Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се открие или да се прикрие?

Во времето на пророците, кабалистите само малку им ги разоткриле своите знаења на мудреците на народите на светот. Аристотел, Платон и другите древни грчки мислители навистина се стремеле да ја дознаат вистината, без лоша умисла. Патем речено, во таа ера многу неевреи се присоединиле кон народот на Исраел, и некои од нив достигнале високи скалила. Што се однесува на филозофите, тие ја разработиле теологијата, базирајќи се врз земените податоци од кабалата. Нејзиниот пристап на луѓето им се чини мудар и целосен. Бидејќи нивната желба припаѓа на АХАП, тие едноставно не можат да разберат, дека постои уште една можност. Човекот нема моќ да се возвиши над сопствената желба.

Затоа, како што пишува Книгата Зохар: плачел Рашби: „Лошо е, ако откријам, и лошо е ако не откријам. Како луѓето ќе го достигнат крајот на поправката без откривањето? Затоа што тие ќе го немаат Изворот на Светлината, кој го има само во мојата генерација”. Рашби бил последен од оние кои уште пред падот ги постигнале сите Светлини на првите три Сефирот на светот Ацилут, т.е. ја постигнале својата лична конечна поправка на сите 125 скалила. „Ако не го откријам ова во форма на писмен извор, душите со духовен стремеж никогаш нема да можат да ја привлечат и да ја искористат Светлината за поправка. Од друга страна, пак, ако ја откријам мудроста, тогаш народите на светот сигурно ќе ја изопачат уште повеќе”. Рашби видел што се случило од времето на пророците до неговата ера. Што ќе биде понатаму? Ако мудроста падне во лоши раце, какви несреќи тоа ќе донесе?

Рашби сепак ја напишал Книгата Зохар, но и ја сокрил. Потоа, според вољата на Вишото управување, таа дошла во рацете на раби Моше де-Лион, чија што вдовица ја продала, кога останала без пари. Така Книгата Зохар се открила на светот – и навистина, тоа доведе до многубројни дефекти и поправки.

Прашање: Според што се раководи кабалистот кога одлучува дали да ја открие или да ја прикрие мудроста?

Одговор: Според диктирање на времето. Од една страна, Рашби знаел, дека неговото време е период на растечко скривање, кој треба да продолжи речиси до целосен раскин помеѓу поправката и разбиените решимот. Меѓутоа, тој бил обврзан да остави тенко конче на Светлината; помеѓу Светлината на Бесконечноста и решимот на ниво на овој свет, кое луѓето ќе можат да го употребат. Токму тоа е Книгата Зохар. Таа е како скала, чија основа стои во овој свет, а врвот ги достигнува небесата – трите први Сефирот на светот Ацилут и Светлината на конечната поправка.

Освен тоа, Зохар е напишан со помош на ученикот раби Аба, кој ја скрил суштината, што не можел самиот да ја најде, иако ја совладал науката кабала и престојувал во давање. Останатите во Зохар гледаат само раскази. Меѓутоа, и од тие „раскази” многу детали и термини биле земени за потребите на лажните учења. Егоистичката желба на секој начин ја искривувала и прекршувала оваа книга во своето криво огледало, божем таа раскажува за силите, кои влијаат врз судбините на луѓето во нашиот свет. Ако пак се погледне преку призмата на желбата за давање, ние гледаме, дека станува збор за поправените и непоправените делови на душата, кои имаат вакви или онакви називи. Книгата Зохар раскажува за внатрешните поправки, а не за телата, кои воопшто не се земаат предвид.

Прашање: Дали кабалистот ги зема предвид потенцијалните недостатоци на разоткривањето? Или гледа само на поправката?

Одговор: Кога Рашби не би ги земал предвид недостатоците, не би плачел размислувајќи. Но сепак не може без недостатоците. А на крај, иако се чини дека „слугинката” завладува во домот на „господарката”, - токму со тоа таа ѝ помага да се открие.

Прашање: За разлика од Рашби, Баал ХаСулам открил сé, што можел...

Одговор: Затоа што било дојдено времето. Настапила посебна ера, и Баал ХаСулам пишувал дека е радосен да се роди во време кога ќе може да се разоткрива науката кабала. Но денес ние заостануваме зад развојот на случувањата. Времето бара да се открива и шири многу повеќе, отколку што откриваме и шириме ние, значи, целата работа е во диктирање на времето. Без него, ние не би им се обратиле на масите – тоа треба да е јасно.

Овој променлив свет

Прашање: Кога кабалистот ја открива методата на поправка, дали му се доволни само книгите? Или мора да биде некој, кој што правилно ќе ги употреби?

Одговор: Ари во својата генерација усно ја презентирал методата, а следните три генерации ја префрлиле на хартија. Потоа дошол Баал Шем Тов и почнал да ја спроведува методата во пракса. Неговото дело го продолжиле многубројните ученици – големи кабалисти, кои опширно и детално пишувале за науката кабала. Освен тоа, во историјата дејствувале личности како Спиноза, Маркс и Ајнштајн. Во најнерелигиозни облици тие го изразиле својот однос кон општеството, кон науката, кон воспримањето на реалноста – и со тоа ги проширувале приодите кон оваа метода за целиот свет.

Например, Маркс, независно од тоа што му било познато, во суштина почнал да зборува за реализацијата на науката кабала во човештвото. Што е „социјализам”, ако не го земеме предвид лажната советска замена за него? Тоа е метода на нашата заемна поврзаност во едно општество, во еднаквост, во соединување, со кое ние го опфаќаме нашиот живот. Всушност, станува збор за кабалистички принципи. Затоа излегува, дека Маркс – е еден од „ангелите” во рацете на Создателот.

Што направил Спиноза? Тој го извел евреинот од надворешните граници на јудаизмот и го „протресол” за да го доведе по алтернативен пат до нов поглед на духовното, кое не е ограничено само со надворешно извршување на заповедите, туку кое содржи уште една компонента. И не е важно, колку точно се задржал правецот – Создателот го изградил развојот така, за тоа да биде доволно за таа ера.

Потоа Ајнштајн го направил истото во научната област, откривајќи го поимот на релативност и вистински природната граница – брзината на Светлината. Тој ги истражил заемните односи помеѓу материјата и порано непознатата димензија во условите на променливото време и растојание, во променливата реалност, каде што сé е релативно. Така, постепено, сите патишта водат до новата слика на светот, кој ја губи поранешната стабилност и станува променлив во воспримањето на човекот.

За истото говори и науката кабала: сé се менува соодветно со нашите особини. Сега веднаш ние можеме да го промениме светот, сé што ни претстои – ако се искачиме на ниво на повисоки желби. Тогаш ќе ни се открие поинаков свет, други сили и заемни односи, и наместо денешните луѓе, ние ќе видиме сосема поинакви творби – души. Преку секакви интервални фази, преку виртуелниот свет, ние се доближуваме до токму такво воспримање. Многумина дејствувале на овој пат, освен тројцата што ги споменавме. Генерално, нема ниту еден елемент во историјата, кој не би водел кон оваа точка на поправката. На крај, сé се фокусира на неа.

Од утринската лекција - 03.09.2012  на   Каб.Тв

Збогум, фантазии

Баал ХаСулам. “Тело и душа” Апстрактната логика ни е забранета. Секој, кој ја користи, ја крши забраната за обраќање кон идолите.

Ако јас замислувам нешто, што не се восприма во моите сетилни органи, тогаш тоа се нарекува “идолопоклонство”. Од ова е јасно, во каква заблуда престојува целото човештво. Мојата анализа мора да биде екстремно јасна. Таа мора да се заснова врз реални податоци, врз тоа што го имам в раце, наместо во фантазиите и измислиците. Само такво воспримање и таков пристап ќе ме натера да се променам и да видам – сепак во реалниот осет, “в раце” – нов свет. Сé друго – е фантазија. Само ако јас престанам да фантазирам и признаам, дека не постои ништо надвор од петте сетилни органи, дека може да се раководиме само според тоа што го гледаме, - тоа ќе ме обврзе да го проширам спектарот на своите чувствувања. Токму затоа забраната за “фантазии” е неопходна за внатрешни промени, благодарение на кои јас ќе го откријам Вишиот Свет во своите подобрени сетилни органи.

Прашање: Но никој тоа не го сфаќа!

Одговор: Тоа е точно. Меѓутоа постои една работа – осознавање на злото. Само кога човекот доаѓа до крајот, до границата кога навистина станува неиздржливо за него, тогаш тој се отвора за промените.

Човештвото мора да дојде до дното на сите религии и верувања. Оттука произлегува современиот религиозен фанатизам во сите негови манифестации. Тоа има смисла, луѓето треба да дадат сеопфатен израз на сите пристапи кон животот. Само тогаш ќе можат да преминат од крај на крај и да ја откријат вистината – едноставната материјалистичка вистина, која се заснова исклучиво врз истражувањата и перцепцијата во сетилните органи. Токму тоа претставува науката кабала: никаква мистика, никаква нереалност. Исто и магарето стои пред јаслите: јадење или има, или нема. Нема други варијанти. На крај луѓето ќе откријат, дека сите нивни верувања не им даваат храна, не им даваат ништо. Ти паѓаш, а не можеш ниту да живееш, ниту да умреш. Тебе нема да ти дозволат да обезбедиш постоење, битисување во своите чувствувања – тогаш ќе мораш да ги промениш.

Во почеток ние го замислуваме во чувствувањата овој свет, и живееме заедно тука, без да ја менуваме својата перцепција. Потоа почнуваме да паѓаме, и тогаш чувствувањата се стиснуваат, се скратуваат, нè притискаат, нè ограничуваат. Тоа наликува на маките при породилните болки: светот потонува во мрак, во сиромаштија, во проблеми и опасности, и поради немање друг излез јас морам да бегам од тие чувствувања. Бидејќи во нив јас ја доживувам смртта, во нив повеќе не сум способен да ги извршувам своите работи. Сега веќе не ми е до верување дека нешто е подобро “од другата страна” – јас не можам да преживеам сега. Надежите за постоење на задгробниот свет веќе не помагаат. Токму денес несреќите се срушуваат врз паричниците, а утре ќе се срушат врз душите, врз изворот на животните сили, и заедно со науката кабала ќеги донесат луѓето до сфаќањето за неопходноста да ја сменат перцепцијата. Главното во неа – е желбата за примање. Луѓето ќе мора да ја променат во желба за давање, неверувајќи повеќе на тоа што не го гледаат со своите очи, не го знаат од искуство. Фантазиите нема да помогнат. Токму тоа претставува осознавање на злото – почетното зло, кое Создателот го создал заедно со “Тора”, т.е. со методот на поправка, со корективната сила на Светлината, која овозможува да се дојде до добриот почеток. Такви се трите состојби, трите фази на патот.

Од лекцијата според статијата “Тело и душа”,  на  Каб.Тв

Зошто целта не нè привлекува?

Прашање: Зошто не можеме да ја возвисиме духовната цел над нашиот материјален живот? Што нè сопира?

Одговор: ние не можеме да ја возвисиме духовната цел над својот живот, бидејќи не му придаваме важност, значење на Создателот. Духовната цел е – да Му причиниме задоволство. Ние пак, не зборуваме за тоа како за нешто најважно за нас. Тоа осознавање на важноста треба да ми го даде групата. Таа може да ја направи важна за мене секоја работа, дури и илузорната, претставувајќи ја како реално постоечка и првостепена. Само треба групата да изврши влијание врз мене, а јас да си ја наведнам главата пред неа. Тука е потребна заемност – пријателите работат врз мене, а јас – во однос на нив. Од Баал ХаСулам ни е познато, дека групата всушност треба само малку повеќе да го зголемува значењето на Создателот. Најважно, секој од нас е обврзан да се поништи пред опкружувањето – тогаш ќе го добие од пријателите осознавањето на важноста на Создателот. Да Му се причини задоволство на Создателот ќе стане најважна работа на светот за него, затскривајќи сé друго. И само некаде долу ќе остане задоволувањето на најосновните потреби – и повторно за да се има можност да се наслади Создателот. Човекот мора да го реализира овој пристап во меѓусебните односи во групата.

Кон прашањето за молитвата – Конгрес во Харков

Прашање: Кон прашањето за молитвата. Прво – јас мора да замолам; второ – мора да замолам правилно; трето – мора да замолам за пријателите; и четврто – мора да замолам со благодарност кон Создателот. Се чувствувам целосно збунет, небаре огромен товар падна врз мене. Не знам што да правам...

Одговор: Сето тоа ќе се нормализира, заедно ќе се соединиме и ќе видите дека тоа е единствено чувство, кое никако не е поделено на делови.

Размислувајте за тоа се повеќе и повеќе. Ќе видите како тоа ќе се соедини. Секое духовно постигнување се состои од две спротивни особини, и затоа секогаш сме збунети, не сфаќаме: “Така ли е тоа, или не е?”. Ти не можеш да си ги спротиставиш во себе, сé додека внатре во тебе не се создаде соединување меѓу желбата за давање и желбата за примање, и тогаш сé се смирува. Решението секогаш е во екранот! Размислувајте секогаш за таа противречност, и на крај таа ќе се соедини.

Прашање: Во која насока да се движам сега?

Одговор: Само кон соединувањето со пријателите. Мислејќи постојано на таа противречност, работете врз соединувањето со пријателите, само внатре. Кога ние би ги продолжиле овие семинари, вие многу брзо би ги решиле овие проблеми. И вака можете да ги решите заедно со пријателите, само внатре во нив. Центарот на групата – е местото, каде што се решаваат сите проблеми на светот.

Од утринската лекција на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica