16.02.2011
Прашање: Каква е таа сила која произлегла од разбивањето и нè турка кон равојот?
Луѓето не сфаќаат од каде се појавува силата на животот. Научниците се обидуваат да го најдат изворот на животната сила, како древните алхемичари кои неуспешно се обидувале да ги претворат обичните метали во злато. Тие го земаат неживиот материјал и со секакви влијанија, со електрични импулси, се обидуваат да го оживеат и да го претворат во растение – во нешто што се развива.
Ако тоа се објасни според кабалата; тие се обидуваат да привлечат кон неживата материја, дополнителна Виша Светлина, која ќе повлијае врз материјата и ќе ја крене на следното скалило – од неживото ниво на растителното. Но тоа е невозможно!
Тие немаат никаква можност тоа да го направат и ништо нема да успее. Нека продолжат за да се убедат дека тоа е невозможно. Беспредметно е да се бара начин да се внесе живот во нежива материја, зошто секое дополнително скалило, дури и формите на постоење во нашиот свет – тоа е дополнителна Светлина внатре во желбата.
Па како е можно со некои физички дејства да се привлече Вишата Светлина која од каменот ќе направи растение. Тоа е навистина смешно.
Енергија на животот е Светлината
Дополнителната сила за премин од неживата состојба во растителна доаѓа преку внатрешни разјаснувања. Самиот развој е веќе инсталиран во програмата на суштеството и не се бара од човекот да создава од себеси човек! Треба само да направи разјаснување.
По разбивањето, ние постоиме меѓу доброто и злото, и цело време правиме разјаснувања меѓу нив. Прво тоа се одвива на неживото ниво: меѓу електроните и елементарните честички, молекулите и диполите – како милијарди години на формирањето на Земјината топка која поминувала периоди на загревање/ширење и ладење/собирање.
Преку тие разјаснувања таа ја привлекува кон себе Светлината која враќа кон Изворот и како резултат го достигнува следното скалило, почнувајќи разјаснувања на растителното скалило кое веќе се развива и прима различни форми. Неживото само го одржува своето постоење, создадено од заемното дејство на двете спротивни сили: електрони, протони, други честички кои се компоненти на неживата материја.
Во растението освен материјата има уште една последица, која го прави во нешто слично на Создателот. Растителната материја почнува да покажува дека внатре во неа дејствува Светлината. Тоа е како во четирите фази на развојот на Директната Светлина. Станува јасно дека првата фаза се развива кога таа преминува во втората фаза ,која го сака спротивното во споредба со првата. Исто и растението во кое има сила, која се спротиставува да биде неживо, спротивна на мртвото, неживото, и која сака да се развива. Благодарение на таа сила растението се претвора себеси во своја спротивност, ја превртува својата основа, природа.
Токму таа сила се нарекува сила на животот – сила на растението која се раѓа од силата на неживата материја. Тоа е силата на Бина, спротивна на силата на Хохма – втората фаза (бхина алеф), обратна на првата фаза (бхина бет). Потоа почнува развојот на уште повисоко, животинско ниво кое поседува "двојна" животна сила во однос на неживата материја.
Како што Бина го раѓа од себе Зеир Анпин, кој во себе веќе ги соединува двете сили: Хохма и Бина. Затоа на животинското ниво се манифестираат многу повеќе особини слични на Создателот. Животното е слично на Создателот зошто самото се размножува, слободно се движи – има многу поголема слобода од растението. Меѓутоа таа слобода му се дава одозгора, за да на крајот од неговиот развој, му се покаже дека апсолутно не е слободно!
Но за да се сфати тоа, прво тоа треба да се чувствува дека живее слободно, дека е господар на својот живот и на целата Земјина топка – како што мислат сите луѓе, зошто човекот постои на ниво на животинското тело. Дури потоа од животинското ниво се раѓа човечкото скалило, но целиот развој се одвива под влијание на Вишата Светлина.
На неживото, растителното и животинското ниво – тој е задолжителен, одреден одозгора и Светлината се привлекува автоматски. Но на човечкото скалило веќе се поставува прашање за самостојниот развој – за слободата на вољата, создавањето на опкружувањето.
Одозгора човекот го доведуваат во групата, му даваат книги, точка во срцето, сите компоненти за развој – но да го реализира, мора тој самиот. Во спротивно ќе го придвижуваат преку страдања. На човечкото ниво ние самите мораме да изградиме сé што ни недостасува за нашиот дополнителен развој, и самите да ја привлечеме кон себе Светлината со помош на нашите намери. Со тоа ние се правиме себеси слични на Создателот.
Со тоа што ја привлекувам Светлината – јас самиот градам светови, парцуфим, човекот. Намерата е моето посебно дејство на човечкото ниво, кое не постои на ниту едно друго скалило. Освен намерата, која се создава за време на учењето кога ја привлекуваме Светлината, силата на животот која ја развива нашата материја – сите други процеси се одвиваат автоматски без каков било избор.
Како ангелот станал човек
"Првиот човек" (Адам Ришон) бил создаден како ангел, во мала состојба. И само по гревот со Дрвото на Познанието на доброто и злото, тој почнува да станува човек. Тогаш се појавуваат тие две сили: на примање и давање, на собирање и ширење, меѓу кои започнува борба, како резултат на која се развиваат сите нивоа на природата: неживото, растителното, животинското и човекот.
На крај се појавува тоа суштество, "човек" – кој стои меѓу доброто и злото, давањето и примањето, светлината и мракот, кој во однос на нив се чувствува себеси како независно суштество. Токму тоа сме ние! Пред тоа не постоел "третиот". Дејствувале само тие две сили на Природата како заедничка Виша Сила.
Но кога тие стигнуваат до финалето на својот развој, од нив се раѓа некој трет кој има способност да постои и да се развива почнувајќи од неживото ниво, а потоа на растителното, животинското и да се осознае себеси и Создателот – односно да стане "човек". Сето тоа е резултат на прегрешувањето, после кое овие две спротивни, разбиени сили почнуваат заемно да дејствуваат и меѓусебно да се соединуваат.
Затоа Баал ХаСулам пишува дека при формирањето, нашата земјина топка поминувала редоследни периоди од 30 милиони години – те се вжарувала и експлодирала со огнена лава од внатре, те се ладела од надвор и се зацврстувала. Тоа траело сè додека не постигнала стабилна состојба, која овозможила услови за развој на неа на следното ниво: растенијата, а потоа животните.
Но целиот тој развој се одвивал благодарение на борбата на тие две сили. Затоа дури сега ние стигнуваме до неговиот крај и ја почнуваме работата на човекот – додека сите генерации пред нас постоеле како "ангели". Само во наше време ние функционираме како последица на разбивањето и мешањето на народот на Израел со сите други народи.
Ние сме првите кои сега ја започнуваат Поправката. "Првиот човек", Адам Ришон бил духовен парцуф од кој се развил човекот како од капка семе. Веќе како резултат на целокупниот развој и нашата работа, предодреден е да стане суштество, кое ќе се поистовети со Создателот. Во името на оваа идна состојба, тој се нарекува "човек", Адам ("сличен" на Создателот).
Пред тоа – тоа е ангел, творба на рацете на Создателот, кој не поседува никаква самостојност. Затоа при создавањето на човекот, ангелите го прашувале Создателот – зошто Тој создава почетно зло? Создателот одговорил дека злото е неопходно, зошто ќе овозможи токму поради него да се постигне соединување на двете сили: омразата и љубовта и да се постигне Создателот.
Како што е речено: " Сите Ме спознаваат – и млади и стари". Зошто насладувањето на Создателот е во тоа што суштествата го сфаќаат Неговото совршенство, универзалност и величие.
Зошто кабалата се чувала во толкава тајност
Прашање: Зошто кабалистите ја криеле науката кабала толку години ако не може биде употребена од тие кои сè уште не се подготвени за тоа?
Науката кабала можела слободно да се изучува се до разбивањето на Храмот. Уништувањето на Храмот било уништување на духовното чувство во народот на Израел. Како што е опасно да им се отвори обична наука на егоистите, давајќи им во рацете оружје со кое тие можат да си наштетат себеси и на другите, не гледајќи ја вистинската слика на светот и неговата цел – исто така на луѓето паднати од духовното ниво, од братска љубов во беспричинска омраза, им било забрането да ја изучуваат науката кабала. Затоа што тие би можеле да ја искористат неправилно и да се збунат.
Тие не можеле да ја искористат наоѓајќи се во егоистичната желба која само што започнала да се развива. Тие морале прво да се изгубaт во желбите од овој свет, да нурнат во мракот, да се измешаат со желбите со сите народи – бидејќи токму затоа народот на Израел излегол во прогонство.
Како тогаш можело во тоа време да им се даде науката кабала – тоа било спротивно на целта. Тие токму со таа цел паднале од духовното ниво и го изгубиле тоа знаење, за да добијат можност да живеат на истото ниво како и сите други народи.
Сите години до крајот на средниот век, народот на Израел и сите други народи живееле еден едноставен и примитивен живот. Тоа било време за нивна меѓусебна интеграција. Но без оглед на тоа дека народот на Израел го изгубил духовното ниво, во него постоел висок внатрешен дух и имало многу мудреци-кабалисти и луѓе кои ја сфаќаат целта. Тоа не била состојба на целосно несфаќање заради што ние постоиме, каква што е денес.
Таков пад се случил во последните 100-150 години додека претходно не постоел во народот на Израел човек кој не би знаел заради што постои. Тоа им овозможило да ги издржат сите години на прогонството и да се зачуваат себеси – после сите прогони, инквизицијата и истребувања. Бидејќи тоа не била само слепа верба – тие чувствувале и знаеле дека постои цел. Но токму со цел да им се овозможи да се соединат со желбите со сите други народи и да го завршат периодот на прогонството, не смеела да им се даде науката кабала.
Затоа кабалистите така ја скриле, го оддалечиле народот од неа и го заплашиле, за да не го збунуваат и да му овозможат да го поправи тоа што е потребно. Токму со својата форма на постоење која била тогаш тие ја остварувале поправката во тоа време. Впрочем ние не гледаме каков внатрешен развој притоа се случува внатре.
Милијарди години целата материја се развива несвесно, но ние не можеме да го сфатиме целиот тој процес со својот ограничен разум. Со таков поглед на реалноста ние ништо не можеме во неа да оправдаме. Ако сакаме нешто да сфатиме, треба да ја откриеме целата слика.
Од утринската лекција - 16.02.2011 на Каб.тв