13.04.2011
Ние сме себични и го правиме само она што е важно за нашето его. Како да се избавиме од него? Ги исполнуваме препораките на кабалистите. Имаме две можности:
1. Да ги трпиме ударите на нашата природа, да се развиваме до безизлезност, сé додека не посакаме да се избавиме од страдањата. Но постојаното бегство од злото е долг и многу тежок пат.
2. Да ја искористиме лупата на разумот, пред да почнат ударите.
Во статијата „Суштината на религијата и нејзината цел" Баал ХаСулам објаснува дека можеме да ја зголемиме нашата воспримливост и внимателно да ги распознаваме знаците на патот, нешто што се нарекува да се разбере на половина збор. Значи мудриот го гледа она на што другите не обраќаат внимание. Некои запишуваат мудри совети, но не ги даваат од срце. Сé може да се случи, секој си има своја „судбина".
Колку повеќе човек ќе го слуша она што му се зборува, толку понапред ќе тргне, исто и ако е готов да прави разлика меѓу своето его и духовниот пат, и ако правилно ја сфаќа суштината на прогонувањето и спасот и е спремен да остане на своето иако тоа не е пријатно за неговиот егоизам. Човекот треба да работи за да ја зголеми важноста на искачувањето над егоизмот во своите очи, без разлика што тоа предизвикува болка и изгледа како загуба.
Одвреме навреме тој покажува нови работи и со секој нов удар губењето на егоизмот повеќе не е тешко во споредба во новооткриените духовни постигнувања. И тогаш повторно се фрла јаглен во огништето на себељубието – до следното искачување.
Во туѓи чевли
Прашање: Зошто патот до љубовта е толку тежок и сложен?
Одговор:Ние сме сложени. Во мене царува егоистична желба и сé што чувствувам и мислам, јас чувствувам и мислам за неа, заради лична корист. Па како да се справиме со неа, а не со себе?
Претстави си дека се преправаш во некој друг и почнуваш да се пресметуваш со себе, но од негова страна. Од пред само сто години луѓето почнале да се занимаваат со овие работи. Не случајно овој период го означуваат Фројд и Ајнштајн, кои не само што правеле епохални откритија, туку и ги поддржувале пријателските врски.
Ако се вратиме на стотиците илјади години развој, ќе видиме дека само од пред еден век најголемите умови на човештвото конечно ја претставиле психоанализата, со други зборови пристапиле кон внатрешната анализа на човекот на материјално ниво. Дури тогаш почнало истражувањето на човечката перцепција: „Јас и светот околу мене, јас и мојот ближен". Тоа не е едноставно. Требало да помине многу време за да се пристапи кон животинската душа на човекот.
А што да се каже за духовното. Целата работа е во тоа што не сакаме да се преправаме во некој друг. Заедницата треба да се погрижи за тоа секој да се обиде да објасни како тој изгледа во очите на ближниот и што сака тој ближен. Тоа е многу тешко, затоа што се работи за психолошки вежби во површините на нашиот свет, кои немаат врски со духовното.
Сакаш повеќе? Повели. Подготви си средина која ќе почне да ти влијае. Патот е долг затоа што всушност на тебе никој не влијае. А без влијание нема придвижување. Од каде човекот да ги добие духовните детали на восприемањето? Само од околината.
Страдањата на Фараонот.
Прашање: Обидувајќи се да се оттргне од Египет, односно од себељубието, човек добива удари, со коишто може да се справи само обраќајќи се за помош до Создателот. Но тука е и материјалниот, земскиот егоизам, кој добива удари на своето ниво – проблеми со семејстовото, со здравјето, финансиски проблеми итн. Што со него?
Одговор: Каков проблем и да ми се појави во животот, пред сè треба да го гледам како пречка која доаѓа од Создателот. И колку и да е болно, јас морам да се издигнам над неа со повеќе верба. Без разлика на сè, јас знам дека треба да направам сè за да ја надминам, а не да паднам пред неа и дека сум поврзан со нејзиниот „испраќач" – со Создателот.
Што се однесува за одговорот, сите проблеми од овој свет треба да ги решавам со општоприфатените методи. Банка, работа, семејство, здравје – за сè треба да се грижам како што се грижи секој човек од овој свет. На тој начин градиш двостран однос кон проблемите:
Прво, дека тие се испратени од Создателот и дека со Него имаш работа. Треба да ги сакаш тие пречки затоа што за тебе тие претставуваат можност да се издигнеш над знаењето и да имаш врска со Создателот. Тогаш правилно ќе се однесуваш кон пречките, ќе ги сакаш и почитуваш. Колку тие и да те печат, колку и сол да ти ставаат на раните, колку нерви да губиш поради нив, толку повеќе ти помагаат да се издигнеш над нив.
И второ, треба да ги решаваш проблемите како што е прифатено во материјалниот свет. При решавањето на проблемите треба да го имаш предвид двостраниот однос. Ги решаваш проблемите во името на Создателот и сакаш да работиш со Него.
Не го отстрануваме Фараонот од нашите животи, туку се насладуваме од неговите страдања. Значи со нивно посредство можеме да се откажеме, оддалечиме од него и да се издигнеме повисоко. Фараон – тоа е моето најскриено тело, мојата срцевина, мојата најчувствителна точка, моето дете, најважната и најтенката низа во мене.
Прашање: Треба ли да барам помош во такви случаи? Нели Создателот помага само во едно – во обединувањето.
Одговор: Точно. Но проблемите те попречуваат во тоа. Кога си болен, тешко ти е да се сосредоточиш на љубовта кон ближниот. Најверојатно и забораваш на неа. Значи, треба да се бара помош. И од никого друг, освен од Него. Сè доаѓа од Создателот, само по различни канали. Ти треба да ги достигнеш целите, но твоето тело, твоето „магаренце" е болно и не може да те носи.
Што ќе правиш? Ќе го оставиш да умре? Ама ти треба за пат. Зошто го сфаќаш овој свет како одделен од духовната работа? Дури и малите пречки можат да ти послужат, ако правилно работиш со нив. Што и да се случува со нас, важно е да се запомни дека тоа произлегува од еден Извор – сè додека навистина не се почувствуваме дека сме во духовен прогон.
Од утринската лекција - 13.04.2011 на Каб.Тв