Да се молиш = да го молиш своето срце да се запали
Прашање: Зошто е речено, дека човекот треба да се усмери себеси кон оправдувањето? Зарем тој самиот тоа го прави, или Вишата Светлина влијае врз него?
Одговор: Ние не спомнуваме, дека тука дејствува Вишата Сила, иако се разбира таа прави сè. Кога се вели дека „човекот треба да поправи“, се мисли на тоа дека човекот бара Вишата Светлина да го поправи него. Во нашиот свет ние постапуваме на ист начин, говорејќи дека некоја куќа е изградена од голем архитект. Но зарем архитектот ја градел куќата? Тој го направил проектот, според кој потоа куќата ја граделе стотици луѓе. Но велат дека куќата е изградена од архитектот, понекогаш дури закачуваат спомен плоча со неговото име. Така и ние не говориме за силите кои ги активираме. Постои Создател – единствена виша сила, добра, која прави добро, и закон за сличност на особините со Него, кој ја одредува целата скала на нивоата – закон, кој не смее да се прекрши. А сите наши барања, целата наша работа, зависи од нас. Колку ќе се активираме со нашиот правилен стремеж – толку Светлина ќе добиеме. Тоа е постојан непресушен извор, во кој ништо не се менува. Сè зависи само од нашата сличност со Светлината. И затоа ние не велиме дека Вишата Светлина поправа. Ако е подготвена и носи апсолутно добро, тогаш сè се одредува само со мојата желба за добри промени – Светлината веднаш ќе повлијае со сета сила. Јас навидум не треба ниту да го прашувам него. Затоа не се вели „да го молиш“, туку „да се молиш“ на Создателот, небаре треба да се молам себеси, а не Него. Бидејќи јас мора да ги откријам своите желби. Сите дејства се наменети само за да го запалат моето срце. Вишата Светлина престојува во апсолутно мирување, целиот проблем е – во нашето срце.
Од подготовката кон лекцијата, 14.03.2014
Скала на љубов кон ближниот
Од статијата на Баал ХаСулам „Заемна гаранција“: Еден грешник доведува до губење на многу добра, бидејќи, како што е кажано погоре, човекот кој ја извршува заповедта меѓу него и Создателот, добива исто чувство на инспирација, како и човекот кој ја извршува заповедта меѓу него и ближниот негов. Бидејќи да се извршува која било од заповедите потребно е заради Создателот, без секаква примеса на егоистичка љубов, без секаква светлина и надеж за добивање за возврат на некоја награда или почит за своите напори, кога тука, во оваа висока точка, се соединуваат љубовта кон Создателот и љубовта кон ближниот, станувајќи една целина. На таков начин, тоа доведува до одреден напредок на целото човештво по скалата на љубовта кон ближниот.
Од ова се гледа дека условите се многу прецизни: давањето, природата на Создателот бара од нас да ги поминеме фазите на развој на нашиот егоизам до оној степен, сè додека целосно не потонеме во него, ќе се преполниме со егоистичко зло до висина на сите четири нивоа. Разбивањето, пак, кое започнало во нашите корени, мора целосно да заврши и да почне да ги манифестира своите последици. Ако човекот навистина сака да напредува кон духовното, односно кон давањето, тој постепено открива, дека овие услови се многу тешки, практично невозможни и, се разбира, неподносливи. Затоа што треба секој момент да се извршуваат дејства, користејќи секоја шанса и згора на тоа да се бараат дополнителни можности за давање на ближниот, заради љубов кон него. И притоа да се престојува во радост и воодушевување, без оглед на своето чувство, дека ти самиот немаш ништо!
Треба да сфатиме дека токму тоа се нарекува духовно: да не се прима никаква награда, дејствувајќи само за добро на ближниот. Кога тоа би било за добро на Создателот, со тоа би можеле да се согласиме, бидејќи Тој е голем и владее со сè. Претставува чест да се биде поврзан со Него, да се приближиш и да му даваш Нему. Но кога станува збор за давање на ближниот, а не на Создателот, односно на секој човек од овој свет, на кој јас треба со своите дејства да му донесам секакво добро, насладување, наполнување – тоа ни изгледа сосема невозможно. Во оваа точка јас стигнувам до сфаќањето дека само опкружувачката Светлина може да изврши таква промена, и дека тоа е апсолутно неопходно, бидејќи ништо не ми остана, и јас не можам од тоа да побегнам. Тоа е навистина цел на создавањето и виша праведност, и јас имам потреба од помош од Создателот, бидејќи без Него, се разбира, не можам да сторам ништо. На крајот, јас се согласувам и сфаќам, дека во тоа се состои вишата праведност, и дека така мора да биде, без оглед на фактот, дека сè во мене протестира. Подготвен сум цело време да се обраќам со молба да дојде Виша сила и да ме поправи, да ме промени, да направи всушност јас навидум да престанам да постојам, а само да му служам на целото човештво апсолутно подеднакво, без да гледам кој ми е непријател, а кој ми е пријател. Не треба да постои никаква разлика во мојот однос кон најнискиот човек, најлошиот во светот, и во односот кон Создателот. Само откога ќе ја достигнам целосната љубов кон суштествата, јас ќе дојдам до љубовта кон Создателот. Бидејќи Создателот треба да се открие меѓу сите.
Од подготовката кон лекцијата, 14.03.2014
Романтиката на духовната изградба
Прашање: Ако сè уште не сме достигнале духовно откривање, туку само учиме – дали вршиме духовна работа или не?
Одговор: Ти се занимаваш со духовна работа, бидејќи сакаш да го достигнеш духовното, иако сè уште не се наоѓаш во него. Тоа е небаре човек кој гради куќа. Таа може да се гради 20 години, но ти си зафатен со нејзината изградба. Ти имаш цел – да го постигнеш духовниот свет, и ти напредуваш, се приближуваш до него, сè додека не влезеш. Дури ако тоа ќе потрае 20 години, зарем тоа е проблем?
Прашање: Што е поважно: да се подготвуваш кон влегувањето во духовниот свет или веќе да се наоѓаш во него? Некогаш сте рекле, дека Создателот не сака повеќе кога ние само се подготвуваме?
Одговор: Навистина, бидејќи додека се подготвуваш, ти вложуваш напори како мало дете, сè уште не знаејќи кон што се движиш. Токму во местото на скривањето имаш поголема можност да го манифестираш својот однос кон Создателот, силата на вербата. Слично на тоа, како во нашиот свет ние се разнежуваме и најмногу од сè се насладуваме од бебињата. Во духовниот свет тоа не е така, но сепак постои шармот на наивноста, на посветениот стремеж, како соодветноста на коренот и гранката. Најголема награда човекот заслужува и открива како последица на неговите напори во тој период на скривање, во тие 20 години. Ние мислиме, дека времето на подготовката – е бадијала истрошено време, и би сакале да го избегнеме за побрзо да влеземе во духовното и да почнеме вистински да работиме, со целосно разбирање. Но ние не сфаќаме дека токму тие години се многу важни. Токму тука е проблемот, бидејќи останува само оној кој поседува вистинска желба, додека другите исчезнуваат.
Прашање: Што значи „вистинска желба“?
Одговор: Вистинска желба – е решимо, наменето за поправка, кое зависи од коренот на душата.
Прашање: Но сите ние сакаме да го поминеме махсом?
Одговор: Се разбира, сакаат сите. Но едни доаѓаат да учат два пати неделно, додека другите секој ден. Едни навечер гледаат фудбал, додека другите одат на распространување.
Прашање: Како можам да ја предизвикам во себе таа вистинска желба за која вие говорите?
Одговор: Со помош на опкружувањето!
Прашање: Но јас веќе се наоѓам во прекрасно опкружување! Што уште можам да направам со него?
Одговор: Треба да се вклучиш во него така за да претвориш во една целина со него, без какви било разлики. Она што се нарекува да се стане еден човек со едно срце – во тоа е целата потешкотија. Секој пат си даваш збор да го направиш тоа, но кога ти се укажува таква можност, наеднаш одбегнуваш. Но без оглед на тоа, ако само останеш и учиш, тогаш времето ќе го направи своето.
Од лекцијата по „Водевот во науката кабала (Птиха)“, 15.03.2014