25.07.2010
Ние се уште не рабираме каква сериозна работа треба да извршиме. Милијарди години на развитокот на Вселената, земјината природа, целата историја на човештвото се до нашето време – сето тоа не притиска денес ние да ја реализираме врската на Создателот со сето што е позади нас неживо, растително, животинско и човекот. Целата маса на таа желба треба да се соедини со Создателот преку минимален отвор – добиената од нас особина на давање.Ние имаме задача да го протнеме целокупниот егоизам создаден од Создателот низ тие "иглени уши".
Ние чувствуваме дека стоиме пред ѕидот на својот егоизам, но се уште не разбираме каков е тој ѕид – бидејки тоа е силата на Создателот! Нашето его е сила на Создателот! Нам ни се чини дека е само обичен порок во нас и дека можеме самите да го дотиснеме, да го отфрлиме. Но тоа нема да ни успее,и ние ќе се убедиме, дека да ја промени нашата егоистична природа може и мора самиот Создател – ама само на наша молба, молитва. Целиот пат на слегувањето на духовните светови, од самиот свет на Бесконечноста, одозгора надолу, и претстојниот развој на човештвото во нашиот свет, сега стигнува до крајната точка на соединувањето со Создателот, - и нам ни е доверено да ја откриеме. Претставете си, колку време поминавме како суштество, и сега треба да го реализираме тоа соединување.
Нашата мисија ни се чини грандиозна, но Создателот ни ја довери на сите нас. Колку пати во Тора Мојсеј му се жали на Создателот дека не може да ја исполни својата мисија.
Но Создателот го обврзува да продолжи! А денес ние, кои го добивме стремежот да се кренеме над нашата природа, сме во улогата на Мојсеј ( од неговото дејство, глаголот мошех = извлекување) за нашето поколение. Затоа треба да разбереме дека нашата задача е многу суптилна и деликатна.Таа дејствува низ иглените уши кои тешко можат да се видат. Но ако ние ги сконцентрираме заедничките напори на сите, кои се занимаваат во нашиот систем во целиот свет – тогаш ќе успееме. За тоа ни се дадени сите можности одозгора – во тоа нема сомневање! Потребно ни е само точно да си ја претставиме задачата и да побараме помош од Создателот. Ние сме тоа суштество кое треба да дојде до спојувањето со Создателот и со тоа да му се даде можност на целото човештво, на сите души да се креваат кон состојбата на совршенство. Не како што правеа кабалистите од претходните генерации, кои само ни го подготвуваа денешниот пат, туку да го реализираме тој пат во себе и за сите други. Ѕидот кој е пред нас – тоа е Создателот. Тој стои и чека кога ние ќе го разбиеме, за да се израдува дека "победиле Неговите синови".
Се' ќе биде исправено од вишата светлина
Не треба да се заборава дека најважно е влијанието на вишата светлина врз нас! Тоа е најважна компонента, на која ние постојано забораваме. Кога светлината дејствува врз нас, таа ни дава малку да ја почувствуваме другата страна, природата на давање. И таа нејзина мала искра која ја имаме во нас, почнува да расте. Јас целосно се наоѓам внатре во својот голем егоизам со оваа една искра на давање, која ми е дадена, со точката во срцето. И ако јас ги изучувам кабалистичките книги и работам со пријателите, сакајки да ги припојам кон мене, јас со тоа ја привлекувам опкружувачката светлина, која ме враќа кон изворот. Мојата точка во срцето се проширува и станува поголема, и во тој зголемен обем јас почнувам да чувствувам што е тоа давање – како спротивност на примањето, на егоистичните особини. И така јас го изучувам едното во спротивност со другото.Јас можам да ги проверувам тие особини – плусот спротивно на минусот. Како во физиката или хемијата, да направам проценка ми е потребно секогаш да ги споредам спротивностите.Инаку ништо нема да разликувам. Треба да постои светлина наспроти мракот, само тогаш јас почнувам нешто да разбирам. И затоа јас седам и учам, и ако ништо не разбирам, но по малку ја привлекувам врз себе опкружувачката светлина, благодарение на тоа што се наоѓам во групата и во близина на вистинските извори.
Што стои позади секој збор од Зохар
Зохар, глава "Ваеце", п.133:.. И бидејки тие НЕХИ се соединуваат со нижиот за време на малата состојба (катнут), потоа, за време на големата состојба (гадлут) кога вишиот ги враќа на своето скалило сопствените НЕХИ од местото на нижиот, - со нив на местото на вишиот се искачува и нижиот, кој е залепен за нив. Благодарение на тоа нижиот ги добива светлините на вишиот.
Да речеме ние прочитавме еден извадок од Зохар. За што во него се зборува? За врската меѓу душите, меѓу деловите на реалноста.За ништо друго. Не ме засега со какви зборови таа се опишува – ХАГАТ, вишиот, Леја...Во секој случај јас не разбирам што тука се случува. Кабалистите ги земаат зборовите од нашиот свет и го објаснуваат соодносот на силите во духовниот – во апсолутно поинаква реалност.
Но јас, читајки го секој збор треба да си велам:" Тоа е врската меѓу душите. Таа особина на давање, која меѓу нас царува. И вишата светлина која ги наполнува душите, т.е. нашите желби и ги соединува во заеднички духовен сад. Тоа е Создателот кој се открива во суштеството. И тоа е суштеството кое го чувствува Создателот". Зад сите тие зборови јас секогаш треба да гледам една реалност. Тогаш не ми е важно какви зборови јас читам. Но јас читам за после секој збор да си кажам на себе си, дека станува збор за заедништвото, за особината на давање кое ја наполнува целата желба за насладување. Но повеќе правилен, повеќе внатрешен пат е – постојано квалитетно да се чувствува дека станува збор за заедништвото, поврзаноста, љубовта, спојувањето, за едниствената реалност, за заемната одговорност. А сите зборови само подетално ми ги појаснуваат во мислите и разумот тие чувства, во кои јас престојувам. Така ќе биде многу полесно и поправилно да се восприма се' за што ние читаме во Зохар.
Се започнува од Тајната
Речено е:"Целата Тора започнува од Тајната (Сод). ПАРДЕС (последователното постигнување на духовната реалност) започнува од " Сод"( Тајната), а завршува со "Пшат" ( знаење, едноставно толкување).
Сега ние не чувствуваме дека стоиме пред Тајната, дека се' е сосема заклучено. "Пшат" означува дека се' е едноставно, разбирливо, се' е откриено – тоа е последното скалило на достигнувањето. Почнувајки да го достигнуваме духовното, ние се искачуваме од нашиот свет во светот Асија, каде ја откриваме "Сод" (Tајната), дека се за нас е – тајна, се е скриено. Така ние откриваме во светот Асија. Кога ние ќе се искачиме во светот Јецира, тогаш ќе го откриеме ДРУШ ( појаснувањето), а ако го достигнеме светот Брија – ќе го откриеме таму РЕМЕЗ (илузија). Ако пак го достигнеме светот Ацилут – нам ќе ни се открие ПШАТ (знаење), и се пред нас ќе биде откриено – едноставна виша светлина која ја наполнува целата реалност.