11.05.2010
Јас не можам да ви го потскажам ова, вие треба сами да го најдете патот кон тоа. Без големината на целта можеме да го затвориме "киоскот" и да си одиме дома. За што постоиме? На вас треба да ви е јасно, дека само големината на целта, во принцип нé држи. Ако целта не е важна за мене, тогаш зошто ми е потребна групата, обуката, ширењето, целиот овој стрес? Зошто да си ја замајувам главата? Зошто ми е таков тежок живот? Можам да работам и да се одморам по работа, и тоа е тоа. Малку ли ми се моите проблеми, да се занимавам и со уште проблеми во групата итн.? За што ми е сето тоа, ако ја немам големината на целта?
Како да ја зголемам? Загриженоста, неспокојноста, го поттикнуваат човечкото срце! Ако секој се грижи за тоа дека во неговиот другар ја има важноста на целта, тоа ќе се случи. Ако не се погрижиш за тоа, тогаш и во тебе нема да ја има. Ова се нарекува "оној кој се моли за другарот, се удостојува прв".Тоа е многу принципно, бидејќи произлегува од врската помеѓу келимите. Првично јас не сум во состојба да се грижам само за себеси. Се наоѓам во тело и целосно зависам од работата на целото тело, јас постојам како негова последица. Затоа сум должен да се грижам за работата на целото тело за да биде тоа здраво, за да можам да се грижам за важноста на целта, за сé.
Должен сум да мислам за нив, за моите другари, да се грижам за нив како за свое дете, а мојата грижа за нив ќе се врати кон мене зголемена стократно, ако тие се сто пати повеќе од мене. Колку повеќе се грижам за нив, толку повеќе тоа се враќа кон мене и тоа ме охрабрува, "ме измива " така што јас да ќе бидам во состојба да се спротивставувам. Ако во овој случај не можам да се убедам себе си дека најглавното е големината на целта и мене не ме интересираат другите, јас едноставно ќе паднам. Ако секој се грижи за другите така, за да ја зголеми важноста на целта во своите другари и тоа "гори" во него, тоа се нарекува гаранција. Таквата гаранција се враќа кон мене.Па нели тоа се нарекува гаранција, бидејќи секој гарантира за другиот, а тој во одговор гарантира за него.
Ако ми се чини дека групата не е права, тогаш јас сум должен да наведнам глава и да се согласам, дури и ако не е права. До која мера треба да се понижам? До овој момент, додека не се спуштам и станам понизок од сите. Дали секогаш? Секогаш! Но нели тие не се во право? А тоа воопшто не е важно! Дали разговорот се води за тоа дали тие се во право или не? Не, станува збор дека со помош на тоа дека ја наведнувам главата, јас добивам можност да создадам кли Малхут, најмала од сите - и тоа е тоа. Што има значење кој е во право? Создателот е во право! Никој од нас не е во право. Никој не знае.Како можеме воопшто да знаеме? Дали групата знае? Групата исто така не знае. Која група? Групата - тоа е само шанса за мене да наведнам глава кон обединувањето и да го прифатам тоа обединување како тотално, совршено. Што може да биде во групата, ако никој ништо не знае? Па нели во нив нема ништо! Станува збор за мене: јас треба да се превиткам и не е важно во однос на кого се превиткувам. Важно е дека јас го извршувам ова дејствие.
Не станува збор воопшто за тоа кој е во право. Групата е секогаш во право. Зошто? така! Ти навистина ли прашаш дали таа е во право или не? За мене ова воопшто не е важно, важно е само тоа дека сум во состојба да се превиткам. Ако сега беше во состојба да го разбереш, тогаш сочини некоја игра за нашиот симулатор, за нашиот виртуелен систем.
Да кажеме, ти вршиш некакви дејствија, вршиш обединување со групата, има некаква интересна програма, која, кога ја користиш, влегуваш во разногласие со групата и станува јасно дека ти навистина си во право, а групата не е во право. Ти имаш две можности, но ти си должен да разгледаш само една од нив: да се приклониш со сето свое срце, не затоа што во тебе нема излез. Ти треба да се радуваш дека си се приклонил и си се согласил со мислењето на групата. Зошто? Затоа што на тој начин ти ќе достигнеш до целта - и со тоа сé е кажано. Вие не ги разбирате сите овие работи - тоа се игри и во нив нема ништо вистинско. Кој е во право, кој не во право, кој е шеф, а кој не е, оставете го сето тоа. Кај вас има само можност да поработите со својот егоизам, и тоа е сè што стои зад оваа слика. Зошто сега ми зборуваш кој е во право?
Накратко - ќе се надеваме за тоа дека имаме доволно ум да сфатиме дека немаме разум, доволно чувства за да сфатиме дека во нас нема срца, дека имаме само камени срца. Во никој нема ништо со што може да се гордее во однос на другите, бидејќи сите сме животни. Групата - тоа е виртуелен лик. Што е тоа група? Тоа сум јас по однос на пет или петнаесет такви како мене. Зарем тие се подобри од мене? Не. Но кога се обединуваме стануваме слични на Вишата светлина. Ако се поништам себе си во однос на нив, тогаш станувам сличен на Вишата светлина и ќе успеам да ја привлечам оваа Виша светлина токму кон себе.Бидејќи сум се поништил во однос кон нив. Што ме интересира сé друго? Важно е да ја добијам светлината што се враќа кон изворот, од неа зависи мојата светла иднина.