Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Главата не треба да се губи ниту во духовното

07.07.2010

Суштеството – е празна желба, а Создателот – светлина. Како да се поврзе празнината со светлината, две спротивности? Бидејки поинаку суштеството, чија природа е празна желба, засекогаш ќе остане празно. Како да се усогласат овие две спротивности? Бидејки, согласно законот за сличност на особините, кој делува во природата, тие не можат да се приближат и соединат, како северниот и јужен пол! Затоа се појавува неопходна потреба за мешање на желбите за примање и давање. Во главата (Рош) се создава намера да се прими поради давање, а во телото (Гуф) се пробудува егоистичката сила да се прими не поради давање, туку поради себе – и се случува разбивање помеѓу главата и телото – губење на врската меѓу нив, можноста да се мисли и делува усогласено. Во главата постои една мисла, - а во телото сосема поинаква желба. Срцето и разумот не се заедно.

Тајната на духовното раѓање

Прашање: Како е можно за време на паѓањето толку цврсто да се држиш за целта, за да го искористиш паѓањето за искачување, кога јас самиот би паѓал, а не Создателот да ме турка надолу?
Јас морам да управувам со тоа паѓање и самиот да одлучам дека мене ми е неопходно да се спуштам. Јас претходно се подготувам себеси за спуштање, како што се подготвуваат за оперативен зафат. Што ќе ми помогне во паѓањето да не ја "изгубам главата", да не потпаднам под власта на желбите?

Врската со целта, за да го чувствувам паѓањето, но да не се губам себеси, туку да се искачам. Самиот себе јас тоа не можам да си го гарантирам. Затоа ми е неопходно правилно опкружување, кое ќе ме поддржи кога јас ќе ја изгубам контролата врз себе како последица на преголемите желби. Кога доаѓа времето за раѓање на духовниот ембрион, т.е. доаѓа време да премине на ниво на доење(исхрана), како тој може да ги поврзе овие две состојби, кога при раѓање тој го губи своето скалило превртувајки се со "главата надолу"? Но како му успева од оваа состојба на целосен губиток, со "главата надолу" да не стане мртов плод, абортус, туку да се роди во новиот свет и да се залепи кон Создателот на многу повисокото скалило? Затоа се дадени секакви решимот де-авијут и де-итлашбут ( од желбите и светлината) 1/0. И тогаш излегува, дека јас секогаш можам да се соединам со двете скалила наеднаш! Токму тоа ми помага да се родам.

Да се разбудиш во вистинската реалност

Читајки го Зохар, ние мора да си замислуваме дека се наоѓаме во два системи. Едниот систем – создаден од Создателот, непроменлив, единствено постоечки, наречен "свет на Бесконечноста". Како што кажува Баал ХаСулам во "Предговорот кон Кногата Зохар", таа состојба е постојана, во неа ние постоиме во Неговата замисла на создавањето да ги "наслади суштествата", бидејки со една мисла Создателот го создал и го обликувал суштеството веднаш во неговата конечна состојба. Баал ХаСулам објаснува исто така во ТЕС дел1,види"Внатрешен Поглед" дека Замислата на творбата му е доволна на Создателот за да ја создаде. Оваа реалност –е совршена и непроменлива, нема чекори за достигнување на посакуваната состојба. Кај Создателот се се остварува со едно дејство. Ние постоиме во оваа совршена состојба во целото свое совршенство, - такви начелно не замислил Создателот.

Но освен оваа совршена состојба ние постоиме во однос кон себе во уште една реалност – како со изгубена свест, без да ја осознаваме таа совршена реалност, во која не создал Создателот. Тие две состојби постојат паралелно. И ние мораме со своите лични напори, користејки го опкружувањето (книгите, учителот, групата) да преминеме во чувствување на вистинската реалност. Потребно ни е да се разбудиме, да се освестиме, да се вратиме во таа вистинска состојба во која што постоиме, но која што не ја чувствуваме со своите расипани сетилни органи.
Науката кабала ни е дадена за ние, престојувајки во несвесната состојба која се нарекува "овој свет" да можеме да дознаеме за таа совршена реалност, и со своите заеднички напори, обидувајки се да станеме слични на неа, да предизвикаме од неа сила, која е способна да не врати таму – "светлината, која враќа кон Изворот". Таа сила постепено ќе не исцели, ќе го исправи нашиот егоизам, и ние постепено како од нирвана, непостоење, ќе почнеме да го чувствуваме вистинскиот живот – и ќе откриеме дека "бевме како во сон".

Светот на Бесконечноста – тука и сега!

За време на читањето на Книгата Зохар треба да се помни, дека ние се наоѓаме во двете состојби истовремено:
1. во вистинската состојба, која не чувствуваме

2. во замислената, нашиот свет, каде што престојуваме " без свест" за вистинскиот свет, во замислените слики.

Читајки ја Книгата Зохар ние вложуваме напори да ги предизвикаме врз себе влијанијата на силите од совршената состојба. Тие сили влијаат врз нас во мера на нашите напори да станеме слични на таа состојба во односите меѓу нас. Затоа ние мораме да создадеме односи во групата " како еден човек со едно срце" , како во совршената состојба. Тоа е можно само со привлекување на тие исти сили. Враќајки се од "магловитата" состојба во исправена, ние не ја губиме нашата сегашна состојба – нивната спротивност ни го открива совршенството на создадената од Создателот состојба 620 пати повеќе, отколку кога бевме таму пред слегувањето во нашиот свет. Ние се враќаме во таа состојба како Човек, рамен на Создателот.

Затоа токму од нашиот свет ние треба да го осетиме светот на Бесконечноста, како што е речено: "Да го јадеме одамна подготвеното" и "Мракот ќе светне како светлина". Ние мораме да го достигнеме Целосното Исправување во овој свет, да достигнеме во него односи меѓу нас како во светот на Бесконечноста – полн со љубов. И затоа ние мораме да правиме вежби "сакај го ближниот свој како себеси","како еден човек со едно срце", во врската меѓу нас. И тогаш тука во нас ќе се открие светлината на Бесконечноста, Создателот, како што е речено: " Негова желба е – да се открие во нижите".

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica