Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се запознаеш себеси, да Го запознаеш Создателот

22.02.2011

Создателот создал совршена состојба каде што ние се наоѓаме во совршенство и споени со Него. Меѓутоа за да се почувствува таа состојба потребно е да ја развиеме во себе способноста да чувствуваме, да научиме да ги разликуваме нејзините компоненти. Таа способност на чувствување треба да произлегува токму од нас, ние мораме да поседуваме духовно чувство.

Но чувството не може да се добие однадвор, иако Создателот е семоќен. Суштеството треба да ја почувствува својата состојба во споредба со состојбата на Создателот, да се наслади со спојувањето и совршенството во нивните меѓусебни односи, да се почувствува сличен на Создателот, бидејќи нема ништо посовршено од тоа. Затоа тоа треба да смести во себе две состојби, два дела на воспримање, две особини: кој е тој самиот и кој е Создателот.

Значи суштеството мора да содржи во себе две спротивности. Затоа ние, создадени од совршената состојба, создадена од Создателот, треба пред сé да ја сфатиме сопствената природа, како да не постои Создателот. Дури потоа редоследно да ги поминеме фазите на запознавање со природата на Создателот. Тогаш ние ќе ја достигнеме целта: ќе ја почувствуваме својата природа и природата на Создателот во раскинот и единството меѓу нив. На крај тоа ќе ни даде моќ и големина на совршената состојба во која ние првично се наоѓаме.

Предноста на Светлината е од мракот

Нашиот духовен пат започнува од состојбата на овој свет. Оттука ние постепено почнуваме да ја дознаваме неговата природа, природата на суштеството – желбата за насладување поради себе. Делот на таа желба ние го добиваме по пат на природниот развој во материјалниот егоизам од генерација во генерација. Потоа стигнуваме до потребата да добиеме желба за самонасладување на човечкото ниво.

Неживото, растителното и животинското ниво ги поминуваме во нивните рамки, меѓутоа човечкото скалило можеме да го добиеме само во соочување со Создателот. Токму тогаш започнува духовната работа: во согласност со Светлината и нејзините особини ние мораме да ја добиеме нашата природна особина – желбата за насладувања, според принципот: " предноста на Светлината се дознава од мракот".

Тие две особини се развиваат во нас на исто ниво, подеднакво, те едната те другата – што се вели во падовите и подемите. Тоа се случува на следниот начин: прво човекот добива желба, импулс за нешто непознато, а потоа го доведуваат во групата, на часови. Тука тој почнува дејства, чие значење ниту самиот сé уште не ги разбира , меѓутоа тие му даваат мало осветлување. Тогаш тој напредува. Во оваа фаза исто така постои и духовната конструкција АВАЈА, и човекот се развива во неа на неживото, растителното, животинското и човечкото ниво од човечкото скалило.

Со текот на времето тој почнува да зборува, а потоа можеби дури и малку ги слуша зборовите дека треба да стекне особина на давање. Тој започнува да ја игра играта вредно, како дете. И иако тоа е само игра, таа се нарекува "со верба над знаењето" : човекот небаре се издигнува над својот разум и навидум посакува да дава, барем со зборови се насочува на љубов кон ближниот. Нека е "навидум", но тој дејствува заедно со групата и се воодушевува од пријателите благодарение на зависта, големата желба и амбицијата.

Тој зборува за особината на давање, се исполнува со таа идеја и ја предизвикува врз себе Светлината која враќа кон Изворот. Човекот не ја знае целата тајна на духовното влијание, меѓутоа Светлината влијае врз него и така постепено тој се менува.

Од утринската лекција - 22.02.2011

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica