Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Го гледам светот и соживувам со неговите страдања

Од статијата на Рабаш Љубов кон ближниот”: Гледам на малечката точка, која е наречена љубов кон ближниот и размислувам што можам да направам за насладување на сите други? Гледајќи ги луѓето, ги гледам страдањата и личната болка на секој, а исто и заедничките страдања на целокупното човештво, односно војните меѓу народите. Но освен молитвата јас нема што да им дадам, и тоа се нарекува соживување со страдањата на општеството

Љубовта кон луѓето и љубовта кон Создателот е едно исто, бидејќи се наоѓа надвор од телото, надвор од егоистичките интереси на човекот, и затоа тој не чувствува никаква разлика меѓу нив. Затоа ни е дадена заповедта за љубов кон ближниот, кон луѓето. Ако сум способен да се проверувам себеси цело време и во сите состојби, односно во сите промени на своите желби, тогаш многу брзо ќе сфатам, дали поседувам таква љубов или не, и секоја секунда ќе можам да се поправам, за брзо да ја достигнам љубовта кон ближниот, што всушност е исто со љубов кон Создателот. Ги гледам луѓето и мислам, што можам да направам за нив? Тие бараат храна, благосостојба на семејството, пари, власт, знаења а јас, пак, немам ништо со што можам да ги наполнам тие желби. А и кога би имал, тогаш дали би требало тоа да го правам – зарем тоа е правилниот пат? Зарем овој свет е даден за да се поправа и подобрува на материјалното ниво, организирајќи го општеството за достигнување на материјална благосостојба, на вообичаен начин? Ние гледаме дека сите се обидуваат тоа да го направат, и тоа неуспешно, тогаш зошто одеднаш јас ќе станам поуспешен од другите? Единствено што ние треба да направиме е да сфатиме дека „не постои никој освен Создателот”. Постои само една сила, која делува во светот. Ние пак треба само да побараме од Него, да замолиме, да Го убедиме дека навистина сакаме Тој да интервенира и да ја изврши својата работа како Создател. Сите промени, сите поправки Му се доделени Нему, наша задача е само да замолиме, да ја кренеме молитвата, МА”Н.

Затоа, кога ние работиме за распространување и се сретнуваме со секакви луѓе, почнувајќи од мали деца и завршувајќи со оние што остареле, треба да сфатиме дека не им носиме никакви материјални добра од овој свет. Иако организираме секакви настани и кружоци, сето тоа се само надворешни, придружни појави, и кога би можеле да ги избегнеме, ние тоа не би го правеле. Потребно ни е да организираме такви материјални рамки само за да создадеме практична основа на која се реализира работата на Создателот. Но сè друго, самото дејство, се случува само за сметка на молитвата, молбата, на која како одговор почнува да работи Вишата Светлина, која враќа кон Изворот, и ги наполнува желбите. Ние не можеме да сфатиме како се менува реалноста. Или таа се менува како резултат на нечии материјални дејства, кои поправаат нешто во светот – или доаѓа Светлината која ги менува нашите внатрешни особини и ние гледаме дека светот се променил, станал подобар. Сите дејства се реализираат само со силата на молитвата и за сметка на помошта на Создателот, Неговата работа, промените, кои доаѓаат одозгора надолу. Сега засега ние ќе мора да ја придружуваме и со нашите материјални дејства, но потоа ќе видиме како со Светлината на Создателот, со „Неговиот збор ќе се создаде небото” и земјата.

Од подготовката кон лекцијата, 08.09.2013

Одреди ја насоката однапред

Баал ХаСулам, „Свет": Сите ја гледаат државата Русија, со население од стотици милиони, која поседува земја со поголема површина од целата Европа, и сировински ресурси на кои речиси им нема рамни во целиот свет. Но во исто време погледајте што стана со нив. Судејќи според богатството на таа земја и бројот на нејзиното население таа не требаше да стигне до такво нешто. Но во едно погрешил тој народ, и Создателот нема тоа да му го прости. Имено: целата оваа вредна и возвишена работа, давање на ближниот, мора да се остварува заради Создателот, а не заради човештвото.

Прашање: Што значи „Заради Создателот”?

Одговор: Пред сè, не станува збор за религијата. Поимот „заради Создателот” значи дека јас градам садови-желби, за во разбиените садови да го откријам совршенството на Вишата Сила. Суштината не е само во изградбата на совршен социјален систем, туку во додавање на вечната, исконската сила на Создателот, која јас ја откривам.

Со други зборови, јас откривам уште една посебна појава, освен меѓусебните односи на Светлината и садот. Бидејќи тие меѓусебни односи достапни ми се и денес: имам тело и животна енергија во него. Само тоа не е доволно. Малку е да се чувствуваш енергичен, здрав и отворен во пресрет на светот – згора на тоа јас треба да чувствувам, да го воспримам вишото скалило, тој, кое ме создало и ги дефинирало сите околности на мојот живот. Јас мора да го откријам Него и со Него да дојдам до спојување, за Нему да му причинам задоволство. Тогаш Тој ми причинува задоволство мене и ние заедно го откриваме заемното добро – што се нарекува „точка на спојување”, „капка на спојување”. Тое е целта. Постепено ние ќе ја откриваме и сè поточно ќе се фиксираме на неа. И обратно, без насока кон целта, целата низа на точните пресметки нема да функционира, и ние нема да постигнеме успех.

Од лекцијата по статијата „Свет”, 08.09.2013

Глобална работа врз грешките

Баал ХаСулам, „Свет": Сите ја гледаат државата Русија, која поседува земја, поголема по површина од цела Европа, и со суровински ресурси, на кои речиси им нема рамни во целиот свет. Но во исто време гледајте што се случило со нив. Судејќи според богатството на таа земја и бројот на нејзините жители, таа не требала да стигне до ова. Но во едно згрешил овој народ и Создателот нема тоа да му го прости. Имено: целокупната оваа вредна и возвишена работа, давање на ближниот, треба да се реализира заради Создателот, а не заради човештвото.

Прашање: Што значи „Создателот нема тоа да му го прости?”

Одговор: Станува збор за закон, чии последици можат да се манифестираат само во форма на разбивање, разурнување и долготраен крах. Ќе помине многу време додека Русија не ја сфати грешката на својот обид. Веќе дваесет години земјата преживува преодна фаза, заради која почнало псевдо-враќање во минатата епоха, во времето на Сталин, со цел да се открие што точно и до кој степен било направено погрешно. Погледни колку голем циклус ќе мора да поминат, за да сфатат, да осознаат како треба да се движат понатаму. Американците и европјаните исто така ќе мора да спроведат сериозна „работа врз грешките”, сè додека сите не дојдат до заедничко решение. А дотогаш секој оди на своја страна, и светот повторно навлегува во период на ладна војна со сè што е карактеристично за неа. Но од друга страна, постојат и разлики во споредба со минатиот век: во денешно време веќе не постои закана од големи војни меѓу суперсилите - тоа е невозможно, бидејќи сигурно ќе доведе до катастрофа. Затоа ќе се водат локални конфликти и војни, ќе има хаос, непријателство, сè додека страните не откријат, дека немаат друг излез освен интегрална соработка. Притоа решавачкиот удар ќе дојде од други насоки: социјалната, економската итн.

Од лекцијата по статијата „Свет”, 08.09.2013

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica