Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се види откриеното милосрдие

Од статијата на Рабаш „Да не се додаде, и да не се намали во работата”: Десната линија означува верба над знаењето, односно човекот треба да си замисли, дека веќе се удостоил да го почувствува Создателот, и го гледа само доброто управување со светот од страна на Создателот. Дури иако разумот му вели, дека сè е обратно, тој треба да работи со верба над знаењето, небаре веќе реално го чувствува милосрдието на Создателот. Од тоа тој стекнува важност на целта и животна сила, односно радост од своето приближување на Создателот, можноста да го оправда Него, и да му се заблагодари. Потоа, доаѓа време да се премине во левата линија, и внатре во знањето да провери како тој навистина ја восприма важноста на Царот, дали навистина е подготвен да работи само за Неговото добро? И кога тој со својот разум гледа, дека нема за тоа никакви сили, и целата важност на духовното ја чувствува само со вербата над знаењето, тоа во него предизвикува болка и жалење заради неговата ништожност, што во него раѓа молитва од длабочината на срцето за она, што му недостасува“.

Човекот треба да си замисли две точки: како тој гледа сè од својот разум, и како гледа над разумот. Тогаш тој ќе посака навистина да се крене над разумот, да се поткрене кон следното скалило, и ќе дојде во молитвата. Така тој ќе може да напредува. Тој мора да ја анализира својата тековна состојба, и да се крене над неа со верба над знаењето, за да го види доброто управување на Создателот во сè, што човекот има. Тој се проверува себеси апсолутно во сè, и го оправдува Создателот над својот разум. А потоа тој гледа, дали би можел и внатре во знаењето да ја донесе истата одлука? И гледа, дека не може. Затоа што неговото знаење е базирано на она, што гледаат неговите очи. Тогаш, од разликата помеѓу она што тој го гледа над знаењето, и она внатре во знаењето, израснува молитва. Но тоа се случува само под услов, ако човекот престојува во радост. Правилната молитва во духовното се состои од спротивни компоненти. Од една страна јас треба да се радувам затоа што имам врска со Создателот, и има на Кој да Му се обратам. Јас сум убеден во Неговата помош, во тоа, дека Тој носи само добро и корист, и сè е во ред!

Јас никогаш не молам Создателот да ја подобри мојата состојба – јас молам, Тој да го промени моето воспримање на мојата состојба. Бидејќи сега јас се наоѓам во океан на апсолутно добро, и не постои ништо освен тоа, но само заради мојата неисправност, јас гледам нешто поинакво. Ние никогаш не сме го напуштиле светот на Бесконечноста, но мораме да воспоставиме правилен однос кон него. Секој пат, кога ми се откриваат нови детали, јас морам да го поправам своето воспримање, односно намерата. Затоа јас се обраќам со молитва Создателот да ме поправи, овозможувајќи да го видам Неговото откриено милосрдие. Тоа е многу важен момент: не треба да се моли за поправка на мојата состојба, небаре го молам Создателот да ги поправи Неговите дејства, туку треба да молам да ме поправи мене, за да го видам Неговото создание онакво, какво што тоа всушност е, односно апсолутното добро.

Од утринската лекција, 02.01.2013 според статија на Рабаш. На Каб.Тв

Контролни пунктови на сите 125 скалила

Од статијата на Баал ХаСулам „Предговор кон ТЕС”, т.133: „Тоа личи на цар, кој посакал да ги собере од целата земја сите најверни приврзаници, и да ги воведе во работата внатре во својот дворец. Што направил тој: испратил низ земјата јавна наредба, секој што има желба, старо и младо, да дојде кај него да се занимава со внатрешните работи во дворецот. Но поставил од своите многубројни робови, стражари на влезот во дворецот и на сите патишта, што водат до него, наредувајќи им со лукавство да ги тераат да погрешат сите оние, кои ќе се доближат до дворецот, и да скршнат од патот, кој води кон дворецот... И само хероите меѓу нив, чија мера на трпението опстанала, ги победиле тие стражари, и отворајќи го влезот, се удостоиле веднаш да го видат лицето на царот, кој секого од нив го поставил на соодветна за него позиција.“

Стражарите се поставени, за да го чуваат човекот. Сè додека тој не оформи во себе внатрешна безбедност, забрането му е да се приближува до царскиот дворец поблиску од местото, каде што стојат стражарите. Создателот има многу стражари, тие стојат на секое од 125-те скалила, и не му даваат на човекот да помине понатаму. Тие покажуваат, дека на тоа скалило дозволено ти е да се искачиш, но повисоко, засега нема да ти дозволат да поминеш. Бидејќи тие гледаат, дека сè уште не одговараш на повисокото скалило. Така се случува секој пат.

Стражарите го чуваат човекот, да не помине понатаму (иако тоа е невозможно, затоа што во духовниот свет функционираат строгите закони на сличноста). Стражарите му ги откриваат на човекот неговите недостатоци, грешки, место за интроспекција. Тие го пробудуваат, и не му даваат да се смири во неговата тековна состојба, бидејќи му причинуваат страдање. Тие го чуваат човекот – не се чува Создателот и Светлината, не можеш да посегнеш по нив, ако не си достоен на нив. Сè се одвива според законот на сличност на особините: ако јас не сум соодветен на високото скалило, тогаш не го гледам. Што значи, дека не можам да поминам понатаму? Зарем јас го гледам пред себе патот, кој за мене е затворен? Ако не сум се поправил во претходната фаза, тогаш не можам да напредувам, и да се искачам на планината уште неколку метри повисоко. Но тие стражари ми помагаат, укажувајќи го проблематичносто место. Тие се поставени таму за мене, за да ме чуваат, да ме убрзуаваат, да ме приближуваат, да ми помагаат да правам разјаснувања. Сè е насочено во корист на човекот и неговата поправка.

Од утринската лекција - ТЕС - 02. 01.2013год. на Каб.Тв

Пламенот се приближува до фитилот

Од статијата на Баал ХаСулам „Предговор кон ТЕС”, т.138: Пожелно е да се знае овој Виш закон: откривањето е можно само онаму, каде што имало скривање. Како и во работите на овој свет, каде што отсутството му претходи на постоењето. Затоа што пченицата израснува само таму, каде што била посеана и скапала. Исто и во Вишото: скривањето и откривањето се споредуваат со фитилот и пламенот, кој се приближува до него. Затоа што благодарение на секое скривање, кое достигнува поправка, се открива Светлина, соодветна на него. И откриената Светлина се приближува до него, како пламенот до фитилот. Помни го ова на сите свои патишта.“

Самото масло не може да гори. За да го запалиме, потребен е фитил, фитилот од една страна ја симболизира спротивната особина, а од друга страна поврзаноста меѓу Светлината, огнот, на кој му е потребен воздух за горење – и мазутот. Филтерот ги поврзува нив заедно. Самиот фитил не претставува ништо, тој може да биде направен од материјал, кој воопшто не се користи сам за себе. Тој е само поврзувачки дел меѓу мазутот, кој треба да се запали, и воздухот, потребен за горење. Ако постои врска меѓу Малхут и Бина, горивото и воздухот, тогаш во контрастот на нивните особини може да се задржи огнот, Светлината.

Нефеш-Руах-Нешама

На духовните особини им се даваат различни називи: Нефеш (душа), Руах (дух), Нешама (душа). Затоа што ние почнуваме да се присоединуваме на духовниот свет заради тоа, што го добиваме скалилото Руах.

Нефеш е сè уште неживо скалило на светоста, кога човекот не може да се движи самиот. Тој доаѓа на лекции и мисли дека сè е во ред, ништо повеќе не е ниту потребно: денес е сè како што било вчера, а утре ќе биде како денес. Тој не избувнува, и не е загрижен заради фактот дека останува во истата состојба, туку се радува: денот поминал, и тоа е добро. Тој се согласува со секојдневната рутина.

Но и тоа се смета за достигнување, ако човекот се наоѓа во група, и не се обидува да биде пречка за нејзиното напредување, подготвен е да се присоедини кон сите, и да ги поддржи. Тој го поддржува она, што го прават другите, но не презема иницијатива – во него го нема „растителното ниво”, не израснува нова сила, и затоа тој се нарекува духовно нежив (Нефеш де-кдуша). Сепак тој доаѓа на лекциите, учи. Дај Бог целиот свет да стане така „духовно нежив”. Но сепак, духовното се нарекува „руханијут”, од скалилото Руах. Руах - означува дека човекот веќе има што да додаде од себеси. Тој не се согласува да остане мртов. Ако тој гледа, дека воопшто не се променил од вчера до денес, и од денес за утре, тогаш тоа за него е еднакво на смрт. Тоа не е едноставно нежива бездушна состојба, туку чувствување на смрт, односно најужасната состојба. И зато тој се прашува, што може да додаде? А засега тој може да ги додаде своите дејства. Баал Ха Сулам пишува во статијата „Слобода на волјата”, дека човекот нема друг начин да ја промени својата состојба, освен со избор на правилно опкружување.

Речено е, дека тој кој се изложува себеси на посилно влијание на опкружувањето, достоен е за секакви пофалби. Токму за сметка на тоа, тој може да напредува, а не за сметка на своите добри дела. Тој не е способен за никакви добри дела, ние не сме господари на своите постапки. Но благодарение на фактот, дека тој избрал за себе добро опкружување, кое може да изврши силно влијае врз него, тој станува подобар, почнува да се движи. За да почне да извршува сопствени движења, и од нежив да се претвори во „растение”, од скалилото Нефеш да се искачи кон Руах и да стане духовен човек (рухани), потребно е секој пат да се пробудуваат тие што нè опкружуваат, да се бара и да се избира сè посилно опкружување, кое посилно ќе влијае врз нас и ќе нè прави сè повеќе духовни. За сметка на такви дејства, јас цело време додавам од себе во групата, а таа постојано влијае врз мене, и јас секој пат сè повеќе се стремам кон духовното, кон давањето. Излегува, дека јас додавам на давањето, и на крајот, го достигнувам следното ниво, кое веќе се нарекува Нешама.

Јас дејствувам во однос на сите други, и потпаѓам под нивно влијание преку групата, која влијае врз мене. Така со нејзина помош, јас цело време влијаам врз себеси, и се искачувам. Опкружувањето ми служи како кран, кој ме преместува сè повисоко. Јас се кревам преку опкружувањето, и самиот сакам да почнам да го пробудувам, да се поврзам со него на најефикасен, ефективен начин. Ако јас сакам да ја зголемам мојата поврзаност со духовното, за да не се изложувам само пасивно под влијание на опкружувањето, и да чекам кога тоа ќе ме промени, треба самиот да влијаам врз опкружувањето, да го направам посилно, за тоа посилно да влијае врз мене. И тогаш ние се соединуваме со опкружувањето, и се креваме еден со друг во духовниот свет. Тоа значи дека јас го достигнувам скалилото Нешама.

Во ова е најважно – да не се опуштаме, и „Секој ден да биде за тебе како сè одново”. Постојано треба да има обновување, секоја секунда. Во спротивно, веднаш ќе паднеш во мртва состојба. А да се кренеш од мртвата состојба не е лесно. Тоа не може да се направи со еден скок, за да се вратиш во претходната состојба. Воопшто, во истата состојба е невозможно да се вратиш. Треба да се направат поправки: ново раѓање и ново растење – сè одново. Ако пак човекот не чувствува, дека мора одново да се крене – тоа значи дека тој не ја забележува ниту својата смрт, и целосно ја изгубил свеста.

Од утринската лекција - ТЕС - 02.01.2013г.  на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica