Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во овој свет сé е релативно !

05.01.2011
Прашање: Во неговата статија "Науката кабала и филозофијата" Баал ХаСулам пишува, дека "сé додека науката не се развие до својата совршена форма, ние треба да ја земаме предвид само конкретната реалност". До каква "совршена форма" ќе се развие науката?

Одговор: Науката ќе се развие до состојба кога ќе се спои со науката кабала и ќе се приклучи кон истиот тој правец. Впрочем нашиот свет ќе се крене и ќе се преслече во Вишиот свет, станувајќи негов неразделив дел и вклучувајќи се во него со сите свои дејства, со сите наши напори вложени дури и во материјата на овој свет.

Ништо не се губи без трага, сé припаѓа на еден универзум, на една реалност. Затоа природните науки исто ќе се спојат и ќе се вклучат во науката кабала како нејзин органски дел. Науката кабала го покрива целиот универзум, така што исто ќе ги опфати сите науки на нашиот свет. Веќе и сега таа ги опфаќа, само ни се чини дека тие постојат одвоено.

Бидејќи сите закони на овој свет - се истите закони кои постојат во духовниот свет, само отпечатени во нашиот егоистичен материјал. Ако материјалот работи со намера да прима "поради себе" на скалилото Малхут де-Малхут на светот Асија, тогаш се добиваат такви закони.

Во духовниот свет намерата "поради себе" припаѓа на клипот, нечистите сили – и таму се тоа духовни закони. А тука тие излегуваат материјални, без сфаќање дека се во намера "поради себе". Ако ја достигнуваме Конечната поправена состојба (Гмар Тикун), тогаш цел овој свет постепено сé повеќе се поништува и исчезнува. Ние сé помалку го чувствуваме и сé поголем негов дел се губи од нашата перцепција.


Ние почнуваме да чувствуваме колку сето е минливо и привремено. Небаре трансформациите на материјалот од една состојба во друга, кога формите се враќаат во првобитна состојба и од "експлицитни состојби" на тврдата супстанција се претвораат во течност, но потоа во не многу јасно изразено – во гас, а потоа во сосема нејасно – во нула/празнина...

Сето тоа се случува во нашите сетила, во нашата перцепција. И ако нашата перцепција се менува, тогаш нема место за обична физика, која, всушност, се занимава само со неживата материја.

Биологијата, зоологијата, медицината – се занимаваат со растителното и животинско ниво. Целокупната наша наука не се крева над тоа ниво: неживото, растителното, животинското. На човечкото ниво веќе не постои "наука" во строга смисла на зборот – само регистрирање на акумулираните согледувања од животот, фактите (психологија, психијатрија).

До степенот до кој овој свет ќе исчезнува од нашето чувствување во нивоата на неживо-растително- животинско, и сите овие нивоа ќе продолжат да се "згрутчуваат" искачувајќи се и вклучувајќи се во човечкото ниво, ние ќе престанеме да се занимаваме со овие науки, бидејќи ќе престанеме да ги чувствуваме овие појави и да ги сметаме за постоечки во тој облик, какви што сега ги замислуваме.

Целата оваа реалност постои само во однос на нас, ако сите наши особини и сетилни органи се менуваат, т.е. се менува реалноста која ја перцепираме во тие сетилни органи, тогаш каква наука може да има за непостоечка реалност? Сé е релативно...

Влезница за книгата Зохар

Книга Зохар. Предговор. Глава "Итро", статија " Погледни ја тајната на лицето", т.100: Во родот на Давид сликите на цвеќето(боите?) се менуваат во спротивни. И затоа згрешил Шмуел, како што напишано: "Не гледај на неговиот изглед". Бидејќи во Елиав постоела друга страна, која ја немало во Давид. Цртите на Давид се скриени, бидејќи цртите на другата страна се вклучени во неговите црти, и ликот на другата страна се гледа во него од почеток, и тој површно поминува пред очите, и срцето е исплашено и трепери.

Ние грешиме: вложуваме многу сили за да сфатиме за што зборува Зохар, а многу помалку – во намерата, во мислите за тоа дека треба да се соединиме и во нашата меѓусебна врска да го откриеме Зохар. Бидејќи само до степен на единството во нашето обединување ќе се открие ликот на Создателот, сосема поинаков од тој што ние си го замислуваме пред обединувањето.

Нашето соединување – е влезница, која ни овозможува да ги видиме и почувствуваме духовните ликови и особини, за кои зборува Зохар. Сите тие заедно ни го даваат ликот на Создателот. Ако пак ние без барање на врската меѓу нас сакаме да го сфатиме изучуваното – тоа се нарекува надворешно учење, клипа, смртоносен отров. Ако во учењето јас се трудам да го пронајдам ликот кој го изучувам, - тоа е клипа.

Ако пак пред сé јас сакам да го откријам тој лик низ призмата на соединувањето со групата, со опкружувањето, и само после соединувањето се обидувам да го пронајдам духовниот лик за кој зборува Зохар – тогаш тоа е светост, давање, духовност. Бидејќи на крајот на краиштата јас ја барам формата на соединувањето/давањето, и тоа е најважно.

Додека во првиот случај јас го барам ликот/формата на примањето. Затоа пред сé неопходно е да се погрижам за тоа како јас поминувам низ таа призма – намерата, соединувањето со групата, со опкружувањето. Тоа е многу важно! Без тоа не вреди да се отвора Книгата Зохар, бидејќи таа може да стане или смртоносен отров или еликсир на животот.

Светот во проекција на Светлината

Прашање: Дали би можеле да објасните што преставуваат формите на соединување за кои се зборува во Зохар или да наведете некој пример? Како најдобро може да се замислат?

Одговор: Сето, за што се зборува во Зохар се форми на соединување меѓу душите: видовите (лав, бик, орел, човек), сфирот (гвура, хесед, тиферет, јесод), буквите (хаф, заин, таф), боите (бела, црна, црвена, зелена) и т.н. кога во тебе наеднаш се создава одредено духовно чувство, тоа јасно ти дава до знаење дека тоа се нарекува, да речеме, "десна веѓа", а другото чувство – "лева веѓа", и т.н. Ти тоа ќе го почувствуваш.

Да речеме јас го гледам лицето на човекот. Тоа предизвикува во мене различни впечатоци: "Какво чело! Какви очи!" Но тоа не се чело и очи, туку моите внатрешни впечатоци, осети, појави внатре во мојата желба за насладување. Јас фаќам некое влијание и тоа во мене создава лик, кој јас го нарекувам во согласност со тоа што тоа во мене предизвикува, а не со тоа што тоа претставува во реалноста.

Истото е во духовното, само без материјалната слика која се создава пред мене во нашиот свет. Духовните ликови живеат сами за себе. Јас ги откривам тие форми, сили, впечатоци и ги нарекувам со различни зборови – "црвено", "бело", "црно", "горко", "слатко", "кисело", "висок", "низок" и т.н. Само сето тоа – без сликата на овој свет.

Всушност сликите на нашиот свет ние исто така ги гледаме не однадвор, туку внатре во нашата желба за насладување, како на мониторот на компјутерот гледаш различни комбинации на електричните сигнали кои се спојуваат во некоја слика. И ние треба сите наши желби да ги споиме во слични комбинации за да видиме дека овој свет, форма на реалноста која ние сега ја перцепираме – всушност е имагинарен..Тој не постои сам за себе, туку само во однос на нас, кои така го перцепираме!

Секој од нас е резултат на проекцијата на Светлината, слично на формите, создадени во воздух од ласерски проектор. Сите ние сме такви форми – ликови нацртани од Светлината, и само се чувствуваме постоечки во некоја реалност, во некој обем.

Но всушност во тие слики нема ништо реално – тоа е само проекција на некои ликови кои се создаваат пред мене, бидејќи јас се уште не можам да ги перцепирам во повнатрешна форма.


Разбивање: зрна на Светлината во секое делче.

Прашање: Во што се разликува работата со "грешниците" и со "праведниците"?

Одговор: Пред сé треба да се разбере, дека станува збор за состојбите на човекот во однос на Создателот.

Како што објаснува Баал ХаСулам во Предговорот кон ТЕС, ние мораме да ги поминеме овие состојби на патот: завршен грешник – недовршен грешник – среден – недовршен праведник – завршен праведник. Како да се проверат овие состојби?

Кого и да прашаш, секој се смета себеси ако не за праведник, тогаш во најмала рака за среден. Всушност единствениот критериум за правилна проценка е самопоништувањето во групата. Во дадениот случај опкружувањето е наш инструмент за мерење.

Заедничкото кли се разбило токму за да наведнувајќи ја главата пред опкружувањето сфатиш каде се наоѓаш и да добиеш сили од Создателот. По разбивањето твоето кли се поделило на многу делови. Создателот, Кој престојувал во него исто така се поделил и сега се наоѓа во сите тие делови.

Тие се како парчиња на некогаш целосен мозаик, кои ти ги собираш согласно со програмата дадена одозгора. На таков начин ти ги обединуваш деловите на твојата душа – заедно со деловите на Создателот, деловите на Светлината кои се кријат во нив. Во овој свет, во својот егоизам ти сето го воспримаш како материјална група. Но всушност тоа не е група.

Со тек на времето групата станува за тебе духовен поим. Тоа не се луѓе кои заедно пеат песни и сакаат да се обединат – во секој од нив ти го пронаоѓаш делот од своето кли со вградениот во него дел од Создателот.

Зад лицата на пријателите се крие духовното опкружување. Сега ти е јасно, дека разбивањето, нашата сегашна реалност и пријателите ти овозможуваат да извршуваш духовна работа. Кога Создателот е недоволно важен во твоите очи, ти се чувствуваш како грешник, и тогаш за да стекнеш таа важност се обраќаш кон опкружувањето.


Во него постои келим, во него е присутен Создателот, во него тече Светлината, која ти го доведува тој духовен поим. На таков начин сé се наоѓа на едно место: човекот и сите делови кои му се чинат туѓи.

Од утринската лекција /05/01/2011.  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica