Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се издигнеш во виша димензија

 

18.05.2010

Кога душите го достигнуваат соединувањето еден со друг,човекот ја открива новата реалност. Зашто постои разлика меѓу обединето, целосно тело и тело, разделено на посебни делови? Како делови кои се живи и секој дел го чувствува своето постоење. Сега ние чувствуваме дека живееме во овој свет – тоа е нивото на постоење на секој дел одделно, а не соединет со другите заедно во еден организам. На секој дел му се дава животна енергија, го оживуваат како орган извлечен од телото, кој го чуваат за пресадување во друг организам.

Значи постојат ,,подготвени за пресадување органи" кои се одржуваат во живот за да не се спуштат под животното ниво. Тие органи се чувствуваат себе си како се наоѓаат во нашата реалност. Тоа и сме ние. Ако ние, некоја група на органи, сакаме меѓусебно да се обединиме и молиме за тоа, нашата заедничка желба (молитва, МАН) произведува од горе од вишото ниво, сила која не обединува. Тогаш во нашето обединување ние ја чувствуваме духовната реалност, слично на тоа како телото чии што органи почнале меѓусебно да се соединуваат, и целиот организам веќе живее друг живот. Не таков во кој што секој од нив живеел,сакајки да го одржи своето животинско постоење.

Ние се искачуваме од животинското ниво во ново ниво на постоење – човечкото. Чувството на тој заеднички живот на сите ,,органи на телото" (заедничката душа) се нарекува духовен свет.Сега дури претходното ниво не се ни смета дека е живот, затоа што ние не постоиме сега секој за себе, туку се обезбедуваме еден со друг со енергија потребна за живеење, и светлината ни носи сосема различно постоење. А нивото на претходниот живот, животинското ниво, ни се чини веќе премногу ниско и непотребно.

Тој живот ни е потребен само за прибирање кон себе на другите души кои што постојат се уште во нашиот свет, на животинското ниво, нови желби кои што се уште не се вклучиле во нашето поврзување. Тогаш и тие се искачуваат. Но на нашиот духовен живот кој го постигнавме во дадениот момент, тоа ниво не му е потребно. Затоа што веќе се наоѓаме во повисока димензија.

Игра-тоа е чекор во неизвесноста

Напредувањето кон нова неизвесна состојба, која ние треба да ја откриеме,спознаеме или изградиме, да се одбере правилното се нарекува ,,игра". Играта е сериозно дејствие кое што содржи елемент на неизвесност.Преку неа ние ги дознаваме нашите можности, расположенија, стремежи и постигнатите резултати. Секој пат јас се движам кон неизвесна состојба. Како можеме да се движиме кон неизвесното? Ако ни се јасни почетната и конечната состојба значи дека тие во мене веќе постојат и јас само ги реализирам, преминувам од првата состојба во втората. Тоа пак, не означува дека јас растам.

Движењето кон позната состојба не значи откривање на нова,туку само акумулација, собирање. Затоа што, ако ми е позната втората состојба, значи таа е веќе во мене, јас се наоѓам во таа состојба. ,,Растење" значи дека јас сакам да добијам сосема нова состојба, да станам таков каков што се уште не сум. Како тоа може да се постигне на рационален, зрел, правилен начин ако не со помош на игра, симулација? Самата природа не поттикнува да учиме цело време- преку играта.

Истото тоа се случува на неживото, растителното и животинското ниво. За да расте чекор по чекор, растението внатре во себе ги прави истите дејства како во играта. Ако се разгледаат неговите дејства во процесот на растење,тие се идентични со нашите дејства на животинското или човечкото ниво. Јас внатре во себе морам да ја замислам мојата следна состојба, притоа толку правилно, за да добијам од неа сила за растење. Затоа присутноста на Создателот во секоја творба е неопходно, обврзувачко! Само така јас ќе можам да направам чекор напред, само во случај ако тој веќе се наоѓа во мене.Јас морам свесно, насочено да ја предизвикувам врз себе силата на Создателот, мојата скриена виша половина.

Затоа го создавам моделот на својата следна состојба – групата која претставува симулатор на светот на Бесконечноста, на духовните состојби во тој свет, заемното давање. И сега извршувајки секакви дејствија, јас чекам светлината да почне да делува врз мене – значи дека ја пронајдов, сфатив правилната следна состојба, една од сите постоечки. Кога тоа ќе се случи? Кога светлината навлегува во него?

Светлината се наоѓа во апсолутно мирување. Јас треба само да пронајдам сличност со неа. Кога од сите постоечки облици јас пронајдам сличен облик на неа, таа веднаш ме исполнува и ние стануваме поврзани еден со друг. Тоа се нарекува наредна (следна) состојба. Така ние напредуваме.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica