03.11.2010
Баал ХаСулам во своите статии обично ги користи зборовите "религиозен" и "светски",но не во таа смисла, како што е нормално во нашиот свет. "Религиозен" човек во термините на науката Кабала – тоа не е традиционален термин, кој означува некоја светска религија: јудеизам, ислам, христијанство или секакви верувања. "Религиозен" се смета тој, кој наоѓајки се во овој свет, посакува да се исправи себеси и да се крене во духовниот свет се до светот на Бесконечноста, до сличноста со Создателот. Во тоа се состои целта на постоењето на секој човек во овој свет, која Баал ХаСулам ја објаснува во статијата "Суштината на религијата и нејзината цел". Но понекогаш, тој навистина мисли на традиционалната религија, сакајки да објасни некои моменти.Затоа треба секогаш да се гледа од контекстот, како треба да се толкуваат неговите зборови. "Светски" луѓе се тие, кои не се занимаваат со сопственото исправување, туку прават се' само поради наградувањето, во овој или во идниот свет.
"Религиозен" е тој, кој се исправува себеси до нивото на Создателот и за тоа ја користи "Вистинската Тора", т.е. науката кабала. Како што е речено: "Јас го создадов почетното зло и Тора – како средство за неговото исправување". Т.е. најнапред треба да се открие во себе егоистичкиот почеток, и само тогаш ќе ти притреба "Тора" за негово исправување, затоа што само во тоа е нејзината цел. И тогаш нејзината светлина, која ти ја откриваш при правилното учење, ќе те врати кон својот Извор.Т.е. почетното зло ќе се претвори во добро. Притоа само желбата не се менува – се менува само нејзината намера: од "поради себе" – на "за благодет на ближниот".
Движечка сила на суштеството
Книгата Зохар ни ја опишува врската помеѓу нас. Бидејки нема што повеќе да се објаснува. Дури тука, во овој свет, ние постојано откриваме, во каква врска еден со друг се наоѓаме. Ние тоа не го осознаваме, но цело време сме зафатени само со тоа. Дури иако нам не ни е познато, што не' движи во сите наши дејства и мисли, но сите тие се диктирани само од желбата се' повеќе да се напредува во врската помеѓу нас или во спротивна од неа насока. Познато е, дека луѓето, кои меѓусебно се сакаат, некогаш намерно малку се караат, за да ја зацврстат врската. Но тоа не е важно, бидејки во секој случај се одвива испитување на врската – не повеќе од тоа.
Гледајте, со што само ние се занимаваме! Комуникациски врски, телевизија, печатени медиуми, политика, економија, семејство – сето тоа е врска помеѓу луѓето. И не е важно, дали е позитивна или негативна, - но само во таа област ние дејствуваме. Ние како да сме заболени од тоа, бидејки целта на суштеството не насочува само кон врската помеѓу нас. Или напредуваме кон неа по добар пат, следувајки по правилната метода и знаејки што да правиме. Или одиме по патот на страдањата. Но во секој случај напредуваме само кон врската.
Затоа, отворајки го Зохар, ние треба да мислиме само за тоа. Зохар зборува за напредните облици на врските помеѓу нас, за семожните нејзини видови. И затоа, читајки Зохар, јас треба да мислам, дека се наоѓам заедно со другите души, во соединението со нив ја чувствувам врската помеѓу нас и сакам да ја распознаам истата таа слика, истиот облик на врската, за која што раскажува Зохар. Бидејки ако ние се доближиме до неа, веднаш ќе го откриеме Создателот и вишиот свет. Затоа ние треба да се стремиме кон откривањето.Тоа се нарекува "да се сака да се спознае изучуваното", да се соединиш со него.
Светска служба за реанимација
Прашање: Што е тоа "внатрешно распространување"?
Внатрешното распространување значи, дека меѓусебно ние, устремени кон откривањето на Создателот, се наоѓаме во силна врска, а бидејки сме поврзани исто така и во заедничкиот систем Адам со сите души, тогаш нашата силна врска почнува да ги реанимира. Ако во организмот постојат некои болни места, но основните системи се здрави и добро работат, тогаш благодарение на тие здрави системи, телото ги излекува проблематичните места.
Светлината, која се открива во нас, благодарение на нашето обединување, "се излева" надвор – на сите тие луѓе, кои самите не би можеле да ја добијат, и тие почнуваат да чувствуваат, дека таква сила постои, и таа носи спасение. Засега нив ги загрижуваат само овоземните проблеми, но и тие толку се засилуваат, што човекот не наоѓа одговори за нив: еколошки катастрофи, терор, наркотици, депресија, рушење на семејството. Сите овие проблеми доаѓаат од природата, од Создателот, и затоа човекот нема да најде решение за нив на нивото на нашиот свет.
Човештвото ќе се стркалува се подолу, се додека не разбере, дека да се запре тоа лизгање е невозможно! Бидејки природата треба да не' доведе до осознавање на злото, како што е речено: "Ја го создадов злото начело и Тора (кабала), како средство за негово исправување". А ако јас не го чувствувам своето зло, тогаш немам што да исправувам, и не ми е потребна кабалата, како средство за исправување. И затоа секој, кај кој ќе се појават вакви прашања, инстинктивно ќе не' најде. Ние веќе извршивме таква голема подготовка, што во надворешното распространување постојат веќе сите можности.