Треба да се помни, дека духовното се разликува од материјалното. Во материјалното, ние секогаш сакаме да ги добиеме резултатите од работата веднаш. Можеби тоа не е направениот производ: да речеме јас сошив чевли, ги продадов и добив пари. Но јас ги гледам чевлите направени од мене, ги гледам резултатите од своите напори – плодовите на својата работа. Зависно од нив, јас можам да се проценувам, да се прилагодувам, да се исправам, да научам колку правилно или неправилно сум направил, дали излезе добра работа или расипана. Бидејќи е речено, дека „нема поумен од искусниот“, а искуството се стекнува со свои раце. Јас вложував напори во некое место, и таму ги видов резултатите од својата работа. Така со текот на времето, со методот на обиди и грешки, јас се поправам себеси и напредувам, станувам професионал, вешт мајстор.
Потешкотијата е во фактот што во духовната работа не ги гледаме резултатите. Замислете си го музичарот, кој удира по клавишите, и не слуша никакви звуци. Како тој може да свири? Кога детето го учат да пишува, му даваат тетратка по краснопис, за да ги впишува буквите точно во редот меѓу линиите. Но тука јас немам ниту ред, ниту линии, и дури буквите напишани од мене не се гледаат! Како тогаш јас можам да се поправам себеси за време на дејството, ако не се гледа никаква повратна реакција? Јас вложувам сили, а тие исчезнуваат како вода која тече во песокот. Да речеме, јас сум подготвен да го жртвувам егоистичкиот резултат. Но јас мора некако да се поправам себеси, да се проверувам, да ја подобрувам мојата работа, да стекнувам искуство?
Не, духовното не функционира на таков начин. Јас не добивам никаков одговор, и тоа многу ме ослабува. Јас не можам да вложувам напори, кои не предизвикуваат никаква реакција. Тоа е исто како да се зборува со ѕидот. Целата моја работа е изгубена. Но суштината е во тоа, што реакција има, само што таа не е во таа желба, односно не во тоа место. Таа се депонира, ако барем дел од моите напори се правилни: со намера да излезам од себеси и да се соединам со другите, за да се приближам до Создателот и да му дадам можност Нему да се открие, да му причинам Нему радост, без да барам нешто за возврат. Излегува, дека местото на работата и нејзините плодови се апсолутно одделени еден од друг. Дали јас треба да молам да ги видам резултатите од својата работа? Ако видам дека сум направил нешто добро, тоа ќе ми даде наполнување, задоволство. Тоа може да ме сопре и да не ми даде можност да напредувам, бидејќи ќе почнам да работам заради тоа задоволство. Како тогаш ќе можам да ја проанализирам мојата работа, да проверам дека сум ја извршил надвор од сопствениот интерес?
Како можам да ја видам реакцијата, и да не почнам да се насладувам од неа егоистички? Како да успеам да ја прифатам само заради информација, надвор од сопствените чувства, надвор од својата желба за насладување? Токму тоа се нарекува: да се бараат желби за давање. Односно јас дури не сакам да знам, дали му давам на Создателот, бидејќи во мојата сегашна состојба неминовно со тоа ќе се насладувам и ќе се задоволам. Јас само посакувам моите дејства да бидат за давање, одделени од личното насладување и наполнување, за да не донесат смирување на моите желби, чувства, мисли. На тоа треба да се работи. И затоа резултатот од духовната работа се нарекува „откритие“. Пред сè, тој се открива некако во апсолутно погрешно време и во место, каде што ние не го очекуваме. И самиот резултат е одделен од оние желби, во кои ние бараме наполнување, и затоа е сосема неочекуван за нас. Така се случува на кое било духовно скалило, бидејќи секој пат – тоа е нов свет. Се откриваат чувствувања на новото ниво, со нова длабочина и квалитет, во сосема друг опсег, кој претходно не постоел. Сите мои чувства и критериуми и оценки доживуваат револуционерна промена, „надградба“. Токму затоа тоа се нарекува откритие.
Од подготовката кон лекцијата, 07.11.2013
Вресок на бебето, што ги потресува световите
Нам ни се чини, дека не добиваме моментален одговор на нашите молби и молитви. Но тоа не е така – ние ги добиваме веднаш. Ти се наоѓаш во интегрален систем, поврзан внатре со милијарда конци. Затоа, не може да се случи да направиш некое дејство: во мислите, со зборови, на дело, а тоа да нема влијание врз системот. Секоја, макар и најмала промена што се случува внатре во тебе, го потресува целиот систем. Тој реагира на секој твој елемент. Тоа е како еден организам, што реагира на секоја своја клетка на меморијата, на секоја желба. Ти си поврзан со сите, не можеш да направиш ниту едно движење без да го возбудиш со тоа целокупниот систем. Сите почнуваат да се движат, багодарение на тебе, и ти постојано го менуваш системот.
Механичките дејства имаат минимално влијание врз него, а исто многу мало влијание имаат зборовите. Меѓутоа, со својата намера ти правиш големи промени во целиот систем –дури и денес, кога твојата намера уште не е многу правилна, но сепак ти се трудиш да ја достигнеш. Ти си како бебе, кое се обидува да напредува. Ние не гледаме таков ефект во материјалниот свет, но во духовниот, луѓето кои само што го започнале патот, предизвикуваат со своите дејства најсуштинска и најзначајна реакција на целокупниот систем. Бидејќи според степенот на напредувањето, ти постепено се претвораш од човек кој извршува дејства – во човек кој ги опслужува оние, кои што дејствуваат. Кога се искачуваш до нивото на Бина, „хафец хесед“ или уште повисоко, ти само им служиш на нижите, помагајќи им. Но токму тие предизвикуваат најголеми промени во системот – се разбира, со твоја помош. Состојбата на вишиот: мала или голема (катнут, гадлут) – зависи од нижите, од нивната МА“Н, молитвата. Но токму тие, најмалите, ја креваат молитвата, на која како одговор, целиот систем се става во движење, реагирајќи на нивниот напор некако да се вклучат во него со своето сфаќање и чувствување.
Од подготовката кон лекцијата, 07.11.2013
Како да станеш независен од резултатот на работата?
Прашање: Што може да ни помогне да станеме независни од резултатот на нашата работа?
Одговор: За таа намена треба да се замени материјалниот резултат со духовен. Духовниот резултат значи да му се причини задоволство на Создателот. Замисли, дека некому многу сакаш да му донесеш радост, пријатно чувство, да го направиш среќен. А тој некој е Создателот. За да имаш подобра претстава за Создателот и помалку да погрешиш, замисли, дека сакаш да го направиш среќен целиот универзум: неживата природа, растенијата, животните, луѓето. Ти сакаш да им донесеш добро, а самиот да се раствориш во нив, целосно предавајќи им се отсега и во секој миг до бесконечноста, надвор од времето, движењето и просторот, во сите свои дејства. За да биде уште поконкретно, замисли, дека се наоѓаш во групата и внатре во неа сакаш, и се трудиш да извршиш такви дејства во однос на пријателите. Ти сакаш целосно да се предадеш себеси на пријателите, да се вклучиш во нив и таму да исчезнеш. Но тоа мора да биде практично реализирано, односно ти мора да бидеш подготвен за секоја работа, за да се раствориш во пријателите. Сè исчезнува: и причините и дејствата и резултатите – сè е фокусирано само на пријателите. Помисли на тоа, замисли таква состојба и провери ги своите заклучоци на дело, во дејството. Треба да се разјасни дали тоа се празни зборови – дали тие продираат во твоето срце. Тоа пак, се проверува само преку дела. Ако таква намера ти овозможува да се натераш себеси да дејствуваш, значи таа е правилна. Ако пак имаш потреба да ја промениш намерата за да почнеш нешто да правиш, значи твојата намера сè уште не е сериозна, како што се вели „без покритие“.
Од подготовката кон лекцијата, 07.11.2013
Да се надградиме до верзијата на Создателот
Баал ХаСулам, „Суштината на религијата и нејзината цел“: Методиката на поправка може бавно и постепено да нè прочистува. Нивотото на прочистувањето, пак, се одредува со степенот на осознавање на злото, што се крие во нас. Постои виша, вистинска слика на реалноста – добро и зло, гледано од страна на Создателот. Јас пак, се наоѓам долу и мора да ги променам своите расипани претстави за доброто и злото, согласно со Неговите претстави. Тука, долу, секој има своја скала, свои критериуми. Секој според мерките на сопствениот егоизам просудува што е за него добро, а што е лошо. Тоа се однесува на нашето однесување со луѓето, кои нè опкружуваат, на различни работи, навики и др. Сè во животот јас можам да поделам на две категории - добро и лошо. Соодветно на тоа, од доброто јас очекувам награда – во овој свет ли во идниот, додека лошото ми предвестува казна тука или таму. Како резултат на тоа, јас тежнеам кон едни работи, додека од другите се трудам да се држам подалеку. Секој има своја „трпеза“ („Шулхан арух“ – кодекс на закони и прописи), секој самиот одредува за себе со што да се зближува, и од што да се оддалечува - согласно своите проценки за наградата и казната.
Ние пак, во кабалата кон тоа ја додаваме вишата „надградба“ – критериуми за лоши и добри работи, гледано од страна на Создателот, соодветно на кои Тој или наградува или казнува, за да го приближи човекот кон Себе. Значи, јас сум обврзан да ја променам својата „трпеза“, да ја пренесам својата анализа, своите определби и проценки од личното поседување, во поседување на Создателот. Сакам да просудувам, да гледам, да распознавам, да се однесувам кон светот како Него. За тоа е речено: „Направи ја својата желба слична на Неговата желба“.
Целата методика на поправка претставува суштински систем или направа, уред, со чија помош јас ја менувам во себе свеста за злото и доброто, трансформирајќи ја од критериумите на мојот зол корен - во критериуми на Создателот, добриот корен. Станува збор за промена на односот, чувствувањето, принципите на анализата, одлуките – сè, што ја исполнува мојата „обвивка“. Во мене се трансформира основната програма, наменета за тестирање и донесување на одлуки, - експертен систем. Постепено доаѓа Светлината и ги менува сите мои корени. Притоа „хардверот“ на системот останува непроменет: моите „врски“ функционираат на истиот начин, моите „ќелии“ на ист начин реагираат на импулсите. А Светлината постепено ме „репрограмира“, ги поврзува на нов начин, создава нови алгоритми. Така се остварува оваа духовна „надградба“, обновување од почетната верзија на личната желба до крајната верзија – желбата на Создателот. Методот на поправка постепено го развива, го зацврстува во мене чувството на осознавање на злото и ми помага да го трансформирам мојот поглед на светот, мојот вкус, мојот менталитет. Таа постепено заменува сè, во мене, со нови делови – и тоа по моја лична желба и согласност.
Од лекцијата по статијата „Суштината на религијата и нејзината цел“, 07.11.2013