Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Базична клетка на душата

01.09.2010

Во духовното ништо не исчезнува. Напротив, разликите помеѓу душите стануваат поистакнати, и секоја засебна душа поседува посебни особини, кои што токму во соединувањето и спротивноста на особините на другите души го создаваат целото богатство на воспримањето на Создателот, 620 пати посилно, отколку воспримањето на засебната душа. Бидејки големината на нашиот духовен сад ( кли) се одредува не со неговото количество, туку со квалитетот. Затоа секоја душа се открива себеси со поголема сила, моќ, уникатност. Тоа е слично на универзалните ( базични) клетки, од кои може да се изгради сето останато, како од цигли. И срцето, и црниот дроб, и бубрезите, и белите дробови можат да се изградат од таа основа, која се нарекува "базична клетка". Исто така и во духовното.Бидејки се уште ние престојуваме секој во "базичната клетка" на својата душа.

А потоа, кога започнуваме да се поврзуваме со заедничкиот систем – со групата, да ги присоединуваме кон себеси, со системот на душите, која ние го откриваме во групата, и со Создателот, кој се открива во системот на душите – тогаш ние исто така да се спознаваме себеси: кои сме, на што припаѓаме, што претставува мојата душа, каква е мојата мисија, која е мојата главна особина од збирот на сите особини, кои ја придружуваат. И затоа, напредувајки во духовното, секој се повеќе се соединува со сите и во исто време се повеќе се издвојува со својата уникатност – затоа што ја зголемува на сметка на соединувањето со другите својата " базична клетка".

Затоа Баал Ха Сулам пишува во статијата "Слобода на вољата", дека секој човек мора да ги развива своите уникатни особини, а не да ги потиснува, и токму на сметка на уникатноста на секој од нас, ние го достигнуваме огромниот совршен сад на душата, во кој можеме да го воспримиме целиот духовен свет и Создателот 620 пати повеќе, отколку во почетокот на творбата.


Помеѓу нас се пет светови

Прашање: Што значи да се открие Зохар во нашето заедничко чувствување?

Ништо не се открива во човекот како единка – само во неговата правилна врска со пријателите во групата. Моите први дет сфироти, првиот духовен сад (кли) – тоа е мојот стремеж да излезам од самиот себе и да се соединам до другите, со групата. Мојата духовна состојба се одредува со тоа, во кој степен јас ќе се трудам да го создадам тоа соединување. Постоиме јас и ти. Помеѓу нас постојат пет светови – Асија, Јецира, Брија, Ацилут, Адам Кадмон. Кога јас ти се приближувам така, што растојанието помеѓу нас се сведува на нула, - мојата состојба се нарекува свет на Бесконечноста. Но не и твојата. Светот на Бесконечноста е – кога јас и ти, од моја страна, постануваме како една целина.

Затоа, во кој степен јас сум способен да ти се приближам тебе – на такво духовно скалило јас се наоѓам, бидејки сите 125 скалила се помеѓу нас. А растојанието помеѓу нас можно е да се совладува заеднички. Тоа е многу поефективно – бидејки ниту јас и ниту ти, туку соединувањето помеѓу нас – тоа ни е важно! Јас не треба да те примам, да се насладувам од тебе, да се соединувам со тебе. Ние треба заедно да се соединиме. Токму тоа соединување е Создателот, третата компонента, како што е речено: "Израел, Тора и Создателот – се единство".

Пат на светлината наместо патот на страдањето

Прашање: Ако се` во светот зависи од луѓето, кои се занимаваат со духовниот развиток, дали тоа значи дека ние сме одговорни за сите страдања, кои се случуваат во светот?

Ние не ги предизвикуваме страдањата во светот – напротив, привлекувајки ја светлината, ние ги преместуваме страдањата од материјалното ниво на нивото на духовните страдања. Излегува, дека наместо страдањата од војни, болести и сите други проблеми, ние страдаме од тоа дека кај нас не постои духовното. Тоа е тоа што науката кабала му го дава на човекот. Таа му носи "страдања" – но тие не можат дури така да се наречат,...тоа се страдања на љубов... Како во случај кога јас би бил поканет на трпеза дури после неколку часа, и сега намерно не би јадел, за да го сочувам апетитот. Тоа се нарекува страдања од љубов, кога јас разбирам, дека треба да ги подготвам духовните келим. И веќе сега, во сеуште празните келим, јас ја чувствувам светлината од престојната средба со луѓето, кои јас ги сакам, и од трпезата.

Токму кон тоа треба да се доведе човештвото – да им се покаже, дека постои решение, за да не се развиваме на сметка на ударите од природата. Ние сега навлегуваме во период на еколошки проблеми, и тие можат да предизвикаат страдања и смрт на илјадници луѓе. Ние гледаме, дека природните непогоди се случуваат низ целиот свет – во Кина, Европа, Русија, Америка. И единствен начин од нив да се спасиме – тоа е да се премине кон подготовка на духовните келим не во овоземен облик, да не се чека, додека поминат десетици години во страдања, додека ние конечно не сфатиме, дека постои причина и цел и две патишта до целта: Патот на Светлината и патот на страдањата. Зошто непотребно да се мачиме? Дајте уште сега да ја привлечеме светлината, која ќе ни ја покаже разликата помеѓу нејзината состојба и нашата, за ние да страдаме поради тоа дека посакуваме подобра состојба, а не поради тоа дека сега ни е лошо. Тоа е тоа што науката кабала му го нуди на човекот – патот на светлината наместо патот на страдањето.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica