Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Без срам – никаде !

Баал ХаСулам, Дарување на Тора, Т.8: Во светот функционира природен закон, според кој, примателот чувствува нешто како срам и нетрпеливост, кога добива бесплатен дар, предизвикан од милост и жалост кон него од страна на давателот. Оттука следува вториот закон: нема човек во целиот свет, кој би можел целосно да ги исполни сите желби на другиот, бидејќи на крај, тој не ќе може да им даде на своите дарови форма и карактер на самостојно стекната добивка – а само тоа може до крај да го исполни посакуваното совршенство.

Всушност, Создателот не може сам, без наше учество, да го покрие, да го компензира нашиот срам. Ние мора самостојно да поминуваме фаза по фаза, откривајќи ги своите недостатоци и поправајќи ги. Се разбира, за поправка ние ја користиме Неговата сила, меѓутоа следниов циклус е неопходен:

  • јас го откривам својот недостаток
  • проблемот не се открива во мене, туку во мојот однос – во споредба со односот на Давателот;
  • јас самиот дефинирам, дека тоа е недостаток во споредба со Него;
  • јас барам, како да го поправам својот недостаток, како да го надополнам;
  • и тогаш го молам Создателот да ми даде сила за поправка.

Значи, ова дејство е составено од многу компоненти, и без него не се може – тоа мора да помине преку човекот како што треба. Друг излез нема, тој самиот мора да ги доживее и да ги помине состојбите на патот. Иако му помага Создателот, т.е. Вишата сила, Светлината, меѓутоа тоа е при неговото учество во секој чекор и во секоја одлука. Невозможно е да се добие дар од некој, да се наслади и да се почувствува дека дарот е твој. Секогаш останува срамот во однос на давателот. Во нашиот свет овој проблем се решава преку скривањето на Создателот, Кој ни ја дава можноста да Го откриваме Него само во степен, во кој ние сме способни да го издржиме срамот. Создателот е прикриен, а срамот се пројавува само во мера, во која јас сум подготвен да Му се уподобам Нему, да расчистам со моето примање. Колку подалеку напредувам, толку поделикатно станува моето воспримање – и тогаш сум подготвен за откривање на срамот. Ова до некаде е слично на она, што се случува во нашиот свет...

Од утринската лекција, 27.10.2012  на  Каб.Тв

Тежината на куферот зависи од неговиот сопственик

Срамот е знак, кој ги карактеризира нашите заемни односи. Ако јас не чувствувам срам, тогаш нема што да поправам. Затоа што јас не ја гледам принципиелната разлика помеѓу мене и Создателот. И токму затоа јас сакам да го откријам срамот – да се засрамам заради своето примање, во споредба со Неговото давање. Тука се поставува прашањето: дали ќе го неутрализирам срамот, ако престанам да примам? На пример, јас доаѓам кај тебе на гости, гледам богато поставена трпеза и се откажувам од храната: “Не, благодарам. Јас сум сит, се придржувам на диета...” Дали и во духовниот свет можам така да постапам, за да го намалам чувството на срам? Но нели токму со тоа јас искажувам занемарување кон Создателот, како да го презирам Неговиот однос... И воопшто, што всушност јас можам да добијам? Светлината НаРаНХаЈ? Меѓутоа, таа воопшто не ме наполнува со задоволства во обична смисла. НаРаНХаЈ е Светлина, предизвикана од осознавањето на величието на давателот. Јас пак, од Него добивам само малечка искра, што создава желба за насладувања. Во таа желба е вградена само црната точка, крајче од буквата јуд, а во Светлината е вградена само искрата, што ја создаде таа точка.. сè друго доаѓа не од самонаполнувањето, туку токму од осознавањето на величието на Создателот, кога јас Го ценам Него, го возвишувам во моите очи.

Ете зашто ние постојано си напомнуваме, дека треба да се стремиме кон величието. Ако некој за мене е голем, јас сум подготвен сум да му го носам куферот. И колку е повисоко во моите очи, толку потежок куфер сум подготвен да носам. Во почетокот куферот се чини премногу тежок: „Зошто јас воопшто го влечам? Заради кого и заради што?” Но, ако јас осознавам, колку е голем сопственикот на товарот, тогаш го кревам како пердувче. Затоа што тоа е голема чест, голема среќа – да го услужам. Јас сум подготвен дури и да платам, за да имам право тоа да го сторам. На крај, целиот свој живот јас го посветувам на служење на Создателот. А што добивам за возврат? Ништо. Затоа што сè се базира на искрата и на црната точка.

Прашање: Дали во нашата работа постои аналогност на вистинскиот срам?

Одговор: Да. Тоа се различни видови на срам пред пријателите. Јас се срамам тие да не откријат, дека ништо не знам и не разбирам, дека сум егоист... Тоа е обичен егоистички срам. Постои и духовен срам, предизвикан од тоа, што јас ништо не придонесувам, не ги поддржувам, не ги кревам пријателите. Тие зависат од мене, и мене ми е срам, дека не можам да се справам со задачата.

Прашање: Дали групата треба да го пробудува тој срам кај пријателите?

Одговор: Се разбира, групата треба да ги пробудува и да ги расте сите, влевајќи ни почит кон срамот. Затоа што тој укажува на недостаток во желбата за примање. Ако насладувањата и страдањата се условени од наполнувањето или празнината во нашата желба, тогаш нејзината лоша и добра страна се рефлектираат или во чувството на срам, или обратно, во осознавање на величието на Создателот.

Се срамам – значи напредувам!

Прашање: Зошто срамот е неопходен за напредокот? Зошто тоа остро, непријатно чувство, навидум, припаѓа на патот на страдањата?

Одговор: Срамот – е како телесна болка. Болката ми укажува на болест, која бара лечење. Благодарение на болката, јас се спасувам од смртта. Исто и срамот – е знак, кој укажува на недостаток на поправка во некое место. Зарем може да се игнорира и да се поништува тоа чувство? Меѓутоа, ние бегаме од него. Затоа кабалистите ни велат, дека е неопходно да се користи помошта на групата, книгите – на сè, што ќе послужи како поддршка, и ќе помогне да се поднесе срамот. Притоа , тој не треба едноставно да се трпи, туку сè подлабоко да се осознава, и да се реализираат дејства за поправка. А срамот ќе расте сè повеќе и повеќе, сè додека не те обврзе да врескаш за помош. Тогаш ќе ја добиеш Светлината, која враќа кон Изворот, која ќе те поправи, ќе те излечи. Со тивко врескање нема да го добиеш лекот. Тука е потребен вистински крик, повик за ослободување – бидејќи не станува збор само за болест, туку за поправката на желбата за примање, твојата природа.

Прашање: Но ние секогаш тежнееме кон добрите чувствувања. Како тогаш да се устремам кон чувството на срам?

Одговор: За таа намена ти ја возвишуваш целта, ставајќи ја над својата болка: „Нека боли. Јас не сакам да се поврзувам со тоа каде боли и со самата болка. Јас сакам да ја достигнам целта. И многу сум благодарен за болката – бидејќи таа ме насочува кон целта”. Сè зависи од осознавањето на величието на целта, на Создателот. Бидејќи Создателот е желбата да се врши давање, форма на давање, самоодрекување. Кога овие вредности стануваат за тебе големи, во иста таква мера ти почнуваш да страдаш од сопствените особини, кои се спротивни на вредностите. Ако го потскриеш тој расцеп, си вбризгаш „анестезија”, тогаш ќе ставиш крст на својот напредок. Токму затоа ти градиш опкружување, кое ќе те задржува во потребната состојба. Како последица, ти ја гледаш својата спротивност на давањето, страдаш поради тоа, но сепак продолжуваш да Го возвишуваш Создателот во своите очи. Ти тежнееш кон Него, сакаш да се споиш со групата, не сакаш повеќе да се поистоветуваш со твоето зло – но не за да избегаш од него, како од болка, туку навистина да постигнеш давање, навистина да се разлееш во групата. Тука се кријат многу детали на воспримањето, и сите тие водат во една насока. Сега сфати, колку добро нè насочува срамот, ако правилно го користиш.

Од утринската лекција на Каб.ТВ

Секое скалило започнува со зачнување

Прашање: Не треба да се потпираме на нашите осети, бидејќи тие се субјективни и не ја одразуваат вистинската реалност. Од друга страна, пак, обидувајќи се да си замислам нешто, јас можам да се најдам заробен во лажните претстави. Како да се задржиме на тенката линија помеѓу фантазијата и чувството?

Одговор: Пред сè, треба да се сфати: каде и да се упатиме, тоа ќе претставува лажна насока. Затоа не се обидувај да се фатиш за златната средина – ти си веќе изгубен, и секако талкаш во мракот. Единствено средство е, слично на капката на семето во утробата на мајката, да се залепиш за групата. Друг излез нема. Ако си споен со групата, тогаш, безусловно, се развиваш рака под рака со Природата, и од тебе не се бара ништо повеќе од тоа. Во тој случај Природата, Создателот, извршува Свое влијание и те развива. Овој пристап е најефикасен во секоја состојба. Бидејќи „талкањето во мракот” е карактеристично дури и за највисоките скалила. Секаде постојат фази на „зачнување” (ибур), „доење” (јеника) и „зрелост” (мохин).

Да претпоставиме, дека од 124-то скалило на поправката, ти се искачуваш на последното – 125-то. Дури и тука ти целосно се поништуваш, иако ти се открива целата разбиена Малхут на светот на Бесконечноста. Колку и да се искачи човекот, егоизмот се возвишува над него. Ако во понеделникот ми се откриле десет грама зло, тогаш во вторникот, кога кон нив ќе се додаде следната порција, тие ќе стекнат нова моќ. Денес тие само малку се напипуваат, а утре ќе се манифестираат многу појасно, согласно со редоследот на растењето на светлините. На крајот, од вчера поправеното зло секој пат се појавува пред мене во многу порасипана форма. И затоа во среда, добивајќи нова порција на зло, јас дополнително ќе откријам, дека злото од вторникот двапати се зголемило, а од понеделникот – трипати. И така сè повеќе и повеќе. Ете тоа претставува духовен подем.

Да се справиме со тоа можеме само одрекувајќи се од себеси и спојувајќи се со групата, слично на ембрионот. Јас немам свои желби и мисли – во самопоништувањето јас ги употребувам чувството и разумот на пријателите. Јас само сакам да им се прилепам, да го напипам нивниот однос кон Создателот, кон целта, кон животот, да го почувствувам нивниот дух – тој да го дефинира мојот поглед на сè. Небаре пливам во плодовата вода, во Светлината  Хасадим... Потребно е само малку чувство – тогаш оваа состојба ќе се отвори, и ти ќе почувствуваш во неа живот. Дури иако пријателите самите не го чувствуваат, и не го знаат тоа, дури кај нив ниту постојат такви прашања, за тебе тоа ќе биде реално чувство. Затоа што ние се наоѓаме во светот на Бесконечноста, во кој нема никакви промени. Само тој сè уште е скриен од нас – а ти, благодарение на вистинскиот пристап, ја зголемуваш својата чувствителност, и постепено го откриваш на духовните скалила. Не треба никого да чекаш – работи.

Од утринската лекција, 27.10.2012 на  Каб.Тв

 

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica