Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се дава на ближниот

09.12.2010
Прашање: Сепак што значи – да се дава на ближниот?

"Да се дава на ближниот" – тоа значи да се дава на групата, која целата се стреми кон спојување со Создателот, само за тоа размислува, сфаќа, дека тоа може да се постигне само со меѓусебно поврзување без никакви разлики меѓу нас. Но тогаш тоа веќе нема да биде ближниот - туку како да сум јас самиот заедно со Создателот.

Сепак, прво морам да научам да давам на ближниот – како што е речено: "Од давањето на ближниот, кон давањето на Создателот", затоа што поинаку јас ќе згрешам, моето его ќе ме дезориентира и ќе ме излаже. Давањето на ближниот – е давање на групата заради постигнување на заедничката цел, т.е. давањето на Создателот. Ти им ја даваш на своите пријатели целата своја желба и со тоа ја претвораш во место, каде што може да се открие Светлината. Ти им ја пренесуваш на нив!

Ако го правиш тоа со навистина целосна посветеност, тогаш во тој пренесен дел од тебе на нив – тие можат да го откријат Создателот. Кога така ќе стори секој, ние ќе ја достигнеме силата од "600.000" души – ќе се случи духовно откривање.

Треба сите заедно да расмислат, како да се создаде таа заедничка желба на целото светско кли – да се соедини така што ќе стане погодно за откривање на овој прв дел на Светлината. И тогаш ќе се случи спојување (зивуг) меѓу сите желби и Светлината. Тоа ќе биде за првпат во историјата! Бидејќи се што се случувало во претходните генерации – било само подготовка за ова.

Вишо управување со разнострано лице

Вишото управување е многу сложено. Бидејќи нашите состојби (решимот, желби) постојано се менуваат. Но ние не чувствуваме, дека сè се менува ; не надворешно, туку внатре во нас. Ние не сме свесни за тоа, и го чувствуваме само светот кој постојано се менува, неговиот различен однос кон нас.

Се разбира, сето ова го организира за нас Создателот, преку секакви декорации(облици) на овој свет. Но ние го поврзуваме тој променлив однос или со други луѓе, или со Создателот, понекогаш - со себеси, но тоа веќе зависи од нивото на човекот.

Ако човекот ја поврзува оваа променливост само со Создателот – тоа е веќе почеток на поправката, како што е речено: "Не постои никој освен Него, Добриот и Креаторот на доброто". Во секој случај, постојат заеднички светлини, кои дејствуваат како Опкружувачка Светлина, а постојат и единечни светлини, кои исто така ги возбудуваат келим/желбите, поттикнувајќи ги да се развиваат.

Ако ние самите не напредуваме, тогаш кај нас доаѓаат светлини во облик на брутални сили на надминувањето (гвурот), кои не продвижуваат со брутални методи. Но треба да се сфати дека ние самите предизвикуваме такво влијание на Светлината. Светлините доаѓаат во непроменет облик, тие секогаш се насочени за наше добро, за да нè доведат до сличност на особините со Создателот.

Впрочем, тие дејствуваат од изворот на нашата конечна совршена состојба во светот на Бесконечноста. Но кли/желбата, која се развива во нас под влијание на оваа Светлина, поминува различни фази од развојот. И затоа ние чувствуваме, дека постои бавен, постепен развој, а постои и брз, моментален, во согласност со Светлината или против неа, навидум лош и добар.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica