Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во потрага по слободата

01.04.2011

Кабалистите многу напорно се трудат да го објаснат главниот момент на нашата работа: како доаѓаме до слободниот избор. Почнуваат со објаснување дека ние воопшто и немаме никаква слобода. Наодите во биологијата, екологијата, психологијата, генетиката, и други науки тоа очигледно го покажуваат. Ние не сме слободни.

Секој еден се раѓа во семејство кое не го избрал, општество кое не го избрал, нација за која не решавал самиот, со карактеристики кои не се негов избор. Се школува на место кое не го избрал самиот. Но, и како можел самиот да избере? Неговото семејство, градинката, и училиштето му ја обезбедиле средината, под влијание на која тој се развивал.


Многу ретко, како по случајност, некој ќе се најде под страно влијание, на пример, од книгите, и ќе се развие малку поинаку од својата околина. Има многу малку такви луѓе, и тие се водени одозгора. Во врска со сé друго, како што пишува Баал ХаСулам во својот текст „Слободата," јас не сум независен во начинот на кој седам, јадам, спијам, се облекувам или зборувам. Општо земено, тоа не сум јас. Средината ми дава сé, а тие приоритети ме присилуваат да се држам и однесувам на одреден начин дури и кога сум сам. Ги имам прифатено вредностите на околината и тие станаа мои лични.

Отпрвин, бев капка семе; сé друго примив од средината: родителите, ближните, воспитувачите и учителите, пријателите, улицата, градот, итн. Дури и таа капка семе не бев јас, туку комплет особини наследени од родителите.

Следува дека човекот нема слобода, нема ништо за што може да каже дека е негово. Од една страна, многу е тешко човек да се сложи со ова, но од друга, научниците веќе го открија ова и целосно го прифаќаат како вистина. Само во човечкото општество сепак го судиме некој според тоа што е, иако во стварноста, човек е отелотворение на околината која го има „извајано" него или неа.

Од духовна гледна точка, земајќи ги в предвид условите во кои се наоѓаме, не можеме да зборуваме за себеси како такви. Во духовноста, секој од нас почнува со капка семе наречена „точка во срцето." Кога некој ќе почне да ја чувствува таа точка во себе, ќе биде донесен во соодветната средина.

Од лекцијата 1- WE! Конгрес во Њу Џерси 01.04.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica