15.11.2010
Прашање: Постои ли поврзаност помеѓу посебното и заедничкото управување?
Да, помеѓу нив постои двострана поврзаност. Заедничкото управување е поврзано со посебните делови, а исто така влијае врз системот на душите – и сето тоа е сразмерно со реакцијата на секој. Душите, кои се наоѓаат во околината на системот, треба да состават на крај единствена линија. За сите тие да најдат во него свое место, неопходно е посебно управување со секого. Затоа во системот постои програм за заедничко и посебно управување, кој делува одозгора надолу. Ќе го означиме со жолта боја. Но тоа не е доволно. Сега од секого се бара повратна реакција: колку јас самиот сакам да напредувам и додавам напори на притисокот кој го врши врз мене управувањето? Ја додавам ли јас својата сила на силата на светлината?
Светлината, пак, делува, туркајки ме напред со удари, сакал јас или не сакал. Овој процес се нарекува "беито". И освен тоа, јас самиот може да се забрзувам и да се вклучувам во процесот, не чекајки го делувањето на светлината. Таквото забрзување се нарекува "ашихена": јас ја доведувам својата желба во соодветност со желбата на Создателот, со исправањето, со конечната совршена состојба.
Во тоа се состои целата моја работа: да ја додавам својата сила, неутрализирајки ја со тоа силата на светлината. Јас сакам да го превземам врз себе програмот на управување, да го разберам, и да го остварувам самостојно. Токму затоа ние ја добивме точката во срцето, кон тоа ние навистина се стремиме – да го спознаеме програмот на создавањето, и да го извршиме.
Постои ли живот без екран?
Со помош на опкружувачките светлини (ор макиф) и кружните келим (келим де-игулим) ние се движиме напред и се преместуваме во духовниот простор од состојба до состојба. Кружните келим, желбите, садовите – се одликуваат по тоа, дека немаат екран (масах) и не извршуваат ударно влијание (зивуг де- акаа) во степенот на сличноста со светлината. Само екранот му ја дава на садот таа сличност, таа врска, благодарение на која, самото кли ја одредува насоката на движењето.
Меѓутоа, кружното кли се уште нема екран, кој би ги редел неговите желби во линија, одозгора надолу, во мера на нивната соодветност со особината на давање. Но сепак, садовите без екран исто така живеат, се движат и се менуваат – под влијанието на опкружувачките светлини. Навистина, како би можеле ние да се придвижуваме од нашиот свет, преку цел подготвителен период во насока кон махсомот и влезот во духовната реалност, кога на нас не би влијаеле опкружувачките светлини?
Какви средства ние би користеле? Затоа што ние немаме екран. Излегува, дека ние би биле препуштени на тековите и случајноста? Меѓутоа, ако келим сепак тежнеат кон екранот, ако во нив се пробудува точката во срцето и го дава првичниот стимул за исправање, за вистината, тогаш тие потпаѓаат под влијание на опкружувачките светлини. Тие светлини делуваат соодветно со напорите на кли, со неговата желба и барањето, колку и да е тоа "неразумно".
Исто, како децата, кои се уште не знаат точно како да се движат напред, не ја разбираат смислата на своите дејства , но сепак растат и се развиваат. И се` – благодарение на опкружувачките светлини.
Мене ме доведоа во група, и јас го правам тоа што е добро во очите на моите пријатели. Немајки разбирање и сили, јас се уште точно не разбирам што се случува, но чувствувам, дека за мене тоа е важно. Додека човекот не влезе во духовниот свет, тој не знае, дали е жив или е мртов, не разбира, со што и како живее. Ние апсолутно не се разбираме во реалната положба на работите, се додека не го откриеме Создателот барем во минимална мера. И затоа нас не водат опкружувачките светлини. Ние ги привлекуваме, и сакаме тие да делуваат врз нас. Во мрак, без екран, без намера поради давање, во егоистичка намера ло-лишма, која неизбежно произлегува од разбивањето, ние сепак тежнееме кон лишма, кон давањето. Нека се плашиме, нека не сакаме, - но веќе не сме рамнодушни во однос на тоа. И затоа, во таква ситуација, врз нас делуваат светлини, кои припаѓаат не на линијата, туку на кругот – на опкружувањето од пријатели, во кое ние работиме.
Работа со светлината
Во науката Кабала ние изучуваме, како да ја исправиме нашата желба, која го претставува целиот материјал на суштеството. Да се исправи до тој степен, за да се осети Силата, која владее во вселената, - Создателот, Светлината. Освен оваа сила и желбата не постои ништо. Откривањето се остварува согласно на законот за сличност на особините: желбата ја чувствува силата на светлината во мера на својата сличност со неа. Програмот и целта на создавањето се состојат во тоа, светлината да биде целосно откриена од желбата. Тоа значи, нам ни е потребно да се исправиме себеси до целосната сличност на особината на светлината – давањето.
Поради тоа бил создаден системот на светови, кој ни помага да ја менуваме желбата да биде слична на светлината. Првите чекори ние ги правиме во овој свет, а потоа се креваме во световите Асија, Ецира и Брија. Тука во деветте долни сфироти на Малхут од светот Ацилут се наоѓаат разбиените души. Кетер, вишата сфира на Малхут, лежи над парса во светот Ацилут, каде што делува особината на давање. А подоле од парса делува особината на примање. Малхут добива сили од Зеир Анпин. Тој за нас е – вишиот, тој кој дава, од него ние добиваме се. З'А, пак, се наоѓа во врска со повисок парцуф од светот Ацилут – Аба ве- Има (АБ''И), дел од кој е ИШСУ''Т. А уште погоре лежи парцуфот Арих Анпин (А''А), кој добива светлина од Бесконечноста (Ејн Соф) и ја пренесува подолу по низа до Малхут.
Главното за нас е – како ние, разбиените души во световите БЕА , се креваме до Малхут де-Ацилут.Вклучувајки се во неа, ние се вклучуваме во процесот на исправањето. Светот Ацилут ги исправа разбиените желби, кои престојуваат во егоистичка намера. Само желбата не се менува, тоа е материјал, со кој не може ништо да се стори. Но да се искористи желбата може на два начини: или за да се наполнува одвнатре со примање, или за давање. Во вториот случај таа ќе прима поради давање на другите. Како е тоа можно? Благодарение на љубовта, на обединувањето со другите.
Книгата Зохар ни помага пред се во првата етапа – при подемот во светот Ацилут. Редоследот на дејствата е следниот:
1. Ние ја креваме молбата за исправање (МАН)
2. Ни стигнува одговор (МАД) во вид на опкружувачка светлина (ор макиф), која ни дава сили.
3. Ние се креваме горе до Малхут де-Ацилут.
4. Малхут ја крева нашата молба до Зеир Анпин
5. Тој и дава сили и ги исправа душите
На таков начин, ние секогаш работиме со светлина. За да се исправи желбата со намера за давање, ние работиме за обединувањето, кое може да се достигне само под влијание на светлината.
Од утринската лекција /15.11.2010