Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вистината е на средината помеѓу двата света

02.08.2010

Човекот делува по сила на навиката, чувствувајки и примајки го само тоа, на што навикнал. А се на што не сме навикнале поминува покрај нас, останувајки несфатено. Ние несвесно го игнорираме сето ново уште пред неговото чувствување, осознавање. Затоа ни е така тешко да се сретнеме со духовното! Ние живееме во свет, кој го избираме од светот на бесконечноста, што нас не` опкружува, избирајки тоа, на што сме навикнале, нам познато. За да го прошириме нашиот свет со светот на давање, ние треба со "вера над знаењето" не да ја оттурнеме, туку да ја примиме состојбата на давање, особините, желбите, мислите и дејствата на "антисветот". За тоа треба да се соединат во себе две спротивни скалила: да се осознае својата сегашна егоистичка состојба, нижото скалило, од особината на давање, вишото скалило.

И да престојуваме помеѓу овие скалила, да се радуваме на чувствувањето на нижото и можноста да се најдат сили, за над него да се искачиме. Таквите сили доаѓаат до мене преку групата од вишата светлина, задржувајки ме над земјата, како со магнет. Вистината и верата ( давање) треба да ме привлекуваат нагоре посилно, отколку чувствувањето на животниот егоизам што ме повлекува надолу, "кон земјата'. Но вистината е во истовременото чувстување на двете скалила, а секоја поединечно – е лага. Дури ако јас целосно сум во духовното – тоа е лага.

Вистинската состојба – е секогаш помеѓу двете скалила, кои истовремено создаваат и чувство на совршенство – и недостаток, благодарност – и молитва. Јас треба да се радувам, дека ги осеќам двете чувства наеднаш и постојано се наоѓам во преодна состојба, чувствувајки пречки и задржувајки се себеси над нив со сила, небаре човек, кој се искачува на планина и чувствува дека ако ги ослабне напорите – веднаш ќе падне. Само таквата состојба е вистинска, и ние треба да се научиме себеси постојано да престојуваме во неа и да и се радуваме. Така ние можеме да се провериме себеси: способни ли сме без оглед на своето незадоволство и вечната борба , цело време колебајки се помеѓу воодушевувањето и целосниот очај – токму тогаш да останеме во радост!

Ние- сме постоечки од ништо

Создателот – тоа е само една особина – давање, апсолутно добро. Но суштеството е создадено од Создателот како спротивно на Него, желба за примање ( насладување). Затоа, за да се дојде до сличноста со Создателот, суштеството мора да помине многу спротивни состојби. Не само едноставно да се смени желбата за примање за желбата за давање и да се присоедини кон Создателот,туку да се остане самостоен, но истовремено и сличен на Создателот, суштеството содржи во себе два составни дела: желбата да се наслади и чувството на давател.

Целото наше чувствување на светот и нашето постоење е изградено од овие две спротивности: "еш ми аин" ( постоечки од ништо) – само тогаш суштеството се чувствува себеси како постоечко. Ние не можеме да постоиме само во "еш" ( во реалноста на Создателот) или само во "аин"( во реалноста на суштеството), и затоа поминуваме во себе низ последователни промени, за светлината "еш", која ме создаде од ништо ("ми аин"), ја доведе желбата ("аин") во обликот на "еш", обликот на Создателот. И така тој ме води мене по таа низа: од причината – кон последицата, од причината – кон последицата, каде што секој претходен резултат станува причина за следната состојба. Додека не започнам да го осеќам односот кон мене од Него – некој надворешен, туѓ – силата, која ме создаде и со мене управува.

Освен наполнувањето, кое јас го чувствувам "внатре во знаењето", постои уште силата на Создателот, која ме развива, покажувајки ми образец и цел – тука јас морам да делувам "со вера". Јас престојувам во својата сегашна состојба како животно,продуктивно само од тоа што го има, - но исто така ја имам предвид следната состојба, скалилото, иако сеуште ја немам, но јас го примам нејзиното постоење "со вера", бидејки таа е спротивна на мојата тековна состојба. Природата на духовните скалила е: скалилото што следува е спротивно на претходното, затоа што тоа е – давање поголемо од претходното. Затоа, за да се искачам на него, јас морам да ги прифатам нејзините услови "на давање без оглед на егоизмот" – "со вера над знаењето".

Инаку јас засекогаш ќе останам на тековното, животинско скалило и ќе примам се во истата желба да се насладам, наместо да се искачувам по духовните скалила – скалилата на давањето. Затоа е неопходно да се подготвиме себеси така, да го прифаќаме следното скалило како посакувано, наместо да го оттурнуваме.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica