Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Вишата логика на програмата на суштеството

18.08.2010
Прашање: Зошто достигнувањето на целта на суштеството е толку сложен и повеќестепен процес, кој содржи спуштање, подем, разбивање?

Затоа што првично тој се состои од два спротивни еден на друг составни делови: светлината и желбата ( кли), кои градат врска помеѓу себе врз основа на својата спротивна природа. Процесот на развитокот произлегува од 2 услови и условува еден закон на развитокот: две спротивности – во почетокот мораат да дојдат кон целосна сличност на крајот. Од овие почетниот и конечниот услови неминовно произлегува целиот процес. Ние не можеме во него ништо да заменуваме и да делуваме по друга логика. Постојат утврдени услови – почетниот и конечниот.
Услов 1: Бесконечното растојание помеѓу нив.
Услов 2: Нивно целосно соединување, до самиот крај.

Пред тоа: едниот – потполно отдавачки, а другиот – потполно примачки. Од една страна помеѓу нив постои бесконечна бездна, а од друга страна, постои конечна точка, каде што тие се спојуваат во една целина. Пробај сега да ја напишеш формулата, по која од 1-иот услов – целосната спротивност, може да се дојде до 2-иот услов – целосната сличност. Во светот на Бесконечноста веќе постои и поделба на овие два составни дела и нивно соединување. Иако таму постои светлина и желба, но тие се споени и се надополнуваат еден со друг. Тоа спојување се одржува со силата на вишата светлина. Односно конечниот услов најпрво се обезбедува со силата на свелината, Создателот. Тоа ни дозволува да ја откриеме формулата – како треба да се изврши овој премин од едната состојба во друга? Потенцијалните услови се создадени – сега треба да се започне реализацијата. И целата реалност сега последователно се открива слика по слика пред нашите очи – на тие исти суштества, кои престојуваат во светот на Бесконечноста. Ние никогаш не излегуваме од таму. Во тоа единствено место ( желбата), создадено од Создателот, постои светлина, желба и условот за нивното спојување – и сето тоа сега се остварува. Затоа ние самите се нарекуваме дејства на Создателот, резултати на Неговата работа: суштества, дела, творби. Тука е невозможно било што да се промени – самите услови: почетниот и конечниот ("крајот на дејството, содржан во почетната замисла") веќе одредуваат се што ќе се случува – вклучително разбивањето.

"Од 3 до 5 години" : нормален лет

Групата - тоа е тој материјал, внатре во кој јас работам. Тоа е тоа место, работна лабораторија, каде што јас ги остварувам сите свои дејства. Тој нишан, преку кој јас се насочувам себеси кон целта – бидејки поинаку таа не ми се гледа. Да речеме, ти треба да ја погодиш од пушка духовната цел – но како ти ќе ја погодиш, ако не ја гледаш? Што ќе те насочи точно во потребното место? Тебе ти е потребен некој надворешен набљудувач, кој ќе погледне од страна – односно трета сила, која ќе те насочи. И која е таа трета сила во нашиот случај? Создателот е скриен од мене, и јас сум далеку од него, и затоа по пат ми изградуваат набљудувачка станица или нишан, која се нарекува "група". Ако јас се обединувам со неа и внатре во неа се насочувам себеси кон целта – јас секако ќе ја погодам целта. Треба да земам предвид многу услови: "оддалеченост", "ветер" и др., - и сето тоа јас го наоѓам во групата. Дури и материјална цел не е едноставно да се погоди, а во духовниот свет делуваат бесконечен број услови, кои не ми се познати. Целиот тој систем е скриен од мене. Само потоа јас по малку почнувам да откривам, дека излегува, го активирам најсложениот огромен систем – како бебето со своето плачење ги тера сите околу него да се растрчуваат и да работат цели фабрики да му се обезбедат "памперси" и детска храна. Така и ние делуваме во општеството, самите не разбирајки како. Мојата врска со Создателот е разбиена, и ако јас ја воспоставам врската со општеството, без секаков сомнеж ќе го погодам Него, затоа што Тој се сокрива внатре во истата таа врска.

Искачување по скалилата на љубовта

Прашање: Во што се изразува желбата повеќе да се соединиме заедно – во мислата или во осетот?
Желбата повеќе да се соединиме заедно се изразува во тоа, дека јас сакам да престојувам во заедничкиот осет, каде што не постои поделба на "јас" и "другите", туку постои нешто заедничко. Но што е тоа – јас не знам. Јас не сакам да го чувствувам своето "јас", туку сакам да го осеќам "ние", во кое не постои поделба на мене и другиот. Тоа е новата реалност, родена од нас. Бидејки на повисокото скалило, кое ние го раѓаме со своите напори, - желбата - неделива во споредба со нашето скалило, - како многу капки вода се слеваат во една голема капка. И тогаш не постои можност да се разликува нашата претходна состојба, кога секој од нас постоел посебно. Невозможно е точно да се изрази тоа со нашиот јазик, но јас како да се губам себеси, не постои моето "јас" – на следното скалило тоа се претвора во "ние". Но во однос на уште повисокото скалило, каде што се се слева во една капка, во нас започнуваат да се откриваат нови желби, нови слоеви на егоизам.

Од каде тие се откриваат? – Од АХАП вишата, која ги осветлува. Тогаш јас почнувам да откривам, дека воопшто не сум поврзан со другите, дека јас сум сам за себе и тие исто така. Такво нешто се случува во нашиот живот – ти сакаш да се соединиш со некој со цело срце и душа, а после еден миг веќе настануваат различни пресметки, кои ве разделуваат. Во духовното се случува истото тоа – но токму затоа што вишиот започнува да ти ги осветлува недостатоците во таа состојба. Тебе ти се чинеше дека вие го достигнавте единството, а сега тебе ти покажуваат, дека не е така - повторно ве разделуваат егоистички пресметки и дури омразата, иако порано ти си мислел, дека помеѓу вас постои само љубов. Како и во нашиот свет – ние мислиме дека цело време ја менуваме љубовта на омраза, а омразата на љубов. Но тоа не е така. Тоа се различни скалила. Секој пат нам ни се открива се поголемо его, и затоа на секое скалило злото секогаш се претвора во добро, а потоа доброто – повторно во зло, и така ние напредуваме.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica