Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во потрага по сигурен темел 26.03.2010

 

Кој е Создателот? Создателот е моето внатрешно чувствување за највисокото за мене ниво, возвишената состојба која што сум способен да си ја претставам. Секој пат кога се менувам, јас на нов начин си го зацртувам Создателот. Затоа Тој се вика Бо-Ре (дојди и види). Треба да разбереме дека тука нема ништо апсолутно и непроменливо. Се зависи од разбирањето, достигнувањето и согледувањето на човекот.

Во реалноста не постојат вечни и непроменливи вистини-таа постојано се менува, а ние треба да сме кон тоа подготвени. Тоа што било црно ќе стане бело, и обратно! Ќе се измени целиот однос, критериумите и погледот на работите. Нам ни се чини дека се добива некој нестабилен систем под кој нема темели. Од друга страна пак, токму тоа ни го дава новиот и совршено уникатен темел, кој се нарекува вера над знаењето. Т.е. невозможно е во егоистичките желби да се добие фундаментално знаење како некој железен закон кој никогаш нема да се промени.

И тоа го турка човекот напред, терајќи го да бара за себе сигурен темел! А сигурниот темел почнува да се открива само во духовното, поточно во верата-т.е. во силата на давањето а не во силата на примањето. Во таквите факти кои се наоѓаат над мојот разум и чувства-на нивото на давање, Бина. И таму одеднаш се утврдува дека не постојат работи кои се негираат во спротивностите.

Сите стануваат делови на една совршена целина: „ фараонот, и Создателот, и човекот, и змејот, соединувајќи се, дополнувајќи се еден со друг". Тоа совршенство му се открива на човекот како тврд сигурен темел за сите негови дејства.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica