16.12.2010
Прашање: Во овие денови кога секоја секунда до нас доаѓаат некои нови предизвици од сите страни и ние само се бориме со нив – какви необични средства за тоа, кои ги нема никаде, предлага кабалата?
Науката кабала ни објаснува, од каде доаѓа целото зло и која е причината што ни е лошо. Таа тврди, дека злото не доаѓа од некаде однадвор, од другите луѓе или случајно – туку ни посочува директно навнатре, говорејќи ми: ти самиот си причината за сето зло!
Со ова човекот многу тешко се согласува, и затоа веднаш ја отфрла кабалата. Но откога кабалата ни укажува на причината на злото, таа објаснува, дека постои само единствена шанса да се дојде до доброто – да се поправи злото во себе, во добро! И тоа да им биде добро на другите, а не мене!
Се испоставува, дека освен што морам да признам дека целото зло е во мене и да се поправам себеси, за да им биде добро на другите до мене – јас морам уште со тоа и да се насладувам, воопшто не чувствувајќи ја својата состојба и грижејќи се само за доброто на другите? Кој ќе го купи таквиот метод?!
Затоа таа е погодна само за оние во кои постои точка на вистината и по својата природа тие веќе не можат да остануваат во лага – што и да се случи, потребна им е вистината! Такво барање доаѓа до човекот од страна на Природата, а не затоа што е тој толку добар и посебен херој. Едноставно, желбата да се открие вистината – му станува поважна од сé друго во животот. Во него наеднаш се открива таква нова желба за вистината, која не постоела порано.
Тие пак, во кои постои само една поранешна желба – кон нашиот свет, подготвени се за измама. И затоа во сé е во трка по сето она што придонесува за таа измама, задоволувајќи го својот егоизам. Само тие, во кои се создала желбата за вистината, која не може да се потисне – со радост го примаат методот на кабалата. Бидејќи тие немаат излез, ништо повеќе нема да им помогне. Таквите луѓе напредуваат.
Ако пак човекот сега засега е способен да се согласи на некој компромис – тој ќе избега. Не треба за тоа да се обвинува или да се игнорира, бидејќи да си на негово место и ти би го направил истото...Тоа е природа: која од двете сили е поголема, таа ќе надвладее – механиката е многу поедноставна. Зошто до сега не си замолил...??
Откога одозгора ќе те доведат во групата – веднаш почнувај со нејзина помош да ја креваш важноста на целта, за да го зголемиш тоа што ти е дадено првично како една прва искра. Бидејќи само заради таа важност ти ја надминуваш лагата и ја купуваш вистината. Ако не ја добиеш таа важност од групата – или ќе се вратиш назад кон лагата, или ќе седиш и нема да правиш ништо, немајќи сили да напуштиш сé , ќе се јадосуваш. Според степенот на важноста – ти ќе бидеш подготвен да го трпиш страдањето на твоето его, а вистината да расте. Но тоа е многу болно.
Освен тоа, групата помага да се сфати, дека да се достигне нешто може само со молитва. Молитвата е молба за промена на желбата од примање кон давање, од разделувањето и омразата – кон соединувањето и љубовта.
Се сеќавам, кога некогаш шетавме со Рабаш во шумата покрај Бејт Шемен, и јас му раскажав за сите мои проблеми, негодував и викав десетина минути, додека тој спокојно слушаше и на крај рече: "А зошто не си Го замолил Него?" Многу ни недостига оваа молба.
– "Сепак зошто не си замолил?" Бидејќи нашата природа не ни дава да дојдеме до неа, не ни дава да замолиме. Тоа не се вклопува во нашиот разум и срце, дека е потребно само да организираме молба за поправка. И луѓето се мачат месеци и години, немоќни да замолат – да ја кренат МА'Н...