28.08.2011
Баал ХаСулам, весник "Народ": Јасно е дека својството на егоизам кое се наоѓа во секое битие е услов кој неминовно потекнува од самиот факт на неговото постоење. Без него воопшто би немало одделен, самостојно постоечки објект. Сепак, ова воопшто не противречи на својството на алтруизам во човекот, туку само се појавува потреба помеѓу нив да се подигнат цврсти граници. Законот на егоизмот треба да ја одржи својата активност само колку што се однесува на обезбедување на минималните потреби, а од остатокот да му се даде право да се откаже во корист на ближниот.
Всушност, обезбедувањето на минималните потребни не е егоизам. Затоа што човекот ја чува животната потреба за да врши давање на ближниот од останатото. Со друго зборови, од алтруистичката желба тој се посветува себеси за неопходното обезбедување на желбата за примање.
Се разбира, секој што постапува на сличен начин треба да се смета за исклучителен алтруист. Ако пак некој постапува и минимално за доброто на ближниот, подложувајќи го со тоа во опасност сопственото постоење, тоа веќе е сосема неприродно. Такво нешто може да се изврши само еднаш во животот.
Тора многу јасно зборува за тоа. На пример, ако двајца се наоѓаат во пустина и еден од нив има вода која е доволна само за него, тој треба да ја испие и да не му дава на другиот. Не треба да ја подели со другиот, за да умре заедно со него. Таков е законот, овде нема место за чувства.
Желбата за примање треба да се чува и само над неа го градиме давањето. Во основата лежи потребата – она што треба да го примам, не потпаѓајќи во „праведност" напразно. Над тоа лежат сите нивоа на духовниот развој – од апсолутна омраза во апсолутна љубов кон него. Ние ја развиваме својата желба за примање според нејзината големина – колку таа е поголема, толку повеќе ние даваме, при што овде сè се цени исклучително во однос на ближниот – тоа е нашиот сад. А исполнувањето е екран и одразена Светлина или едноставно Светлина, Создател, својство за давање. Затоа и при надворешното давање не е важно дали тоа е ближниот или е Создателот.
Внатре, пак, давањето се одвива само онаму каде што треба да се исполнам себеси, за да го одржувам сопственото постоење. Долу треба да примам, а горе да давам. Долу јас сум „животно" и не треба да се срамам од овој термин, а горе сум „човек" – адам, сличен (доме) на Создателот. Така се изградуваме себеси, многу едноставно и јасно, без непотребни сомнежи и збрки.
Од овде е јасно дека народната љубов е основа на секој народ, исто како што основа на секое самостојно постоечко битие е егоизмот, без кој тоа не би можело да опстане во светот. Значи и народната љубов, која е својствена на индивидуи, е основа за самостојноста на народот, чие што постоење или уништување зависи само од неа.
Оттука може да се сфатат принципите на односите на човекот кон себеси и опкружувањето, народите кон себе, кон соседите и кон целиот свет, а исто така и човештвото кон себе и кон Создателот. Овде постојат јасни и непрекршливи закони: ако некој сака да ме убие мене – јас треба да го убијам него. Ако имам прехранбени производи кои се доволни само за мене, јас не треба да давам на друг, за да се одржам во живот и да продолжам со давање.
Алтруизмот започнува повисоко од секојдневните потреби. За да го достигнам светот со другите народи, јас, пред сè, треба да го осигурам своето постоење, само тогаш ќе бидам подготвен за светот. Најпрвин треба да бидам сигурен дека ми е обезбеден животот, здравјето и сè што е потребно, а потоа сè останато. Не треба со затворени очи да се фрламе во неоправдани авантури.
Осигурај си го својот живот, а потоа искажувај љубов, пак според јасни закони: почнувајќи од најблиската околина, постепено ширејќи го тој круг. Треба да се дејствува согласно својот егоизам. „Блиските" се најчистите желби кои е најлесно да се поправат на правата етапа. Распоредот е ваков: човекот се грижи за себе, за семејството, за својот град, за својата земја и на крај, за целиот свет.
Државата изумира
За да се обезбедат животните потреби и надеж во иднината на народот, треба да му се направи внатрешно поправање – заемна гаранција. Без неа нема да работи државниот систем, без неа нема да има ни леб насушен, ни безбедност. Денес на државата и е потребна врска, заснована на гаранција. Државната машина, народот, владата, сите гранки на власта и управата треба да почнат да се поврзуваат едни со други според програмата на заемната гаранција. Инаку државата нема да се одржи.
Во скоро време ќе видиме како државите ќе почнат да се „растураат", „да бегаат од раце". Лидерите ќе се обидуваат да направат нешто, но ништо нема да помогне. Ќе остане само меѓусебната поврзаност на луѓето кои припаѓаат кон една култура, затоа што за народите е карактеристична природната заедница. Но, државата нема да се одржи во своите рамки бидејќи таа претставува нешто вештачко.
Тој сурогатен формат со неговите граници и врски ќе престане да функционира, отстапувајќи пред глобалниот интегрален модел кој се појавува денес и во кој стапуваме. Системите ќе станат неефективни – наредбите ќе останат само на хартија, она што е започнато ќе остане нереализирано. Луѓето зачудени нема да сфаќаат што се случува, а всушност нам ни се открива мрежа на нови меѓусебни врски, спротивна на досегашната.
Затоа, ако сакаме да го обезбедиме она што ни е најнеопходно, треба да започнеме од меѓусебните односи – од лесните кон потешките. Пред сè, да започне сплотување на народот околу идеите за единство. Остави ја владата, остави ги структурите на власта, остави ја политиката, важен е народот.
Така се издигаме...
Прашање: Како се издигаме нагоре?
Ако во малата состојба (катнут) малиот се фаќа и цврсто се држи за големиот, кој се спуштил кон него за помош и се наоѓа до него, тогаш почнувајќи да се издига, големиот го крева и него заедно со себе. Малиот треба само сè поцврсто и поцврсто да се држи за него.
Бидејќи издигнувањето на големиот на своето место значи дека тој цело време извршува давање, враќајќи се кон својата состојба, а помалиот цело време треба да се дава напори. Тој не може да дава, нема такви својства – сè што може е да се држи за големиот, сè поцврсто и поцврсто. Исто како да си се фатил за крајот на јажето и тоа наеднаш почнало да се крева нагоре, те оттргнало од земјата и се крева сè повисоко и повисоко. И колку повеќе се оддалечуваш од земјата, толку повеќе се плашиш и сè посилно се држиш за јажето. Тоа означува сè посилното држење за повисокиот, тоа е работата на понискиот.
Повисокиот извршува свои дејствија за давање, а понискиот не може да дава, тој само се поништува себеси. Разликата е помеѓу нивоата, ако сум бил на едно и сум се издигнал на друго, во длабочината на желбата поправена од екран (на пример, сум имал авијут алеф, а сум се издигнал и сум добил авијут бет), па затоа потребно е уште повеќе да се поништам себеси. Повисокиот си дополнува длабочина во желбата и се издига.
Подемот не е движење во просторот, туку дополнување на длабочина на желбата и екранот. Така се издига повисокиот, а понискиот, според ова, треба да се поништи себеси.
Но, во однос на што тој се поништува себе? Повисокиот, дополнувајќи ја желбата и екранот, постигнува поголемо давање. А понискиот го гледа тоа давање и му станува лошо! Тој не го сака давањето, не може и не знае што да прави. Затоа, тој треба уште посилно да се фати за повисокиот, за да може тој да му помогне во поништувањето на неговото его, на неговата егоистичка желба, во однос на давањето кое тој го гледа пред себе, за да не се плаши од тоа. Тоа се нарекува спремност за истрајност – ниво на увереност. Јас се држам за високиот, целосно доверувајќи му се. Го молам само да ми даде сила да го издржам тоа големо давање, затоа што не можам сам.
Така се издигаме: Галгалта ве-Ејнаим од пониското се испреплетуваат со АХАП повисокиот и се издигаат до неговото ниво. Таму понискиот добива Светлина Нефеш од нивото на повисокиот, односно почнува да живее на ова ново ниво. Бебето се храни со млекото од мајката, а и мачето се храни со млекото од својата мајка. Секое од нив има исполнување, според своето ниво.
Бебето само што се родило и го добива своето, а и мачето само што се родило го добива своето. Бебето добива само Светлина Нефеш, затоа што се поништува себе, но веќе на повисоко ниво, на ниво на човекот, а не на мачка! Сега може во него да расте и израснува во човек.
Човек кој се држи за самиот себе
Целиот овој универзум всушност е поставен многу едноставно. Ние сè уште не сме се ставиле себеси во ред, во тоа се состои нашата работа. Кога гледаме сè што се случува со нас, секој настан го поврзуваме со некаква причина, обвинувајќи за тоа разни сили на природата или луѓето, животните, растенијата. Кога пак, започнуваме да бараме одговор на прашањето што е смислата на нашиот живот, односно причината за него, ги бараме изворот и вистинската причина – една и единствена, затоа што ако причината е вистинска, не може да има неколку.
Инаку, ќе треба да се одлучи која од нив е повеќе важна, а која помалку. Би се добила некоја грчка митологија со многу сили и богови. Затоа, кога почнуваме да работиме на барањето на Вишата Сила и причината за сè што се случува со нас, ние бараме само една сила. Така веднаш нè советуваат кабалистите, за да не залутаме.
Секаде треба да се гледа дејствието на една сила, иако таа ќе се појави како многу сили. И најважно, да се разбере дека таа не се дели на два дела: „добра" и „лоша", спротивни една на друга, туку дека е единствена.
Таа единствена сила дејствува апсолутно на сите, до таков степен што и мене самиот ме нема! Јас треба да си го претставувам своето „Јас", кое постои во мене, во секакви случаи и во секакви видови, како една сила која стои пред мене. Со тоа ќе го градам своето „Јас". А до тогаш, како да не постојам. Колку што ќе почнам да ја прикажувам силата за давање, љубовта, едната причина, дека „Нема никој освен Него" пред себе, толку и ќе се оформувам.
Човекот е составен од „613" желби во кои тој чувствува разни состојби и секогаш треба да претставува дека во секој случај и во секоја желба нема никој освен Него, Добриот и Кој прави добро. Тоа ќе ми помогне да изградам правилен однос кон Создателот и да сфатам дека „има само еден суд и еден судија". Иако од почеток сме создадени со многу желби и пресметки кои кружат околу нас, но всушност благодарение на својата работа, обидувајќи се да ги концентрира сите свои чувства и мисли на една сила, човекот се оформува, се гради себеси и така станува човек.
Од утринската лекција - 28.09.2011