Баал ХаСулам, „Вовед во книгата Зохар,” Точка 33... секое задоволство на нашиот Создател, од давање на Неговите суштества на Него, зависи од степенот до кој суштествата Го чувствуваат Него - бидејќи Тој е Давателот, и дека Тој единствено им дава задоволства на нив. За потоа Тој да почувствува големо задоволство во нив, како татко што игра со неговиот сакан син, до таа мера што синот ја препознава и ја чувствува големината и возвишеноста на неговиот татко, и неговиот татко му ги покажува сите богатства што тој ги има спремено за него...“
„Играње” означува дека јас ја чувствувам желбата на Создателот, Неговото однесување, Неговата потреба да нè создаде поради Неговата желба да им прави добро на Неговите создадени суштества. Јас ја чувствувам непрестаната љубов која што истекува од Неговото ниво. Тој нас нè создал со цел за да ни дозволи да ја почувствуваме Неговата љубов, и ние може да уживаме во таа љубов единствено ако ја разбираме, до мера во која што ние ќе ја почитуваме. Ние сме заедно во оваа заеничка љубов како двајца заљубени, како татко и син. Тие играат заено, но синот совршено го разбира и го почитува неговиот татко. Тие се вклучени еден во друг, во нивните желби, и секој може фа го дополни другиот. Тие во суштина се спротивни еден на друг, но благодарејќи на поправката, тие се соединети и имаат бескрајни можности да се развиваат. Оваа внатрешна спротиставеност не е пречка, туку можност повеќе да ја откријат бесконечната љубов над поделбата.
Прашање: Зошто толку зборуваме за злото, а толку малку за доброто?
Одговор: Како прво, вие, еден со друг, треба да зборувате за доброто, за целта на создавањето, за работењето и групата. Второ, ние ги изучуваме и испитуваме нашите садови, нашите желби, и тоа не е повеќе или помалку, туку недостаток на желби. Нашето изучување и зголемувањето на молбата за поправка потекнуваат од недостатокот на исполнувањето во желбите. Ние изучуваме како да ја постигнеме правата желба и да ја зголемиме неа, сè со цел да ги воспримиме силите, Масахин (екраните), и Светлината што поправа како одговор. Единствено тогаш ние го достигнуваме исполнувањето и конечно сме наградени со задоволства како резултат на сплотувањето, единството, и еднаквоста на својствата со Создателот. Па така, сета наша работа се работи под притисок, но ако ја проценуваш, ако го цениш овој напор, ако запаметиш дека ти работиш со цел за да Му служиш на Создателот, ако твојата верба е доволно силна, што значи силите на Бина, силите на давање -тогаш, дури и ако се работи за совладување на непријатни состојби, ти сепак чувствуваш задоволство. На крајот, ти ја имаш другата сила, силата на Бина која што те подигнува над Малкут. Иако не се чувствуваш удобно во Малкут, сепак во Бина ти го добиваш чувството на воздигнување. Тешко е да се изрази овa двојство со зборови, но тоа е нашата работа. Правиме напори, и потоа прашање е дали уживаме или не. Тоа се однесува на оној за кого ние ги правиме овие напори. Во секој случај нема многу зборови за возбудувањето и задоволствата што некој ги чувствува за оваа работа. Самата работа, е поголемиот дел од приказната. Лично јас, уживам во повеќето состојби низ кои минувам. Понекогаш, си фрлен во непријатно чувство, а понекогаш во рамнодушност. Сè може да се случи, но ти треба да се обидеш да се задржиш до подигнувањето и да уживаш во секоја состојба. После сè, ако Создателот те управува, ако ти си постојано во Неговите раце, дури и кога Тој ќе те одсече и исфрли надвор, на крајот, нема да почувствуваш ниту момент без задоволство.
Да се навратам на играњето на таткото со неговиот син: Ние всушност го чувствуваме тоа во состојба во која не примаме ништо. Тоа е во спротивност со нашата претстава на гледање. Нема ништо во твоите садови. Светлината на НаРаНХаЈ не е во исполнувањето дека ти примаш од некого, туку твојот однос кон Создателот кој што е изграден на врвот од празнотијата во тебе. Токму овој однос ти открива Светлина што е „во воздухот“ во самиот однос. Тоа што доаѓа до тебе е Светлината на давање и љубовта што излегува од тебе. Ние велиме дека изобилството на Светлина пристигнува од Создателот и е откриена во сите светови, но, всушност, не значи дека ти си егоистично исполнет со задоволство. Но не така, туку е поради тоа што се случува над првото ограничување, во прилог на „да даваш со цел да даваш” и потоа, во „да примиш со цел да дадеш.” Ова е во целосно различно од нашите сегашни погледи, и ова е невозможно да се објасни. Ова е причината поради која не можеме да го објасниме задоволството што го искусуваме кон другите кога си играме со Создателот. Сето тоа е резултат на себе-поништувањето и посветеноста, над Махсомот (пречката), надвор од себе, во твоите стремежи нанадвор, над маките на љубовта.
Од 4-от дел на утринските лекции, 10.04.2013,според „Вовед во книгата Зохар”, на Каб.Тв
Човечко суштество е она, што е внатре во него
Прашање: Во секого постојат неколку степени на желби. Како да ги сортираме?
Одговор: Општо говорејќи, ние ги мериме работите спрема Светлината која што влегува во садовите откако ќе го надминеме сопственото его. На крајот на краиштата, јас не сакам да бидам воопше во допир со останатите. Јас дури не сакам да ги видам, но се надминувам себеси и примам, „ги купувам“ желбите на останатите, исто како што Вишиот тоа го прави со пониските, со цел да извлече МаН над нив (молба за поправка) и да прими МаД (одговор на тоа барање) и да им го предаде на нив. Со што јас се развивам? Со играње на улогата на Вишото за останатите.
Прашање: Како тоа се случува? Во нашиот свет кравата не станува човечко суштество и лисјата не растат на камења...
Одговор: Замислете нечиј живот: Тој го завршил средното образование и заминува на факултет, станува инжењер, и потоа научник, и конечно ги добива сите заслуги од средината. Ако погледаме во неговото тело, се случува спротивното, бидејки тој се истоштува со време. Некогаш тој имал многу коса а сега е ќелав; некогаш тој бил силен и здрав, а сега е болен. Ние не можеме да видиме што е тоа што му è дадено на човечки план, бидејки тој тоа го примил од останатите. Во нашиот свет, не е можно тоа да се види, тука ние сме сите исти во нашиот физички облик, и човечкото суштество во нас е нашето внатрешно ниво. Со цел да се кренеш до него ти мораш да се поврзеш со останатите, со пријателите, против твојата волја, во отпорот. Со цел тоа да го сторам, јас морам да се кренам над моето его и да започнам да дејствувам за доброто на другите. Тогаш јас започнувам да го чувствувам другиот и ќе можам да ги примам неговите желби. На тој начин ние ја остваруваме поврзаноста на вишите и пониските, и тогаш јас можам да се развијам и нему да му ја пренесам Светлината, исполнетоста.
Од 4-от дел на утринската лекција, 10.4.2013, според „Вовед во книгата Зохар”, на Каб.Тв
Две, а една спротив друга
Баал ХаСулам, Талмуд Есер Сефирот, прв дел, „Хистаклут Пнимит,” Точка 12: Сега можете да видете како Ор Ајн Соф замина од Неговиот Ацмуто, во кој ние не можеме да изговориме ниту еден збор, и да биде именувано под името Ор Ајн Соф. Тоа е поради горенаведеното расудување, дека во таа Ор се содржи желбата да се прима. Таа била вклучена од Неговата суштина, Ацмуто.
Светлината е „нешто од ништо.“ Желбата да се прими била создадена во оваа Светлина. Желбата што постепено е исполнета со Светлина започнува да ја чувствува Светлината, и таа е под нејзин влјание. Иако Светлината е онаа која што е прва и го започна целиот процес, и е таа што дава, ние сепак говориме за желба што се развива и за тоа како се менува под влијание на Светлината. Од време на време, повторно Светлината ја исполнува во различни облици, и во целина, сето ова е за тоа како Светлината се разоткрива во желбата. Тие двете се вградени во сите состојби низ кои минуваат. На крајот, сè што е од создавањето, сето од стварноста, сè за што дури и можеме да говориме; е само во поврзаноста помеѓу нив, Не постои ништо друго освен овие два елемента. Ова значи дека не треба ништо да нè збунува. Секогаш треба да ја земеме во предвид едностатвната формација: Светлината и желбата. Светлината постојано работи на желбата со цел да и дава, и желбата се развива постепено минувајќи низ различни фази. Нема уназадувања и скокови на овој пат, единствено низа од состојби кои се создадени внатре во желбата од непрестаното влијание на Светлината, кое што е добро и добронамерно. Како резултат на тоа, желбата се развива кон сè поголемо полнење, и мора да почувствува и да оди низ различни фази, така што ќе го открие Оној што дава. Чекорите од овој процес се наречени степени, светови, Сефирот и Парцуфим, и тие се однесуваат на општиот развој на желбата од страна на Светлината. На самиот крај желбата започнува да се чувствува самата себе. Таа чувствува кој ја исполнува, кој се грижи за неа, и како може да одговори на тоа. Овој процес е неизбежен.
Желбата не може да оддлучи како ќе се развие точно и во кој ред, но на одредена точка таа може да оддлучи како да одговори на овој процес на развивање; како да восприми различен начин од своето развивање со љубов, која што таа го чувствува како пријатно, а подоцна како ужасно; ја надминува својата природа првично создадена од Светлината, на првата точка од нејзиното постоење, и ја достигнува спротивната точка. Наместо да биде желба, тоа е како таа целосно да станува Светлина, побарувајќи од Светлината силина на нејзиното давање. Па така, и двете се спротивни една на друга, и Светлината непрестано ја развива желбата. Подоцна, на оддредена точка, желбата може да го одлучи сама својот однос со Светлината. Целиот процес е задолжителен, но желбата може да го смени својот однос кон тоа што се случува, кон силата што работи внатре во неа.
Од 3-от дел на утринската лекција, 12.04.2013, според ТЕС, „Изучувањето на десетте Сефирот“, на Каб.тв
Единствената работа на духовниот адаптер
Во духовноста човечкото суштество е делот што координира помеѓу Создателот и создадените суштества. Тој исто така е наречен „Израел,” што значи „Право кон Создателот“ (Јашар -Ел). Се вели: „Ти си наречен Адам (човек) а не народите на светот.” После сè, Масах (екранот) кој што јас го обезбедив за целото човештво е вистинското „јас,” вистинското човечкото суштество во мене. Јас ја земам Авјут (грубоста) од „народите на светот,“ Светлината од Создателот, и јас морам да изградам Масах во однос на нив. Целта на секој повисок Парцуф е всушност „адаптер,“ и „поврзувач“, преминот кој што нема ништо за себе, освен да се прилагоди себеси кон потребите на другите. Ова е мојата работа, моето назначување. Секој кој што има точка во срцето мора тоа да го стори, тоа е она што го изучуваме.
Прашање: Што надминуваме со тоа?
Одговор: Мораме да ги надминеме пречкитекои што нè спречуваат да му помогнеме на светот, и со тоа да му донесеме на Создателот задоволство. Спрема приказната, тој всушност сакал да ја даде Тора, што означува метод на поправка, на „народите на светот,“ но народот на Израел ја примил единствено како точка на преминување, како адаптер и поврзувач. Народите на светот ги имаат садовите, Светлината е во Вишото, и народот на Израел, (сите оние со точка во срцето), мора да се прилагодат помеѓу нив. Па така, излегува дека сите ние сме виши Парцуф, адапер, или со други зборови, Масах и Повратна Светлина. Ние само треба да се вложиме себе и ништо повеќе од тоа. Нашата желба е мала во споредба со желбата на народите на светот, и така е напишано:
„Вие сте неколумина меѓу народите.“ Ние сме неколкумина, не бројчано, туку со почит кон желбата да воспримиме, бидејќи нашиот Авјут му припаѓа на нивото на Бина и ние ги побаравме сите дополнувања од после кршењето. Нашата единствена ознака е да му служиме на Малкут, што значи желбите на народите на светот, и од нив да го изградиме Третиот Храм. Ние ќе мораме да ги исполниме сите желби и духовни страсти што ќе бидат откриени кај нив. Па така е запишано: „Мудроста во народите на светот-верува, Тора во народите на светот-не верува.“ Нивните садови мора да ја примат Светлината на Хохма, и Тора е метод на поправка што постои единствено помеѓу народите на Израел. Тие да ја предизвикаат Светлината што Поправа, за да самите се поправат себеси, да се пресметаат нештата што се однесуваат на Масах, и да им ја донесат Светлината на Хохма, на народите на светот. Ние ја воспоставивме врската и системот, а народите на светот ги обезбедуваат желбите.
Прашање: Оваа задача не изгледа многу тешка. Ние единствено треба нешто да им пренесеме на народите на светот како гласници; што е толку тешко околу работата на „адаптерот?”
Одговор: Прво, на нивото на предците, ние раскинавме од садовите на АХаП, штозначи дека сме го напуштиле Вавилон, откако сме ги поправиле нашите садови, кои што припаѓаат на Г“Е. Потоа на ниво на синовите ние го поправивме нашиот АХаП по прогоните, посебно прогонот во Египет, и побаравме цел сад, но неговите два дела се наши, бидејќи тие припаѓаат на стетпенот на Бина, и тоа не е доволно. После прогонот од Египет, освојувањето на земјата на Израел, и градењето на Храмот, сиот наш сад беше скршен и паднат на нивото на народите на светот, до четвртиот и последен прогон. Сега треба да започнеме да ги поправаме работите, но не поправката која што беше претходно. Тогаш ние не минавме низ кршењето, и денес треба да ги земеме нашите „садови“ надвор од „народите на светот.“ Ова е веќе огромна работа. Како додаток на ова, претставниците на народите на светот, исто ни се приклучуваат.
Како прво, мора да се обновиме себеси како еден сад, кој што веќе бевме, и тогаш ќе почнеме да работиме со „народите на светот,“ зошто поврзаноста веќе постои уште од деновите на прогонот. Па така иако мислиме дека сега сме започнале со нашата поправка, им ја предаваме на нив, на тој начин, ние не само што се обновуваме себеси, туку исто така вклучуваме секого во поправката и се креваме до мнгу повисоки нивоа. Кога Израел повторно ќе се крене, народите на светот веднаш го следат и тогаш тие имаат за кого да прашаат, за вистинскиот АХаП а не за „неразвиениот“ АХаП на Бина. Така улогата на „Израел“ е да го земе недостатокот на „народите на светот“ и со него да се крене кон Создателот, и да ги подготви садовите на Шхина (Боженственоста) за неа. Таа е изградена од различни желби од народите на светот, без разлика на тоа колку се тие спремни. Најважното е тоа што тие чувствуваат дека исполнувањето од Вишото минува низ нас. Тогаш тие ќе бидат способни да ни се придружат нам и да воспримат. На тој начин Му принесуваме задоволство на Создателот. Тој вети да ја даде Тора на вистинските садови за примање, и ние сме само средства за поправка на овие садови. Па така, сега е јасно колку важно е да се дисеменира насекаде по светот. Тора е општиот, нераздвоен систем кој што е откриен насекаде. Се покажува дека ние сме поврзани во мрежа и не може да се отргнеме и да побегнеме од тоа. Таа мрежа, поврзаноста помеѓу луѓето, е Тора. Таа постои на сите нивоа, сè до абсолутната поврзаност, кога секој ќе стане „како еден човек со едно срце.“ Тора е општиот сад и општата Светлина, наречена „Создател.“ Денес ние мора да ја поправиме желбата, за примање, со цел да се поврземе над неа во заедничко давање на Создателот.
Од 2-от дел на утринската лекција, 11.04.2012, според Зохар, на Каб.Тв