвор од твојата моќ е да ја избегнеш оваа состојба, но ти самиот избираш како до неа да стигнеш.

Лет со балон кон слободата!

Прашање: Што е Светлината Хасадим и како да се создаде?

Одговор: Кога со помош на Опкружувачката Светлина, која враќа кон Изворот јас ја развивам својата точка во срцето – таа станува за мене услов за моето давање на Создателот. Јас добивам таква способност. Светлината Хасадим ме ослободува од мојот егоизам и јас се кревам над него! Како наеднаш да сум добил некој балон кој ме крева над земјата и јас можам да летам!

Светлината Хасадим е Светлина на Бина, Светлина на слободата. Јас се ослободувам од мојата егоистична желба – небаре излегувам од Египетското ропство и се ослободувам од власта на моето Его. Јас се кревам над него и тоа повеќе не ме притиска. Со мене веќе не владеат никакви егоистични особини кои ме тераа да крадам, да лажам и да грабам сé за себе – јас се одделувам од сите нив и станувам слободен! Небаре го гледам целиот свет и себеси одозгора, лебдејќи во воздухот.

Таква слобода ми дава Светлината Хасадим. Светлината Хасадим не се распространува во висина, туку во ширина – затоа што не зависи од нивоата на желбите. Тоа е како "широка душа" – повелете, јас сум подготвено да давам на сите, јас не зависам од мојата желба за насладување. Земете сé што имам, мене не ми е жал!

Јас сум споен со Создателот, јас сум во сојуз со Него и не чувствувам никакви ограничувања од мојот егоизам. Тој повеќе не владее со мене. Ако човекот излегува до тој степен од егоизмот, кревајќи се во Светлината Хасадим – тој се ослободува од ангелот на смртта, кревајќи се над неа.

Свет на авантури, во кој може да се влезе

При читањето на Книгата Зохар, главна е намерата. Бидејќи, читајќи ја оваа книга, ние ја привлекуваме најголемата Светлина, ако сме способни тоа да го направиме. Во сето напишано од кабалистите нема појака Светлина од таа во Книгата Зохар. Затоа таа се стекна со таков углед, популарност и истовремено во текот на целата историја била скриена и доживеала толку многу случувања.

Дури сега таа се открива, бидејќи тоа е извор на Светлината која враќа кон Изворот. Затоа нема значење што точно ние читаме во Книгата Зохар, зошто во секој случај не разбираме правилно ниту еден збор. Но ние сакаме да продреме во истата слика, да ја почувстуваме, а не да ја сфатиме; затоа што таа не може да се сфати во нашиот овоземен разум. Ние тежнееме да влеземе во неа, да ја откриеме.

Затоа што станува збор за кабалистите кои го откриле духовниот свет и ни раскажуваат за тоа што таму го откривале, како во авантуристички роман за истражувачите, кои откриваат нови земји и острови. Така кабалистите ни раскажуваат за случувањата во духовното. Тие опишуваат со помош на какви внатрешни инструменти го откриваат духовното, и истовремено раскажуваат за тоа што гледаат и чувствуваат.

Односно тие зборуваат за дејствата кои ги извршуваат и што откриваат како резултат на тие дејства. Ние гледаме, читаме, слушаме – и ништо не сфаќаме. Но, ние се поттикнуваме себеси да ги почувствуваме тие состојби, да живееме во нив.

Во детството читајќи ги книгите за интересни авантури ние ги доживувавме заедно со ликовите – но сето тоа било само во нашата имагинација. Но, тука ние практично влегуваме во духовниот свет и го чувствуваме уште посилно отколку што сега се воспримаме себеси во овој свет. Токму сегашното наше воспримање на овој свет е најискривено и заматено во споредба со сè друго.

Во духовното е најверојатна јасност, транспарентност, кои не можат да се замислат, најдлабоко разбирање на сите настани и сили зад нив, причини и последици, изворот на сите настани и поврзаноста меѓу сé што постои. Кон тоа треба да тежнееме, читајќи ја Книгата Зохар, да престанеме да бидеме "старци" и да се почувствуваме како мали деца занесени од книгата за возбудливи авантури.

Деца, бидете поедноставни со професорот.

Духовното воспитување многу побргу ја развива желбата за примање во децата. Егоизмот расте, воспоставувајќи ја рамнотежата во зависност од тоа колку ние ги обезбедуваме децата со средствата за давање, кои овозможуваат да се справиме со него.

Како последица, на возраст од 7-9 години кај детето се појавуваат такви стремежи и способности, какви нема да најдеш кај 30-40 –годишни возрасни. Нашето тело тука нема никаква улога, промените во него се незначителни. Човекот се проценува според напредокот и промените во душата.

Ќе видиме како егоистичната желба во децата расте согласно со степенот на поправката која може да ја обезбеди душата. Природата, Вишото раководство секогаш го запазува овој баланс.
Во "Учењето за Десетте Сефирот" (ТЕС), од деветиот дел и понатаму, се опишува созревање на душата: периодите на раѓањето, доењето и зрелоста. Детето ќе може да ги помине овие фази пред завршување на средното училиште.

Навистина, зошто на 13-годишна возраст да не стане "маж"? Со други зборови, да стекне масах и да почне со работа за надминување, примајќи поради давање, во зрела состојба (гадлут)? Тогаш до 20-годишна возраст тој ќе ја има власта над целата своја желба, а на 70 години ќе дојде до крајот на Поправката.

До некаде, токму тоа се случувало во времето на Храмовите. Децата стекнувале соодветно воспитување, и како што е речено, од Дан до Беер-Шева немало дете кое не ги знаело духовните закони. Тука сé зависи од опкружувањето.

Да речеме, кога ние би организирале комуна и би ги воспитувале во неа нашите деца, зар не би растеле тие од изучување на особините на примање и давање, учејќи да работат со нив? Па и денес нашите деца се исполнуваат со духовно воспитување без оглед на "вирусите" со кои ги заразува училиштето.

Техника на искачувањето

Ние поминуваме многу циклуси останувајќи само во егоистичната желба. Во неа ние живееме и се развиваме. Таа е наша реалност во овој свет. Всушност циркулира само "точката во срцето" на секој, а телата кои припаѓаат на животинското скалило само се раѓаат и умираат.

И така после многу циклуси, точката почнува да го манифестира своето дејство. Зошто материјалната желба заврши со развојот, нема повеќе со што да се занимава, таа се разочарала во обидите да се наполни и не гледа пред себе добра иднина.

Сето тоа и помага на точката во срцето која го доведува човекот до прашањето за смислата на животот, за повисоко постоење од материјалниот пат од раѓање до смрт. Така започнува процесот кој веќе се однесува на духовниот свет.

Во Природата постојат две сили: желба за примање и желба за давање. Духовниот свет – е свет на давањето, додека овој свет – е свет на примањето. Како тогаш да се открие светот на давањето? Како да се влезе во него?

Пред точката во моето срце застанува егоизмот, кој ја запира. Меѓутоа одозгора, од мрежата на сеопштата поврзаност, ме доведуваат до групата, учењето и учителот. Сега јас треба да работам со опкружувањето за да ја издигнам желбата за давање, над желбата за примање. Со тоа јас ќе се искачам на своето прво духовно скалило. Негова основа е – мојот егоизам, а самото тоа е - давање.

Такви се фазите на издигнувањето: мене ми го зголемуваат егоизмот, пред точката во срцето , и јас треба да верувам дека овие сили се еднакви и јас можам да го решам нивниот спор, кревајќи ја својата точка со помош на групата, подигнувајќи ја важноста на давањето - над важноста на примањето.Тоа се нарекува верба над знаењето.

А потоа сé се повторува: во мене повторно го додаваат егоизам, нему му се спротивставува точката во срцето, која исто така станала поголема. И јас се искачувам на скалилото број 2. Така ние се искачуваме чекор по чекор по скалилата на духовната скала.

Ослободување од "ангелот на смртта"

Кога нè "влечат за ракав", поканувајќи нè да го откриеме својот егоизам, - треба на тоа да се радуваме, зошто токму со тоа ние стекнуваме духовни скалила. Ако човекот се разочарал во овој свет, ако си поставува прашања за смислата и целта на неговото постоење, тогаш тие прашања доаѓаат од точката во срцето.

Тогаш пред него се открива можност да гради духовни скалила, нивоа на откривање на Создателот, сè додека тој не ја открие целата Светлина НАРАНХАЈ. Притоа секое, дури и најмалото скалило ќе му даде чувство на вечност, вон телесен живот, одвоен од телото.

Затоа е речено: "Светот свој ќе го видиш во животот". На овие скалила човекот чувствува дека се наоѓа над желбата за примање, а не внатре во неа, и затоа го чувствува својот живот поврзан со Создателот, чувствува дека стапил во вечноста.

Ете зошто Тора се нарекува средство за издигнување кон слободата од "ангелот на смртта". Ние се ослободуваме од желбата за насладување поради примање, која е "ангел на смртта", и тогаш доаѓаме до вистинскиот, вечен живот.

Кога точката се огласува

Прашање: Ако е создадена само желбата, тогаш што е намерата? Исто вид на желба?
Одговор: Не. Намерата ни доаѓа од Создателот. Секој човек има точка во срцето, "дел од Создателот одозгора", која е всушност намерата. Работата е во тоа дека ние настанавме од разбивањето.

Пред нас постоел систем на Бесконечноста (Ејн Соф), во кој целата желба и целата Светлина правеле една целина. Потоа ние поминавме преку системот на разбивање на келим. Што добивме од тоа?

Сега, кога ние се наоѓаме тука, во овој свет, имаме желба, а наместо Светлина – искри. Нашата желба е разбиена, таа дејствува само со егоистична намера поради примање. Во текот на историјата таа се развивала на неживо, растително и животинско ниво – од генерација во генерација, од циклус во циклус.

И ете, во еден од циклусите таа излегува во финална фаза. Тогаш во неа се манифестира точката во срцето, искра на Светлината, дел од Создателот одозгора. "А што e со мене?" – прашуваа таа, пробудувајќи се во човекот и тогаш во него се создава конфликт.

На животинското ниво нема внатрешни конфликти од таков вид, таму бевме развивани од природните импулси и стремежи. Ние сакавме колку што е можно повеќе да ги искористиме другите да бидеме успешни во сé. Сите луѓе, стари и млади, се трудат да извлечат од светот колку е можно повеќе. Тие постојат само во една желба – желбата за насладување.

Чувствувајќи, дека поради тоа вреди да се живее, тие не се прашуваат за нешто поголемо. Бидејќи прашањата израснуваат од внатре, од подготвена почва, а дотогаш сме – како животни.

Клучните проблеми ги разгледуваме низ призмата на својот разум и различните верувања. И сé така, додека човекот не се разочара во својата желба, додека не се манифестира неговата точка, што е одлика на нашата генерација. На тој начин точката во срцето – е почеток на душата. Токму од тука започнува човековиот развој.

Добра судбина

Прашање: На што се должи мојот избор доколку јас сум во средината?

Одговор: На опкружувањето, во кое те доведоа. Создателот, што се вели, "ја става раката на човекот врз добра судбина", а потоа ти самиот мораш да се зацврстиш во групата, да работиш со неа.

Ако сега седиш на часот, тоа сé уште не значи дека си нашол опкружување за себе. Сé уште не си нашол ништо од потребните средства: ниту учител, ниту група, ниту книги. Ти ги дале одозгора, но тоа сé уште не е одлучувачко.

Затоа е потребно да ги зграбиш добиените средства и правилно да ги искористиш. Секој момент треба да ги употребуваш и да проверуваш што уште и како може да се направи. Токму тоа е твојот избор.

Егоизмот постојано те турка настрана од тоа, те одвојува те од учителот, те од групата, те од книгите, те оттргнува со сомнежи и презир. Ако ги надминеш овие препреки, тогаш напредуваш. Ќе видиме дали си вистински маж. Бидејќи  "маж" на хебрејски (гевер גבר ) – значи "надминување" (итгабрут, התגברות ), кое овозможува да се издигне својата искра над сите пречки.

Алтернатива постои!

Прашање: Денес на часот се присутни многу почетници. Каков совет може да им се даде за промена на егоистичната намера во алтруистичка?

Одговор: Во нашиот свет ние постепено се доближуваме до моментот на вистината: немаме повеќе поради што да живееме. Со секој изминат ден светот открива дека неговиот живот е сосема празен. Вистина, ние не сме ни блиску до критичната точка, и луѓето сепак успеваат да се збунат, да ја кријат оваа вистина – зошто немаат никаква замена за сегашниот живот.

Ние треба да им покажеме дека постои алтернатива, дека ние поминуваме одреден процес кој е насочуван одозгора. Ние сме должни да го спроведеме. Ова е посебен, добар процес, извонреднен развој, кој нè воздигнува над живото во телото, кое од ден на ден се приближува до смртта. Ете што треба да им пренесуваме на новите ученици.

Ние треба да се кренеме кон друга перцепција на реалноста. Тоа не значи дека јас само "ја менувам сликата" која ја гледам од моето тело. Не, јас не го менувам надворешниот поглед, туку навистина излегувам во нова реалност, преминувам од еден свет во друг.

Јас во пракса го менувам својот однос, давајќи му нова насока од себе кон ближниот, или од себе кон Создателот. Зошто ближниот е помош, помошна врска, која ми помага да се насочам кон Создателот. Во принцип, јас можам да постојам во својата мала желба за примање, воспримајќи го во неа смртниот свет, или пак можам да излезам надвор и да го осетам вечното постоење, совршената Природа, каде што живеам без ограничувања во светот на Бесконечното.

Таква можност ни обезбедува науката кабала. Во минатите генерации, малкумина можеле да го остварат овој пресврт, овој премин од свет во свет. Но денес, секој кај кого се открива точката во срцето, т.е. духовна желба, може да проба да ја реализира.

Почнувајќи од нашето време па понатаму, целото човештво постепено, фаза по фаза ќе го извршува овој премин.


Обучуваме за тоа што е значајно за нас


Прашање: Велите, дека ако правилно ја растеме новата генерација, таа ќе премине во духовниот свет на природен начин, без да потонува во својот егоизам. Како ова се комбинира со тоа што човекот излегува кон Светлината од мракот, откривајќи го злото во себе?

Одговор: Ние се наоѓаме во огромен систем на души, создаден од Создателот. Сега наместо тоа ни се причинува телесно постоење и прекината поврзаност. Причината се состои само во едно – нашата оскудна, погрешна перцепција. И затоа е потребно да дознаеме, да научиме како да преминеме кон правилната перцепција.

Кога би дошле кај кабалистите на млада возраст, тогаш би добиле од нив воспитување кое треба да го добиваат децата. Да се воспитува – значи да се придружува детето во толкава мера, како што во него растат желбите и избувнуваат стремежите, предизвикани со промената на решимот со природниот тек на развојот, и да се обезбедува со средства за да може да се справува со нив. Правилно да ги подредува, да исткае од нив правилен однос кон светот.

Денес ние ги учиме нашите деца како да го експлоатираат светот, егоистично да се насладуваат со него, користејќи сé и сешто. Наместо тоа ние треба да го научиме детето на алтруистичен љубезен однос кон светот, на љубов. Со тоа детето од нас ќе добие само друга метода на воспитување, и ништо повеќе.

"Како тогаш ќе се манифестира неговото почетно зло?" – прашуваш ти. Почетното зло не исчезнало, тоа продолжува да расте, но ние, соодветно на тоа, ги обезбедуваме децата со средства за негова поправка. Зошто тогаш да ги обучувам возрасните, кои исто преминуваат од животинското на човечкото скалило, ако можам да се зафатам со децата? Бидејќи тие денес се раѓаат со неизбежни прашања за животот.

Не чекајќи ги да пораснат и обраснат со "животински" желби, јас можам веднаш да ги научам да бидат луѓе. На еден или на друг начин, родителите се обврзани да му обезбедат воспитување на своето дете. И ако веќе ги ставам пред себе како цел давањето и љубовта кон ближниот, зар ќе го научам својот син на нешто друго? Се разбира ќе го учам на тоа што е за мене значајно.

Наша должност е да ги обезбедиме децата со метод, кој ќе ги доведе до човечкото скалило. Ние многу добро гледаме што се случува во државниот образовен систем. Затоа, се разбира, ние мораме да направиме сé што е во наша моќ за да нашите деца добијат духовно воспитување.

Комплетна утринска лекција од 07.01.2011  на Каб.тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica