Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Бегство од персонифицирана реалност

Познато е, дека воспримањето на реалноста се одвива преку петте сетилни органи: вид, слух, мирис, вкус, допир. Невозможно е да се восприми повеќе, отколку што влегува преку овие сетилни органи во нашата желба за насладувања, која стои зад нив. Ние се насладуваме колку што можеме, стремејќи се да примиме сè повеќе и повеќе. Мерата на насладување се нарекува мера на животот, животната сила на организмот. Ние ја воспримаме реалноста толку, колку сме способни да ја почувствуваме со нашите пет сетилни органи. И затоа таа реалност е многу субјективна, „персонифицирана“. Човекот не може да ги спореди своите чувствувања со она, што го чувствуваат другите. Тој дури и не знае дали постојат „другите“ некаде, освен во неговата претстава. Целиот свет се наоѓа внатре во човекот. Човекот – е мал свет. Затоа, ако ги промениме нашите садови за примање, органите за воспримање, тогаш се разбира ќе можеме да почувствуваме нешто поинакво. И навистина, ние веќе сега гледаме многу повеќе, отколку што осознаваме. Односно, во нашите сетилни органи влегува многу повеќе информација. Проблемот е во тоа, што нашиот мозок не ги обработува сите податоци, кои ги добива од околината. Затоа што зад мозокот стои желбата, која го ограничува мозокот, велејќи: „Мене тоа не ми треба! Мене тоа не ми е интересно!“ Сè, што се отфрла од нашиот егоизам, останува невидливо за нас.

Но ако ја зголемиме желбата, тогаш таа ќе го задолжи мозокот да ја обработи целата информација, добиена преку сетилните органи. Тогаш ќе ја видиме, во најмала рака, сликата на овој свет со многу повеќе детали. Прашањето е само - дали тоа ни е потребно? Но таква можност постои, сè зависи само од проширувањето на желбата. Ние знаеме, дека ако пријателот почне за нешто да се интересира, нам тоа исто така ни станува интересно. Зависта, амбицијата, нè принудуваат да ги следиме другите, за да не бидеме полоши од нив. Така се прошируваат желбите на овој свет. Но кабалистите велат, дека постои друга можност. Ако се искачиш над своите желби, тогаш можеш да добиеш желби, што се наоѓаат надвор од нас. Сега ние го гледаме пред себе огромниот свет навидум надвор од нас, иако тој се наоѓа внатре во нас. На таков начин, нашето воспримање се дели на: себеси и на останатиот свет. Иако во суштина сè се наоѓа внатре во мене. И само мојот егоизам го разделува тоа на мене самио,т и останатиот свет. До степен, што мене не ми е грижа што се случува во светот, дури и напротив, колку повеќе светот страда, толку подобро јас се чувствувам.

Но постои друга можност: наместо да бидам „јас наспроти целиот свет“, да станам целиот свет наспроти себеси. Јас небаре само менувам едно за друго, преминувам од едните желби во другите: моите надворешни желби стануваат внатрешни, а внатрешните – надворешни. Ако ги користам желбите на светот како лично мои, тогаш добивам огромни можности. Јас примам наполнување во тие огромни желби и се насладувам во нив, излегувајќи надвор од сите граници. Тој премин од насладувањето, воспримањето, чувствувањето во поранешните желби кон новите, од внатрешните кон надворешните, се нарекува откривање на Создателот или поминување на махсомот, границата на вишиот свет.

Јас продолжувам да се насладувам заради тоа што примам, само ја заменувам едната желба со друга. Тоа се случува постепено, бидејќи не е едноставно да се реализира. Исто како што се сакав себеси, сега почнувам да ги сакам другите, туѓи за мене луѓе. Тоа се нарекува „да ја направиш својата желба слична на желбата на Создателот“. Односно ние гледаме, дека целта на нашиот развој е да се добие насладување. Ние тоа го нарекуваме љубов и давање во споредба со егоизмот, во кој се наоѓаме сега. Но всушност, желбите се откриваат, се наполнуваат и нè доведуваат до совршеното воспримање на реалноста. Нам ни е потребно само да научиме, со какви средства да ја достигнеме таа прекрасна состојба: со помош на работа во групата, учењето, распространувањето. Сето тоа за да ги почувствуваме огромните надворешни желби и да добиеме моќ, која ќе овозможи да работиме со нив. Треба да се искачиме над себеси, и да работиме во желбите на светот. Така ние го достигнуваме воспримањето на вистинската реалност: не реалноста која е ограничена и зависна од нашиот мозок или желбата, туку вистинската реалност, во која ние навистина се наоѓаме. Тоа е апсолутно поинакво воспримање. Тоа веќе не сум јас, оној кој ја набљудува реалноста од себеси, туку јас, оној кој се наоѓа во таа реалност, и се изедначува со неа, растворен во неа. Таквиот живот се нарекува вечно, совршено, духовно постоење.

Од лекцијата по статијата на Рабаш, 20.11.2013, на Каб.Тв

Небесен свод, праведник и Крајот на Поправката

Книга Зохар. Поглавје„Берешит“, п.379: Во извадокот „и го создал Семоќниот небесниот свод“ се говори за вишиот небесен свод на Ацилут. Меѓутоа, она што се основало во Ацилут, се основува и се создава на сите скалила на световите БЈА, сè до долното море.

Прашање: Што е небесен свод?

Одговор: Небесен свод е граница, до која суштеството може да се искачи, и да се спои со вишиот, не погоре од неа. Над небесниот свод се наоѓаат садовите/келим, од кои суштеството може да прима, но ние живееме во просторот од небесниот свод до земјата, во АХАП.

Прашање: Дали достигнувајќи целосно оправдување на Создателот, состојбата  „вистински праведник“, човекот станува небесен свод, кој ги соединува вишиот и нижиот свет?

Одговор: Праведник е оној, кој се наоѓа на нивото на небесниот свод. Тој ја открива особината на давање, која тече преку него.

Прашање: Создателот е особина на давање?

Одговор: Да. Затоа Тој се нарекува „БО-РЕ“ – „Дојди-Види“. Веднаш, штом во тебе ќе се открие особината на давање, тоа значи дека во тебе ќе се открие Создателот.

Прашање: Излегува, дека Создателот е сила, која праведникот ја открива, достигнувајќи ја особината „небесен свод“?

Одговор: Точно. Создателот може да се открие само тогаш, кога Тој се преслекува во човек. Човекот, кој достигнува сличност на особините со Создателот, се нарекува праведник. Создателот –е особина на давање, која го наполнува човекот, зависно од степенот на поправката на неговите садови/желби/келим. Сад се нарекува екранот и одразената Светлина, односно онаа мера на мојот стремеж од себеси кон ближниот, во која јас можам да заличам на Создателот, Светлината, да ја откријам Светлината на давањето во себе. Местото, каде што ја откривам, се нарекува сад. Кога сакам особината на давање од мене да се пренесе на ближните –значи, дека јас ја активирам Светлината, која на таков начин ќе влијае преку мене врз нив.

Прашање: И сето тоа се постигнува во мене? Сите луѓе, односно сите садови/желби, кои ми се чинат надворешни, всушност се мои внатрешни желби?

Одговор: Сè е внатре во човекот. Не постои ништо надворешно. Но истовремено ние ја гледаме сликата на нашиот свет, и мора да се однесуваме кон неа правилно – како кон нешто што се случува надвор од мене, но истовремено и во мене, и да достигнеме состојба, кога тие две реалности постојат, јас не ја бришам ниту едната, ниту другата. Бидејќи, ако јас сметам дека сè што се појавува пред мене е вистина, тогаш живеам само во овој свет. Ако пак, сметам дека сето тоа се делови од мојата душа, и сè се наоѓа во мене, сè е мое, тогаш небаре го пречкртнувам овој свет. Јас мора да бидам во двата света. Сè додека не ја достигнам Конечната Поправка (Гмар Тикун), формата на овој свет не исчезнува, и мене ми е забрането со сила да ја отстранувам од себеси.

Прашање: Крајот на Поправката е состојба на крај на секое скалило, кога праведникот го достигнува нивото на Создателот?

Одговор: Може да се праша поинаку: кога јас го чувствувам нешто слично на Крајот на Поправката? – Кога го завршувам тековното скалило. Но тоа не вистинскиот Крај на Поправката, туку некое чувство по завршувањето на скалилото. Односно, во оние садови, во кои човекот работел, тој достигнува целосна поправка. Но таа целосна поправка секогаш е делумна, бидејќи некои садови тој не ги активирал, и тој знае кои од нив точно. Затоа што некои од садовите – се генерално,  Малхут на Бесконечноста. Од целата Малхут на Бесконечноста ние имаме малечко кли – десет сефирот, кои сега се откриваат, и од нив јас отсекувам уште еден дел, во кој можам да работам. Излегува, дека има три дела: кли, во кое јас работам; кли, во кое не можам да работам (може да се рече дека тоа е Г“Е и АХАП, или РАМАХ и ШАСА, императивни и забранувачки заповеди и т.н.), но збирно се десет сефирот), и освен тоа, целото кли, кое претставува целокупна реалност, сета останата Малхут на Бесконечноста, која јас сè уште не можам да ја поправам.

Прашање: Ако ги поправам 10 сефирот, значи дека ги соединувам во една?

Одговор: Не, тоа не е така. Духовниот систем е аналоген систем, во кој секој дел е поврзан со сите други со безрбројни врски. Не може да се рече: „Сега јас се наоѓам тука во моите десет сефирот, а потоа пораснувам тука до десетте уште поголеми сефирот, и уште и уште“. Не. Ти како да си „размачкан“ по целиот систем. Дури иако си многу мал, поврзан си со сите, и „размачкан“ по сите. И кога растеш, пораснуваш во различни особини – малку во едните, малку во другите. Притоа, тоа не го одредуваш ти, туку системот и коренот на твојата душа. На таков начин ти напредуваш.

Од лекциајта по Книгата Зохар, 20.11.2013, на Каб.Тв

Насочени напори

Прашање: Со што се разликуваат егоистичките напори од насочените?

Одговор: Насочените напори се вложуваат надвор од мене, согласно нивната намера и целта. Сите свои напори јас ги вложувам во центарот на групата, како птица, која сè носи во своето гнездо. Јас сакам сите да добијат задоволство од тоа, а задоволството за нас се состои во откривањето дека го насладуваме Создателот. И нека тоа не ни се открие, само да имаме можност да направиме за Него нешто пријатно. Само да добиеме намера, која ќе овозможи тоа да го достигнеме и да го оствариме. А Создателот може и да не знае за нас – главно е да можеме да даваме.

Од лекциајта по Книгата Зохар, 20.11.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica