Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Бесконечна светлина или бесконечен мрак?

21.05.2010
Изучувајки ја кабалата ние стапуваме во контакт со самата светлина. Затоа што обединувајки се со сите што ја посакуваат истата цел и учејки заедно, ние активно се вклучуваме во Малхут со светот на Бесконечноста, каде сите луѓе се наоѓаат во свото внатрешно единство како една целина. Но, поради тоа што ние сакаме да постоиме во таквата состојба активно, ние ја привлекуваме кон себе од оваа совршена состојба скриената светлина и со тоа го забрзуваме својот духовен развиток. Тоа се нарекува да постанеш Изра-ел, односно тој што се стреми ,,право кон Создателот", кој го ,,забрзува времето", со своето учење сам ја привлекува светлината кон себе и ја тера да се разоткрие.

Исто така ги ,,осветува времињата",односно сака светлината да го насочи кон давањето (светост- тоа е особина на давање). Излегува дека учењето во кабалистичка група ни ги дава во раце ,,уздите" или ,,воланот" со чија помош ние можеме да управуваме со себе – со своите облици на развиток и неговата брзина, станувајки независни од светлината. Но од друга страна светлината е многу јака и кај неа постои програма за развиток на секој од нас и сите нас заедно. Затоа, обидувајки се самите да го забрзаме својот развој штотуку почнуваме да чувствуваме во кој степен сме зависни од оваа светлина, од неговото пробудување.

Само со нејзина помош ние можеме да напредуваме. Светлината ме подигнува и ме спушта, пробудувајки во мене желба да се развивам, за да направам од себе човек ,,сличен на Создателот" и да се искачам од животинското ниво, од сето ова материјално живеење. Јас самиот очекувам кога светлината ќе почне да делува врз мене и се подготвувам себе си кон тоа, да целосно се предадам на неа, што може поактивно да се вклучам во учењето, во групата, во распространувањето, да најдам решение за сите прашања кои се наталожија за време на мракот и сокривањето.

Излегува дека јас сум ,,петелот" од приказната за петелот и лилјакот, кој ја чека зората. Чекам да дојде светлината и да ми го осветли патот и се радувам дека светлината доаѓа. Но ,,лилјакот" е тој кој не се подготвил себе си за доаѓањето на светлината и пробудувањето одозгора го доживува спротивно, како мрак. Ние се наоѓаме во еден свет, сите 7 милијарди луѓе. Но тој кој се подготвува себе си за доаѓањето на светлината, за откривање на Создателот, чувстува дека се што се случува во светот е наменето за откривање на светлината. Ако не се подготвува, тогаш таа иста светлина која ни се приближува ќе ја доживува како мрак.

Иако ние се наоѓаме во еден заеднички систем, само тие кои го очекуваат доаѓањето на светлината ја чувствуваат посакувана и за нив таа навистина претставува светлина. Тие пак што не сакаат да се доближат до светлината, до љубовта кон ближниот свој, до оддавањето – ќе ги почувствуваат во овој свет се поголемата криза и проблемите. Ние сите се наоѓаме во светот на Бесконечноста, но се зависи од нашата подготвеност – ние можеме да почувствуваме во него и бесконечна светлина, и бесконечен мрак или воопшто ништо да не чувствуваме како да сме во бессознание и само опстојуваме во животот. Се зависи од нашата желба да постанеме човек – т.е. ,,слични" на Создателот во Неговата љубов и давање.


Ген на давањето


Колку повеќе тежнееме кон светлината толку подобра ќе биде нашата иднина, затоа што ние самите го предизвикуваме откривањето на светлината. Светлината се појако го осветлува овој свет и тие кои и доаѓаат во пресрет ја чувствуваат таа состојба како добра, а останатите како лоша. Во почетокот светлината го развива целиот наш свет (нашата Вселена, Земјината топка со се што постои на неа) во неживото, растителното и животинското ниво поткревајки ја само егоистичката желба.

Ова претставува материјален развиток чиј максимум е животинското ниво – така светлината ја развива материјата. Но кога егоизмот ќе се крене до животинското ниво тој нема повеќе каде да расте и ја чувствува својата потполна немоќ, најдувајки се во ќорсокак, а пред него е само мрак. Така светот доаѓа до криза и очај. Но сето тоа се случува под влијание на светлината која покажува дека немаме веќе со што да ја исполниме нашата желба за задоволство. Дека ние никогаш и не сме можеле да ја исполниме, надевајки се само на иднината и постојано стремејки се кон неа.

Но кога иднината престана да ни свети, да ни се прикажува и ние потполно ја исцрпивме својата желба на животинското ниво, веќе не гледаме никакви перспективи на развитокот. Зошто, за што? И тука човештвото се најдува пред ѕид, без никаква цел и надеж за иднина. Затоа сега и се открива науката кабала која ни дава објаснување за што е сето тоа направено – за да сега ние самите станеме партнери со светлината и го достигнеме нивото на Човекот, сличен на Создателот. Тоа е нашата следна етапа на развитокот да се издигнеме од животинското ниво до човечкото. А тоа е невозможно без спознавање.

Малхут на светот на Бесконечноста конечно доаѓа до завршување на замислата на суштеството, зацртана од Создателот кој сакал суштеството да го спознае Него, да постане независно, но слично на Него. И суштеството сега започнува да ја реализира таа виша замисла. Ние со вас сме првата генерација во која се разоткрива тој посебен информативен ген ( решимо) кој припаѓа на човечкото ниво и ние сме обврзани да го реализираме. Затоа светлината која сега делува во овој свет, секогаш ќе делува на штета на егоистичката желба, сакајки да ни помогне да се искачиме над таа желба.

Од струга страна пак, светлината ќе им помага на тие луѓе кои сакаат да го реализираат во себе тој ,,ген на давање". Создателот ни се приближи...Тој ја отвори пред нас книгата Зохар, науката кабала, светската криза – целата ситуација и сите средства да ја согледаме таа нова насока на развитокот и да и да го реализираме тоа. Потребно е самите да се насочиме и тргнеме кон светлината и тогаш ќе го видиме Неговото добро.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica