Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Врската е животот

29.10.2010
Нам според природата ни е својствено себичност –егоистичка сила на омразата и отфрлањето. Така ние се воспримаме себеси од почеток. А од друга страна, сето во светот е проткаено со силата на взаемната поврзаност – силата на љубовта и привлекувањето. Кабалата говори за љубовта токму во таа смисла, воопшто не подразбирајки го сето тоа, на што ние ја ставаме налепницата на љубов во обичниот свет. Љубовта значи, дека јас се исполнувам со желбата на ближниот, за да го наполнам максимално. Таа појава го има почетокот во четирите фази на распространувањето на директната светлина. Првата фаза (бхина алеф) претставува желба за насладување. Втората фаза (бхина бет) – тоа е желба да насладува, која разбира, дека токму преку примањето таа ќе може да му причини задоволство на Создателот. Таа фаза се нарекува Бина или Елоким. Целата творба – нејзина суштина е резултат. Понатаму се создава третата фаза (бхина гимељ), која прима насладување поради давање, а потоа се раѓа четвртата фаза (бхина далет) – Малхут, примање во чиста форма.
Сега, во фазата Малхут ние треба да и се уподобиме на Бина, на чисто давање. Обединувајки ги двете големи желби: да се прима и да се дава, ние формираме желба за примање поради давање. На таков начин, зборувајки за љубовта, ние ја имаме предвид силата на Бина, која посакува да ја прими одозгора целата голема светлина, за да ја пренесе надолу, ништо не оставајки за себе. Токму тоа ние треба да го достигнеме по пат на исправување. Заклучно, целиот систем се дели на два дела: тој, што е пред мене горе, и тој, што е позади мене долу. Јас добивам се одозгора од Создателот и го пренесувам надолу на другите.

Исто така функционираат клетките во служба на телото. Што и останува на секоја посебно земена клетка? Ништо, таа само прима и им пренесува на другите, и сите нив ги поврзува љубовта. Што ли се крие во тоа сеопшто давање? Взаемната поврзаност на деловите создава посебен дух, посебно поле, кое претставува живот. Ниту една клетка, ниту еден орган на телото, како таков, не се чувстува себеси жив. Но правилната поврзаност, проткаена со взаемното давање, раѓа кај нив осет на живот. Не во секој посебно, туку токму меѓусебно тие генерираат живот.

Суштината не е во нив самите – тие едноставно го исполнуваат условот, создаваат сличност на особини, и тогаш во нивната поврзаност навлегува светлината, Создателот. Токму тоа е животот на суштеството. Взаемната врска помеѓу нас создава место за светлината – со други зборови, кли, сад, токму во кој ние го чувствуваме животот во тој степен, колку што сме залемени еден со друг. Суштеството живее во мера на својата сличност со Создателот – сеопштата сила на љубовта и обединувањето, која царува во вселената.

Од утринската лекција /29.10.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica