Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Во стегите на природата

 

08.08.2010
Прашање: Во Подмосковјето беснеат пожари, луѓето ја напуштаат Москва, се движат со респираторни маски. Во Индија има поплави, во Кина лизгање на земјиштето поради поројните дождови. Може ли да се исправи оваа состојба?

Природата од сите страни не стиска во стеги, за да ни го докаже едноставниот факт: ние се наоѓаме внатре во неа, ние сме многу мали, постоиме внатре во микроскопска сфера, сите зависиме едни од други и од опкружувачката сеопфатна и мудра Природа ( Создателот). Ние сме должни да ја пронајдеме единствената причина на сите наши беди и да сфатиме, што единствено треба да сториме, за да ги избегнеме глобалните катастрофи. Веќе е јасно, дека истекувањето на нафтата во Америка, ерупцијата на вулканот во Исланд, пожарите во Русија, цунами и поплавите во Азија и Европа не може да се наречат локални непогоди – тоа се глобални влијанија на природата врз сите нас. Без сомневање, така ќе продолжи, и никој нема да може да остане настрана и да се чувствува надвор од опасност.

Кога се случи финансиската криза во Америка, во Русија се радуваа, мислејки дека тоа ја погодува само Америка, а со нив нема да се случи. Таа кратковидост се откри после неколку недели во нивните банковни сметки! Еруптирал вулкан во Исланд? Што ми е гајле? Сите нека експлодираат...- Но не, тоа се одрази врз сите и врз пожарите и поплавите. А не чека зима...На крајот на краиштата, ние треба да сфатиме, дека планетата е топка, ние мораме да се соединиме заедно и заедно да размислиме за преживувањето. Создателот, или истото тоа, Природата, има разум, чувства, насока и цел, и ќе не натера да станеме "добри деца". Да се надеваме, дека ние тоа бргу ќе го сфатиме и ќе станеме поумни.

До пред Ари, портите на мудроста за нас беа затворени

Ари- тоа е голема душа, која се спушти во нашиот свет за да ни ја отвори нам портата на мудроста. И затоа, како што пишува Баал Ха Сулам, од времето на Ари и понатаму, се зависи од човекот, кој треба да се исправи себеси и тогаш ќе може да го открие Создателот, да дојде до спојување со Него, да ја достигне целта на суштеството.Но порано, пред Ари, тоа беше едноставно затворено, бидејки душите уште не беа подготвени, и требаше да поминат одреден пат на развитокот, да се измешаат меѓусебно.

Ари го симболизира периодот на Машиах, затоа него го нарекуваат Машиах бен Јосеф, и од неговиот период па понатаму науката Кабала започнува да ја добива формата на метод на исправување. А порано таа беше наменета само за одбрани личности во посебна форма. Треба да се почитуваат кабалистите, кои биле во тој период во Цфат, покрај Ари и ја признаа неговата големина. Тие му оддадоа признание. Рамак беше веќе стар, познат, почитуван, но доаѓал на часовите на Ари, и седел, како ученик. Иако бил двапати постар од Ари, познат и почитуван, како голем кабалист. Благодарение на него и на уште неколку кабалисти, кои му оддадоа признание на Ари, тој бил заштитен од противниците на Кабалата. А тој имал само неколку млади (26-годишни) ученици. А во тие времиња односот кон Кабалата бил ни малку добронамерен. Нам само ни се чини, дека се било дозволено, како што сега знаат за тоа да пишуваат.

Тоа со нешто наликува на судбината на Рамхаљ: него го прогонувале за занимавањето со Кабала, го протерувале од гетото Падуа, градот, каде што тој живеел. Додека Виленскиот Гаон (Агра) не го објави неговото величие – и него го оставиле на мира...

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica