Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да не се изгуби точката на спојување

06.09.2010
Кога ние би биле исправени во светот на Бесконечноста, тогаш сите вземни влијанија врз нас одозгора – од најлошите до најдобрите, кои ние ги чувствуваме во нашата желба за насладување, нашиот материјал, - ни најмалку не би го менувале нашиот однос кон Создателот. Затоа што тој би се наоѓал под влијание на скратувањето Ц"А , на екранот, во давање, во одразената светлина. Тогаш сите состојби кои поминуваат преку нас, од огромното наполнување до целосното празнење, ние би ги искористиле само за да Го оправдаме Создателот, да Го прославуваме, почитуваме и да Му заблагодаруваме , бидејки Тој ни дава можност, во овие различни состојби- од празнина до исполнетост во нашата желба, да го одредиме нашиот однос кон Него, како независен од тоа, кое ние од Него добиваме, без секаква поврзаност со нашата желба да се насладиме, и со нашите чувствувања во неа.
Како резултат ние само би Му заблагодарувале за можноста да се искачиме над нашата желба, својата природа, во верата ( давањето) над знаењето (наполнувањето), во "давање поради давање"(ГЕ) и во "примање поради давање" (ГЕ +АХаП). И така ние би ги примале сите состојби само поради една цел – да ги искористиме, за во секоја состојба да се почувствуваме себеси во Бесконечноста – во целосно исправување на намерата независно од степенот на наполнувањето и чувствувањето во желбата.Од целосна испразнетост, огромни страдања, до целосно наполнување, кое го преместува целото внимание од Создателот врз себеси.

Кога ние до тој степен би се исправиле себеси – тоа значи, дека ние би престојувале во светот на Бесконечноста. Во зависност од степенот на способноста да се оправда дадената од Него состојба, да се престојува над чувствувањето во желбата, во намерата, во врска со Него, Давателот, за да Му се стане сличен по основ на секакви чувствувања, - ние го одредуваме своето скалило во однос на целосното исправување, светот на Бесконечноста. Создателот ни даде точка на спојувањето со Него, но како противтежа на неа, создаде во нас и постојано ја зголемува желбата за насладување, која го поништува ова спојување на точката. А ние треба да ја искористиме таа желба, која не оттурнува од спојувањето, и токму со нејзина помош да го зголемуваме спојувањето со Создателот. И така ние напредуваме.

Паѓањето – тоа е радост

Прашање: Како треба јас да реагирам, кога ќе се почувствувам во паѓање?

Јас морам да го прифатам тоа паѓање како позив одозгора: "Кој ми го пратил? За што?". Мене ми откриле нова состојба. Како што пишува Баал Ха Сулам: "Јас им се радувам на грешниците што се откриваат" – на "новите" егоистички особини што се откриваат во мене. Сигурно е дека тие се криеле во мене отсекогаш, но сега, бидејки јас станав посилен, тие се пројавуваат, за јас да останам, над нив, без оглед на нив, во врска со Создателот, како во состојбата на искачувањето. Тоа е непријатно чувство внатре во празната желба, но поради таа желба може веднаш да се радувам, дека таа се открила – и со нејзина помош ти без сомневање наскоро ќе откриеш уште посилна врска со групата, со Создателот. Затоа, почувствувајки го паѓањето треба веднаш да се поврзе со групата и да се почне со извршување на секакви дејства, за да се претвори тоа паѓање во сила на соединување.

Паѓањето – е откривање на уште поголема прецизност во нашето соединување, каде јас уште не сум поврзан со групата и морам сега да се соединам. Мене ми се чинеше дека порано бев поврзан со групата со " дебело јаже". А сега се откри, дека внатре во тоа јаже постојат многу тенки конци, преку кои јас не сум поврзан со групата. И така јас се искачувам се повеќе и повеќе утврдувајки го и зацврснувајки го своето соединување. Затоа јас се радувам на таквото откривање, бидејки тоа се случува врз основа на претходната состојба.

Вие наскоро ќе почувствувате дека паѓањето – е радост. Бидејки се` зависи од односот кон него: како само кон состојба или како кон средство за достигнување на целта. Работата причинува радост. Вистинскиот професионалец се радува, кога се соочува со проблемите во својата работа. Тоа му дава можност да го примени својот професионализам, да бара решение, да создава нешто ново, да покаже мајсторство. Зошто на уметниците им е потребна "муза", зошто тие постојано се наоѓаат во истражување, во хаос, во несреденост на чувствата – се додека не се роди нивната творба? Тоа може да е човек од секаква професија, дури водоводџија, но ако е мајстор – тој ја чувствува својата професија. Затоа тешкотиите или посебните услови кои се откриваат, - тоа е имот, без кој не може да се помине. Ние не разбираме, не цениме, колку откривањето во нас на недостатоците, ја открива светлината.

Од дневната лекција / 06.09.2010

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica