За време на скривањето јас имам само еден избор: да го замислам величието на Вишиот, кој управува со мене и ги одредува сите мои состојби. Вишиот намерно се преправа дека е мал, за да му даде на нижиот можност да работи. Ако се открие Создателот, Вишата Сила, која владее над сé и одредува, тогаш нема да остане место за мојата вера, за давањето. Бидејќи јас ќе видам дека сé е во Негови раце, и дека нема врз што да работам. Затоа јас барам скривање.
Почнувам да го ценам скривањето, зошто во Неговото скривање јас живеам. Додека при Неговото откривање јас исчезнувам. Ако Создателот се открие, јас ќе се претворам во целосна нула кога ќе почувствувам дека Тој управува со сé и сé регулира, а јас нема што да правам – исто како да не постојам. Но ако Создателот е скриен, тогаш јас имам можност да правам напори, да работам, да наоѓам сили. Јасно е дека силите ги добивам од Него, но јас чувствувам дека постојам заради тоа што се справувам со скривањето, и самиот нешто градам. Тоа е првата фаза.
Откога ќе се изградам себеси во таков облик во услови на скривање, кое самиот го барав и израснав до целосен духовен парцуф, јас ја достигнувам Галгалта – Ејнаим, желбите само за давање. Тогаш можам да го замолам Создателот да почне да се открива. Дури и да се открие Создателот, јас веќе егзистирам во духовниот свет и можам да додадам нешто свое во Неговото откривање, како кога Тој би останал скриен. Јас ја манифестирам својата независност без оглед на Неговото откривање. Сега Неговото откривање не ми пречи, туку напротив, ми дава дополнителна можност за работа. Бидејќи, и покрај фактот дека Создателот е откриен, јас можам да издржам, и да не се поништам себеси пред Него. Тоа се нарекува примање заради давање, скалило на љубовта.
Од утринската лекција - 29.08.2012, на Каб.Тв
Сé е против нас
На крај човекот признава дека мора да се промени тој самиот. Таквото сфаќање не доаѓа наеднаш – кој веднаш би го посакал тоа? Но постепено се разјаснува дека кризата не стивнува, а несреќите напротив растат. Денес гледаме, дека човештвото направило многу грешки во сите области на своето дејствување и дошло до целосен неуспех. Оттука се поставува прашањето: во што е причината? Зошто сé што сме изградиле работи против нас?
Неправилностите на сите системи се откриваат секојдневно, бидејќи нашиот егоизам ги изобличува уште повеќе. Да го земеме како пример здравството: огромен број на лекови всушност претставуваат отрови кои го уништуваат нашиот организам. Лековите намерно ги произведуваат така, за да станеме зависници од нив и да ги користиме до крајот на животот, постојано додавајќи нови. Специјалистите создаваат најнови медицински инструменти и апарати за контрола и анализа. Меѓутоа тие не се неопходни: човекот и онака е истоштен и покосен, така што веќе не знае каде да бега од таквиот живот. И тоа го нарекуваме “милосрдие”? Ние самите не знаеме што сакаме. Така е во сите области, нека е тоа семејството, образованието и т.н. Во почетокот сакавме да правиме добро, но потоа откривме дека егоизмот ги деформира сите наши проекти, и ги претвора во штета за нас. Токму затоа егоизмот се нарекува “спротивна помош”: што и да правиме, тој настапува против нас, обврзувајќи нè да ја поправиме ситуацијата.
Денес тој процес добил глобални размери: во суштина ниту еден систем, создаден од нас не служи за наша корист. Оттука произлегува заклучокот дека единствено решение е – да се поправи природата на човекот, наместо надворешните услови. Тоа постепено станува очигледно, и како последица на тоа се открива науката кабала. Бидејќи човештвото секако ќе ја идентификува причината на сите светски несреќи – човековата природа. Меѓутоа, никој не знае како таа да се поправи. Тука настапуваме ние. Треба сериозно да се потрудиме за да им го покажеме на луѓето основниот момент: без оглед на чувството на ќорсокак, човекот може да се поправи, и може да се избалансира неговата природа. Методот постои, и подготвен е да се применува. Токму таа вест ние мора да ја донесеме до светот. Во спротивно, тој ќе дојде до уште полоши состојби и само тогаш ќе го најде истото ова решение. Ние мора да се потрудиме уште сега да му го покажеме тоа.
Од утринската лекција - 29.08.2012, на Каб Тв.