Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Бебето сака да порасне

Во моментот, не разбираме до кој степен нашето напредување зависи од напредокот на светот. Ова постепено ќе биде откриено и ќе ја почувствуваме нашата обврска кон светот.

Бебето им е дадено на неговите родители, не за да ги усреќи и да им даде нешто со кое ќе си играат, туку за да се грижат за него цело време. Оваа одговорност исто така станува пријатна и забавна бидејќи љубовта од голема одговорност се претвора во посакувана привилегија.

Почнавме нова ера и светот сака да напредува, но не знае кон што, и така неговиот очај расте од ден на ден, и ја чувствуваме неговата беспомошност. Тоа ни помага да напреднеме. Всушност, на кабалистите во минатото им било многу потешко кога не гледале никакви промени во светот и резултати од нивната работа. Меѓутоа нам ни е дадека оваа многу посебна шанса. Венчана двојка што нема деца многу страда. Некогаш поврзувањето меѓу двете станува толку тесно што тие одлучуваат да живеат за тоа, но всушност само децата можат парот да го направат семејство.

Ако не се грижиме за светот ќе станеме родители што имаат дете и тоа ќе ги зацврсти врските меѓу нас. Ќе ни донесе успех во сè што сме копнееле. За да го направиме тоа мора да учиме и да го подобриме методот. Секој мора да стане предавач, учител, организатор и така ќе напреднеме. Ако не се грижиме за луѓето, нема да има начин да напреднеме. На Создателот не му е потребно нашето напредување само по себе, потребни му се желбите на седум милијарди, и затоа мора да работиме за нив.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 21/06/12, Шамати, 30  на  Каб.Тв

Имаме ли 228 години за размислување?

Прашање: Дали светот има шанса да постигне поврзување во 228 – те години кои ни се преостанати до крајот на тие 6.000 години кои ни биле дадени за тоа, и како ќе го почувствуваме?

Одговор: Никој не може да каже колку време ни преостанува до Гмар Тикун (крајот на поправањето). Пророците за ова зборуваа во многу скриени наговестувања. Ова исто значи дека и тие не знаеле кога ќе се случи бидејќи е поврзано со нашата слободна волја. Баал ХаСулам мислеше дека Гмар Тикун ако не денес, ќе дојде утре, бидејќи сè е подготвено за тоа од Вишото! И ние мислиме дека ќе се случи набргу. Можеме да ги базираме нашите верување за она што се случува во светот денес, иако никој не знае ништо за сигурно.

Кажано е дека поправањето ќе трае 6000 години, што значи дека останати се уште 228 години. Но дали навистина во текот на ова време мораме да го постигнеме Гмар Тикун, на добар или лош начин? На добар начин можеме да се поправиме утре, дури и денес. Тука нема граници. Ако сакаме да бидеме поправени, нашата желба веднаш ќе го привлече влијанието на Вишото поле врз нас. Не е потребна посебна подготовка од страна на Создателот. Нашата желба е доволна, но силна да го разбуди. Ние сме господари на состојбите во кои се наоѓаме. Не можеме да знаеме кога ќе се случи, но како што се приближуваме до Гмар Тикун, по откривањето на Вишиот Свет, што се нарекува духовно раѓање, сè уште го чувстуваме овој свет во сите 125 степени на духовното искачување.

Во мигот кога ќе постигнеме општо поправање и сите ќе бидат поправени, ќе има поврзување на сите садови, на сите поединечни духовни желби. Тогаш нашиот свет ќе исчезне бидејќи има само еден главен сад за сите желби за примање. Кога последната честичка ќе премине кон давање, ќе нема останато ниедна желба што треба да се поправи. Затоа, чувството на овој свет кое постои само во егоистичката желба без Масах (екран) исчезнува! И останува само Вишиот Свет! Бидејќи сите желби се поврзани, сите светови се обединуваат и стануваат еден општ Виши Свет, во нивото на Ејн Соф (бесконечност).

Така, со постигнување на Гмар Тикун заедно со целиот свет, ја прекинуваш твојата последна егоистична желба. Тогаш оваа реалност ќе исчезне од твоето чувство.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 21/06/12, Шамати, 30  на  Каб.Тв

Со брзината се отвора светот

Прашање: Зошто ми е лесно да зборувам за мудроста на кабалата како да се случува сама по себе, но кога ќе почнам да им кажувам на луѓето за заемната гаранција, станува многу тешко и морам внимателно да мислам и да правам поголеми напори?

Одговор: Тоа е одлично! Сега откриваш дека кога зборуваш за мудроста на кабалата користиш зборови кои за тебе немаат значење, за свет кој сè уште не го чувствуваш. Но ако почнеш да зборуваш користејќи го јазикот на светот, за заемната гаранција, омразата, блискоста, оттуѓувањето и поврзувањето, веќе почнуваш да внесуваш силни емоции и тогаш сфаќаш колку си далеку од овие концепти. Навистина станува тешко да се зборува за тоа бидејќи сè додека го користиш јазикот на кабалата, се излегува многу течно: Решимот, Парцуфим, Масахим (екрани) кои се издигаат и спуштаат од едно на друго место, ограничување, повратна Светлина, директна Светлина...сè изгледа одлично. Си играш со зборовите како жонглер во циркуз, но сепак тоа се само зборови.

Кога ќе почнеш да ги поврзуваш зборовите со твоите чувства и нема да го користиш јазикот на кабалата, туку ќе го користиш јазикот на светот, ќе откриеш колку ти е туѓ во срцето. Затоа станува толку тешко. Мора да почнеме да користиме зборови кои се поблиски до срцето, и тогаш ќе разбереш до кој степен срцето не се согласува со нив. Постепено навикни го срцето на нив, малку по малку.

Тоа ни се случува сега; правилно напредуваме. Ќе напредуваме во чекор со светот кој ни се отвора без да го присилуваме, едноставно користејќи ги можностите кои ни се дадени: поврзување различни организации, делење брошури и летоци, ширење материјали низ интернет, предавања и така натаму. Тогаш ќе видиме како ни се отвора патот.

Од првиот дел на дневната кабала лекција 21/06/12, Шамати ,30  на Каб.Тв

Кога нема животна сила

Прашање: Како може човекот да ја надмине растечката рамнодушност? Денес дури луѓето кои имаат креативни професии губат интерес за сè, да не ги спомнуваме останатите луѓе. Да земеме еден циглар, на пример, тој едвај може да постави една цигла, седи до неа цел ден и не може да продолжи. Како можеме да ја создадеме неопходната мотивација ако таа не постои?

Одговор: Не можеме ништо да сториме. Не можеш да му покажеш на човекот дека нешто има суштинска важност за него. Не може да се присили себеси. Нашата желба го запрела линеарниот развој, и сега станува „кружна“ заедно со желбите на другите, растејќи во овој интегрален систем. Освен ако буквално не го фатиш човекот за рака и го доведеш во овој интегрален систем, тој нема да може ништо да прави бидејќи нема да биде исполнет со интегралниот систем кој поединечно се развива внатре во него. Ова се два сосема различни системи: поединечен, линеарен и дискретен, аналоген.

Ние влегуваме во интегрално аналогно ниво и тоа е проблем: расте општата безволност и одделеност. Денес се соочуваме со тоа што почна во 50 – тите години како млада револуција, но сега е во облик на многу посериозна криза. Недостигот од желба е недостиг од енергија бидејќи желбата е основа на целото наше постоење. Ако во минатото можевме да ја надминеме рамнодушноста со страв од глад и казна, сега тоа не функционира.

Човекот не може ништо да направи сам, дури и ако му се заканиш дека ќе го убиеш! Ова е границата кога на човештвото му треба нова психологија на групата.

Од „Разговор за интегрално воспитување“  на   Каб.Тв

Бесконечно општество на енергија

Прашање: Треба ли човекот да се обврзе да се држи кон одредена рутина, или доволно е да ја чувствува општата инспирација за да биде во хармонија?

Одговор: Мора да разбереме едно нешто: Човекот во неговото линеарно его не може да се натера да направи нешто сам. Тој кој е во контакт со општеството не се форсира да прави ништо. Општството го инспирира и го насочува кон нови желби. Тој, гледајќи ги како негови и како на општството („ние“ и новото „јас“ меѓу нас), почнува соодветно да се однесува. Во него се појавуваат друг вид на „кружни“ желби, кои се неопходни за целото општество. Созадоволство ги исполнува и тие стануваат негови, но всушност се истите желби кои му се потребни на општеството. Тогаш во него природно се појавува распоред за работа.

Не е тешко да се следи дневниот распоред; може да работи дури 20 часа на ден. Има доволно енергија. И желбите и енергијата доаѓаат од општеството, и оттука ја чувствува наградата кога ќе ги оствари овие желби.

Од „Разговор за интегрално воспитување“  на  Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica