29.12.2010
Прашање: Какво објаснување може да му се даде на човекот кој нè гледа од страна? Нема ли тоа да му се причини само како филозофија?
Кабалата говори за силата која постои во Природата, чие што позитивно влијание можеме да го предизвикаме врз себе ако сакаме да станеме слични на неа. Ние не ја менуваме таа сила, но потребно е да се средиме самите. Како со светлината на сонцето – јас можам да стојам во сенка, но можам и да се качам на покрив и намерно да се изложам на неговите зраци. Сонцето не се менува – јас се менувам, сакајќи да добијам повеќе од неговата светлина!
Исто така постои сила во Природата која науката кабала може да нè научи да ја примаме. Кабалата е наука. Стани умен, научи се да ја користиш силата на Светлината и таа ќе те развие правилно и добро. Ние не зборуваме за некои си вештачки нешта или фантазии – туку само за тоа како да се организираме себеси, нашата меѓусебна поврзаност, заедничката "мрежа" во која можеме да ја фатиме силата која постои во Природата и да добиеме!
Наместо да се завртуваме кон "сонцето" со грб или од страна – да се завртиме кон Него со лицето! Т.е. да ја достигнеме со Него сличноста на особините. Токму за тоа зборува науката кабала. Таа му советува на човекот: принуден си да се развиваш, го сакал тоа или не. Но ако сакаш да се развиваш на добар, пријатен начин – откриј ја силата која врз тебе влијае и те развива. Ако си завртен со грб кон неа, таа те развива со страдања, бидејќи ти ги чувствуваш нејзините влијанија како удари одзади.
Ако стоиш странично завртен кон неа – се случува да биде некогаш подобро, некогаш полошо. Но ако се завртиш со лице кон неа, тогаш ќе се развиваш со добро и со радост. Тоа е сè што правиме! Едноставно сакаме да го откриеме позитивното влијание на таа сила врз нас. Таа во секој случај влијае врз нас и не развива, дури и сега. Бидејќи неоспорлив е фактот дека нашите состојби се менувааат. Зар ние можеме да го застанеме животот? – Не!
Секој миг пред нас се отвора некоја нова ситуација, и тој процес не зависи од нас. Но постои наука која вели: погледајте ја постоечката тенденција! Не треба ништо да се измислува и да се "пронаоѓа велосипед". Вие забележувате – сите ние сме меѓусебно поврзани, но само со лоши врски. Се повеќе ја уништуваме Природата. Значи ајде да ги поправиме нашите врски, за се да биде поинаку. Ако сите проблеми се предизвикани од нашите неисправни меѓусебни врски, ајде за размислиме како да се соединиме правилно! Кабалата едноставно го објаснува на јасен начин природниот закон за сличност на особините. Создателот е Природата.
Срцето на човекот – помеѓу два огнови
Прашање: Со почеток на кризата многумина го прифаќаат тоа што го зборува кабалата и се согласуваат дека нам ни е неопхобно соединување, и дека за се е виновен егоизмот. Но тие прашуваат: "Што поточно треба да се прави?"Ние не можеме да ги натераме сите да го учат Зохар?
Се разбира дека не е можно сите да ги натераме да ја учат кабалата ако немаат стремеж за тоа. Но потребно е тие да ги научат основните поими за кои зборува Баал ХаСулам во своите статии, само во лесна достапна форма: за општеството, за сеопштата поврзаност, за неопходноста на соединувањето, за поинаков однос еден кон друг. Тоа ќе биде доволно за да се привлече кон себе силата на развојот.
Слично како кога создаваме книга за деца на разбирлив за нив јазик со слики во боја. Но таа ги учи и ги развива. А на возрасниот човек треба да му се даде друга книга, соодветна на неговиот развој. Но тоа е истиот материјал, само поедноставен, прилагоден на секоја група: за мажите, жените, децата. Ако статиите на Баал ХаСулам се скратат и адаптираат, тие можат да стигнат до умот и срцето на секој човек.
Ако пак веднаш прашуваат што треба физички да се прави – одговорот е: "Ништо не треба да се прави!" Ако започнеме да дејствуваме само физички, тогаш ќе ја уништиме методата. Пред сè треба да се промени својата мисла – таа понатаму ќе го среди сето друго! "Сè се разјаснува во мислата" – невозможно е да се почнува од дејствата. Единствените наши дејства се ширењето на кабалата и тоа што помага за внатрешното соединување. Никакви други дејства не се потребни.
Секоја трпеза или конгрес се само можност за соединување. Сè е насочено само навнатре. Кога би можеле да поминеме без нив – не се потребни никакви дејства. Нам ни е потребно да го поправиме срцето. Овие статии треба да станат "народна сопственост" – сите треба да ги разбираат, да расправаат за нив, да се запознаат со нив.
Зависно од тоа како истовремено човечкото општество ќе поминува преку тешките случувања кои нè очекуваат, ќе забележите како едното ќе се соедини со другото. Човекот ќе се најде во средината. Од една страна Создателот ќе го притиска со надворешно и внатрешно растечката криза. А од друга страна тој ќе ја има науката кабала во достапна форма, приврзана на човекот – и човекот ќе почне да се менува. Тој ќе се најде помеѓу овие две влијанија, од едната страна – страдањата, од другата страна – методот на кабалата, Светлината.