Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се исполни срцето со љубов!

Ако и покрај сé, ги оставиме сите смислени предавања и мислиме само како да ги поврземе срцата (желбите) во едно срце (желба) на љубов за да ги покрие сите очигледни недостатоци под условот „Љуби го ближниот свој како што се љубиш себеси“, тогаш ќе откриеме обединет систем на природата и неговата сила на љубовта, која ќе ја исполни нашата заедничка желба (срце).

Од „При Хахам (Плод на мудрите) од Баал ХаСулам, писмо 47, 1927

Издигни ги желбите на ново ниво

Баал ХаСулам, „Арвут (заемна гаранција): „Со оваа заедничка одговорност, секој член на народот беше ослободен од грижи за потребите на сопственото тело и можеше целосно да ја почитува заповедта „Љуби го ближниот свој како што се љубиш себеси“ , и да му даде сé што има на човек во нужда.

Ова значи дека ќе добиеме толку големо задоволство во нашето чувство што на нашиот телесен живот нема да му е потребно ништо освен основното за преживување, исто како што животните немаат потреба од колачиња, туку само природна храна која им е доволна. Ако нашите желби кои не се на животинското ниво престанат да нè збунуваат и се издигнат до „човечкото“ ниво, ќе се ослободиме од сите непотребности кои само ја загадуваат земјата и ќе го оставиме само она што ни е потребно за основните потреби во телесниот живот. Со поврзување со другите го постигнуваме исполнувањето на „човечкото“ ниво, слично на Создателот.

Тогаш, секако дека не размислуваме за сопственото уживање освен кога тоа е неопходно. Го откриваме Создателот во поврзувањето со другите и така ги даваме сите наши моќи за потребите на другите. Затоа е кажано: „Живеам во моите луѓе“. Бидејќи тој веќе не се грижи за постоење на сопственото тело, како сигурно да знаел дека е опкружен со шестотини илјади верни обожаватели, кои биле подготвени да се грижат за него.

Општеството кое дава поддршка е она што ја зголемува важноста на поврзувањето во моите очи и дава чувство на сигурност дека нема да ми недостига ниедно основно средство, што му дозволува на човекот да се грижи за сите. Подоцна, и ова ќе исчезне и ќе примам сé благодарение на единството со општеството; Нема да мора да го гледам системот кој дава доказ за љубовта и грижата на оние околу мене. Љубовта која ја чувствувам кон нив ќе ги исполни сите мои садови.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 31/05/2012 „Арвут (Заемна гаранција)“

„Колку е прекрасно и пријатно да седиме заедно како браќа“

„Колку е прекрасно и пријатно да седиме заедно како браќа“. Ова се пријатели кои седат заедно, не одделувајќи се еден од друг. На почетокот, изгледа како да се непријатели и да сакаат да се убијат еден со друг. Но потоа, се враќаат на братската љубов. И тогаш воскликнуваат: „колку прекрасно и пријатно е да седиме заедно како браќа.“ Правејќи го ова, постигнуваат сличност со интегралниот систем на природата и се во склад со него. И во нивната заедничка љубов, ја откриваат суштината на природата, нејзината совршеност и вечност.

Книгата Зохар, поглавје „Ахареи Мот“ 31/05/201

Поделба на духовната работа

Баал ХаСулам: „Арвут (заедничка гаранција)“:  Еднаш целата нација едногласно се согласи и рече, „Ќе правиме и ќе слушаме“, секој член на Исраел стана одговорен за тоа ништо да не недостасува од било кој друг член на нацијата. Само тогаш станаа достојни за примање на Тората, не пред тоа.

Од нас се бара да го поправиме општиот сад, желбите кои сега чувствуваат дека се одделени, туѓи, дури и спротивни една на друга. Пред тоа, Светлината ги унапредуваше кон поврзување и единство, но сега, заради кршењето, таа ги дели, ги води до спротивноста, до караници, насилство и така натаму. Потребна ни е Светлината да дојде да ги поправи и поврзе овие желби. Не знаеме како да ги поправиме, како да ги составиме деловите на скршениот сад заедно, бидејќи не знаеме однапред каков треба да биде садот и секоја претпоставка која ја правиме е само претпоставка. Па што треба да правиме?

Поентата е дека не треба ништо да поправаме самите. Прашуваме, бараме и го предизвикуваме Вишиот за Тој да го изврши поправањето. Не постои начин човекот да се поправи сам. Секој пат се креваме до повисоко ниво, но може ли бебето да е попаметно од мајката? Така секое искачување е придружено од молба и Вишиот како одговор ја извршува неопходната работа и нé придвижува до наредната состојба. Ние молиме, а Вишиот ја извршува работата.Затоа тоа се нарекува „Божја работа“. Тој е оној кој работи, а мојата работа е да молам.

Ако постојано сме претпазливи во делењето на оваа работа, заштедуваме многу енергија и не сме збунети. Мора да се осигураме дека го правиме тоа и не смееме да го заборавиме. Ние како правило сакаме да делуваме сами, додека вистинската работа од наша страна е да се подготвиме за Неговата работа, да се напрегнеме и да ја откриеме нашата беспомошност. Баал ХаСулам вели: „Нема посреќна состојба во работата на човекот од онаа кога паѓа во очај од сопствените моќи“. Човекот треба да сфати дека само Создателот, вишата Сила може да го поправи и така било отсекогаш. Не е случајно тоа што нашата мисија изгледа толку тешка; да станеме „како еден човек со едно срце“, целосно да се обединиме; како е тоа можно?

Ова се илузии кои можат да доведат само до криза и разочарување, до дури поголем колапс од оној кој го видовме во Советскиот Сојуз, на пример. Тоа е така ако ги користиме погрешните средства, погрешната програма. Но методот на кабалата ни овозможува природен план кој го води самата природа: Твојот живот не мора да биде лош, треба само да откриеш, да препознаеш дека си во лоша состојба. Ова е доволно за да побараш промена и да ја примиш следната состојба, Затоа нашата работа е едноставна, Ако сите се собереме и работиме според законот на заедничка гаранција, мисијата ќе стане многу полесна: Го откриваме злото и во исто време го откриваме доброто, односно изворот и начинот за промена.

Тензијата меѓу овие две страни нé турка кон поправање; ја повикуваме Светлината која поправа и таа ја врши целата работа. Овој договор се повторува секојпат. Вистинскиот живот, вистинското искачување ќе биде откриено во тајната блискост на луѓето, во заедничките кругови, дискусиите, впечатоците, возбудата и заедничката помош. Затоа ќе откриеме повеќе недостатоци во нас во споредба со поправената состојба на општото единство; ќе ја откриеме ефективноста на големината на состојбата на заедничко дарување, и ќе ја активираме вишата Сила која ја врши целата работа. Кажано е: „Оној што создава мир во Рајот, ќе создаде мир за нас.“ Ова е текот на работата.

Од четвртиот дел на дневната кабала лекција 30/05/12 „Арвут (Заемна гаранција)“

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica