22.09.2010
Се произлегува од Вишата сила, целата таа мешаница "јас и светот", се движат со една сила "Не постои никој освен Неа" – и се се случува, за да ме доведе мене кон Нејзино откривање. Во "Не постои никој осве Него" – се крие предупредување, дека се`, што се случува со тебе, е предизвикано од една единствена сила. Секој момент таа така се завртува себеси, за ти да ја откриеш – или на добар начин или на лош начин. Доброто и лошото се релативни: можеби Тој ме оддалечува од Себе со успесите, а со страдањата ме привлекува. Но ако јас разбрав, дека се произлегува од Него, тогаш се во животот станува средство за поврзаност со Него. Постојат: јас и светот што ме опкружува. Овој свет за мене е пример на односот на Создателот кон мене, јас морам да Го откријам Него преку овој свет, да започнам со Него дијалог. Но сеуште јас не ќе можам да Го разберам, Тој делува врз мене однадвор, се обраќа кон мене со јазикот на давањето – а јас се наоѓам внатре со јазикот на примањето.
Јас сум закован внатре во своето Его, а светот околу мене – тоа е светлина, само јас тоа не го знам, туку ја гледам неа таква, каква ми се гледа мене во мојот егоизам. Ако јас се променам, тогаш ќе разберам, дека овој свет – тоа е свет на Бесконечноста. Се зависи од тој кој чувствува., како што опишува Баал Ха Сулам во статијата "Скривање и откривање на Создателот". Јас гледам ужасен свет, затоа што јас сум таков, а ако се променам – тогаш ќе го откријам како совршен и вечен. За тоа раскажуваат кабалистите, кои го поминале таквото исправување на своите сетилни органи од примање на давање. Затоа, јас не можам да се однесувам кон овој свет така, како што тој ми се гледа. Мене ми се гледа нешто во моите лажни особини. Но јас можам да ги променам своите особини, да ја достигнам особината на давање над својот егоизам. И тогаш јас сето ќе го гледам спротивно.
Зависно од степенот на давањето, со кое јас ќе се здобијам – целиот свет ќе го чувствувам поинаков! Тоа се нарекува ново воспримање на реалноста. А светот нема постојана слика, се зависи од примателот. Затоа е речено, дека секој суди по мера на сопствените недостатоци. Овој свет е само обвивка за вистинскиот свет, но тоа е единствено, што јас сега го чувствувам. Потоа јас наеднаш ќе откријам, дека тоа е простор полн со сили на давање и љубов – јас ќе ги видам нив така, како што го гледам сега овој свет. Потребно ми е само да ги променам своите особини од примање на давање, и јас ќе го видам "идниот" свет! Како тоа да се направи? – За тоа ни се даваат учител, група, книги. А целата добивка од реализацијата на кабала се состои токму во тоа, наместо неколку циклуси да се заврши целото исправување во овој живот.