Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се глада и да се слуша вишиот систем

 

01.06.2010


Луѓето не знаат што значи состојбата "лишма" и често пати ги нарекуваат со тој назив своите не сосема духовни состојби. Тие не разбираат, дека да се достигне лишма – тоа е голема работа која е невозможна без изучувањето на кабала, групата, доследното исполнување на сите услови, дадени нам од кабалистите . Лишма означува дека ти се креваш над твојот егоизам и целиот се наоѓаш во состојба на давање.

Започнуваш да ја согледуваш целата таа реалност во новата светлина, во желбата за давање. Во неа ти го гледаш целиот духовен свет, а во овој свет постоиш само поради духовното. Целосно се поистоветуваш себе си со својата душа, а телото ти е потребно едноставно да биде здраво и да има се што е потребно за постоењето во двата света.

Затоа што душата не може да напредува, да се движи, ако нејзиниот друг дел – телото не се наоѓа во овој свет. Телото и е потребно на душата се до последното скалило. Затоа луѓето не разбираат што е тоа "лишма" и дека е потребно да се привлече светлината, која се враќа кон изворот, т.е. да се достигне духовното откривање, сличноста со Создателот.

После тоа човекот се нарекува "ангел", т.е. јавно ги добива наредбите на Создателот и ги исполнува. Тој или "го слуша" Создателот, или го "гледа" – го открива вишиот систем во светлината Хасадим, па можеби дури и во Хохма. Кој размислува за таква височина? Човек помислува дека научил напамет 20-30 страници и тоа значи веќе духовно достигнување. Но не треба да го разубедуваме и да "ставаме пречка пред слепиот". Само на човекот, кој навистина се стреми да ја открие вистината соодветно на својата точка во срцето – на тој треба да му се отвори вратата за изучување на кабала. Ако посака – нека влезе..


Кого да исправуваме – себе си или светот?


Имаме пред нас поставена цел. Таа може да ни се чини добра или лоша – како на малото дете кое прави се што сака, без да размислува дека може да си наштети. Затоа, иако тоа не ни се допаѓа, ние треба го пронајдеме и прифатиме правилниот начин на однесување, наместо да седиме и плачеме зошто таткото не ни дозволува да го почешаме окото со игла. ( како во примерот од Рабаш од статијата " И ќе го продаде човекот покривот свој". Т.е. треба да се прифати управувањето одозгора над својата желба, затоа што тоа му припаѓа на другото ниво- нивото на давање!

Таткото вели "Не смее! Не треба, тоа ќе ти наштети!" и ние можеме да викаме и да го бараме тоа што го сакаме, но нема да имаме од тоа корист. Затоа што тука делува железен закон. Затоа кабалистите ни раскажуваат кон какви закони треба да се придржуваме и по кој пат да одиме. Патот е едноставен- да ги прифатиме фактите кои нам не ни се пријатни. Ние би сакале под себе да го згазиме светот, а самите да останеме такви какви што сме. Кабалистите пак ни советуваат да го прифатиме светот таков каков што е и да кажеме дека е добар, само јас тоа не го согледувам – и да се приклониме. Во тое се состои главната одлика!

Од кога ќе ги "истражиш" сите тие состојби, треба да ги "обуеш нозете" и да побараш исправување. Затоа што светот нема да се промени! Ништо нема да ти помогне, само бадијала ќе си го боцкаш окото со игла. Потребно е постојано да се променуваш себе си, правејки се соодветен на совршениот свет, совршената група, на се што се наоѓа во внатрешната реалност, т.е. во духовниот свет во идеален исправен облик.

Таква е разликата во приодите, аспектите. Ако човекот подзастанува, што се вели " купува чевли да ги обуе нозете" и го бара своето исправување, за поинаку да гледа и се однесува кон другите, кон Создателот, кон опкружувањето, тогаш е тоа суштинска промена. Тоа значи дека тој оди со верата над разумот, т.е. над своето егоистично срце и разбирање, и сака да го види светот таков, каков што го опишуваат кабалистите.

Зошто тие ни ја опишуваат напреднатата состојба, која ја доживуваат со својот исправен вид и чувство, и со тоа ни го скратуваат патот. Ако ние се потрудиме да го видиме тоа што го гледаат тие, ќе го фокусираме погледот така за да го видиме исправениот свет, исправената група, исправените себе си, тогаш ќе се запрашаме:" Како може тоа да се достигне?" И ќе почнеме да ја бараме светлината која се враќа кон изворот. Затоа во секој момент од нашиот пат треба да гледаме како го проверуваме и критикуваме светот, и да се оди над таа критика! И така да се напредува.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica