Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се помине на страната на давањето

Конгрес “Пламен во пустината”. Лекција №5

Прашање: Што претставува духовниот очај?

Одговор: Духовност е давање. Во нашиот свет нема таков квалитет, и моја задача е да го замислам од спротивноста. Односно да разберам, што е тоа, да почувствувам колку сум далеку од таа особина, и во исто време колку силна потреба имам за него. Ако достигнам такво разбирање, тогаш во мене ќе се оформи многу силна желба да продрам во таа особина, и таа желба ќе стане моја молитва, молба, барање. Ако јас навистиа сакам да достигнам давање, тогаш од Вишото доаѓа сила, Светлина, и ја открива во мене таа особина. И тогаш јас почнувам да ја чувствувам другата половина на реалноста, која дотогаш била скриена, а сега се открила. Сега ние живееме само во особината на примање, и затоа нашиот живот е толку несреќен и краток, целосно составен од тотални загуби и не ни носи никаква корист.

А кога ќе влезам во особината на давање, поништувајќи се себеси и совладувајќи ја психолошката бариера (махсом), подготвен да се откажам од сé, и токму после тоа, преминувајќи од другата страна на таа внатрешна психолошка бариера, јас влегувам во духовниот простор, целосно изграден врз давањето. Тоа е како човек, кој престанува да дише, и откога тоа навистина ќе го направи, чувствува, дека може да живее и без воздух. И тогаш му се открива нов простор, нов свет. Тоа е само пример, невозможно е да се пренесе тоа поточно, бидејќи во нашиот свет не постои слична особина. А очајот доаѓа заради фактот, дека јас немам никаква можност да ја достигнам таа особина сам, со свои сили. Со помош на групата, јас на крајот доаѓам до одлука, дека не сум способен за тоа, но немам избор: јас морам да ја стекнам. И тогаш добивам таква можност.

На право место, во право време и за права цел.

Прашање: Што означуваат зборовите, кажани од името на Создателот: “Би било добро, кога би ме оставиле Мене. Сите ваши напори се напразни и неплодни, бидејќи Јас се наоѓам само во Тора”?

Одговор: Тоа значи, дека човекот неправилно вложува напори: на погрешно место, во погрешно време и за погрешна цел. Има голем број на услови, кои треба да се комбинираат. Пред сè, потребно е да се организира група. Без група човекот воопшто нема да дознае како да излезе од својот егоизам. Тој може да кажува за тоа убави зборови, но во пракса тоа нема да се оствари. Освен тоа, потребно е да се има трпение, сфаќајќи, дека тоа е акумулациски процес, кон кој се присоединуваат сите напори вложени од нас, доведувајќи нè до резултат. Тоа е како бројач, во чија внатрешност се вртат тркалца, и во еден момент наеднаш се менува бројката на бројчаникот: излегува “1”, наместо нулата. Потоа повторно долго се вртат внатрешните тркалца, сè додека надвор не излезе “2”, и т.н.

Треба да се сфати, дека додека бројачот прескокне на следната бројка, можат да поминат недели и месеци. Меѓутоа неделите нема да се сменат, ако тогаш нема да вложиме напори. Токму тогаш човекот почнува да сфаќа, дека нема сили и желба, дека не е способен за ништо, и би сакал сè да напушти. Телото го влече на страна, кон бескорисни работи, само да си го одвлече вниманието, и да не ја чувствува таа тешка состојба. Ние веќе сфаќаме како тоа се случува. И тука човекот мора да си најде поддршка за себе, “потпора во Тора”, односно пријатели, кои меѓусебно си помагаат еден на друг. Нашата слабост се објаснува со фактот, дека меѓу нас нема меѓусебна помош – сè е базирано само на неа. Сила има само во соединувањето, и ако нашата поврзаност се прекинува, тогаш ниту еден нема да има сили.

Светлината ми светнува од обратната страна, и малку ја зголемува мојата желба за насладување за само еден грам, и јас веднаш паѓам, и веќе сум подготвен да заборавам на сè, да лежам и да не правам ништо, само да ме остават на мира. Барем физички не смееме да си даваме можност така да паѓаме, опкружувањето да ме притиска, да ми телефонираат, ако не сум дошол на лекција, да ме караат дома. Јас морам да направам такви подготовки во своето опкружување, за тоа да работи на мене. И дома јас градам таков систем, да не ми дозволат да ја пропуштам секојдневната лекција, и меѓу пријателите. Јас така се подготвувам, за потоа да се мачам заради грижа на совеста, ако не дојдам да учам. Но сето тоа треба да се направи порано, а не дури во времето на паѓањето. Јас треба благовремено да се погрижам за она, што ќе ме обврзе да дојдам да учам, кога ќе останам без сили. Подредувам сè на таков начин, за да не можам да останам дома – во спротивно, што ќе речат домашните? Јас не можам секој ден да се оправдувам дека лошо се чувствувам. И пријателите ќе почнат да телефонираат и да прашуваат што се случило со мене, каде ме снемало, и мене ќе ми биде срам. Ако добијам оптоварување на срцето, само такви средства можат практично да делуваат на мене. Самиот јас во овој момент ништо не можам да сторам, но претходно сум подготвил таква поддршка за себе, и затоа таа исто така се запишува на моја сметка.

Маж и жена: соединување над спротивностите 

Прашање: Како мажите треба да ја прифатат заедничката желба на жените пред Конгресот во Арава?

Одговор: Генерално, постои женска сила (W) и машка сила (M). Мажот и жената треба да се поткренат над нив. За таа намена тие прават Прво скратување (Цимцум алеф - Ц"А) и се соединуваат, без оглед на нивната спротивност. Таа спротивност заедно со заемната привлечност формираат во нив сад, и тогаш тие веднаш чувствуваат, дека тој е наполнет со Виша Светлина. Треба само да се создаде садот. Бидејќи Вишата Светлина е во состојба на “готовност”, и мажот и жената треба само да ја откријат со специјален “сензор”. Тој “сензор” може да има пет степени на чувствителност, кои зависат од “длабочината” на желбата (авијутот). Со други зборови, мажот и жената ставаат скратување на сè, го совладуваат своето претходно ниво на омраза, отфрлување, и ги претвораат во љубов сите пет скалила. И согласно со тоа, го откриваат Создателот, кој царува во нив на скалилата нефеш, руах, нешама, хаја и јехида. За тоа е речено: “Мажот и жената – Шхина помеѓу нив”. Шхина – значи откривање на Создателот.

Прашање: Но после првото скратување тие сè уште не се поправени, како тие можат да се соединуваат? Нели е подобро прво да се поправат, а дури потоа да се соединат?

Одговор: Првото скратување – е прво дејство на поправката. Бидејќи поправката може да се почне само со ограничување: јас сакам да направам нешто, диктирано не од мојата желба за примање, не од мојата внатрешна суштина, туку од целта, желбата на Создателот, или желбата на Човечкото скалило – со тоа што е надво од мене. Еве што претставува Првото скратување. Суштината е во фактот, што е за мене поважно: јас или блиските? Во мене се откриваат пет степени на егоизмот (Ego): од нултиот до четвртиот, и согласно со нив јас треба да направам Прво скратување (Ц"А).

На првото скалило ми се открива само авијутот на коренот – и јас го скратувам. Сите останати скалила јас сè уште не ги чувствувам, нив ги нема во мојата свест, во моето откривање. И соодветно, после скратувањето во мене се манифестира Светлината хасадим (Chasadim) на скалилото нефеш (Nefesh). Потоа ми се открива авијут на првиот степен, и после неговото скратување јас повторно ќе добијам Светлина хасадим, но веќе на скалилото руах (Ruach). Понатаму јас ќе ја откријам Светлината хасадим на скалилото нешама (Neshama). Што се однесува на скалилата хаја (Haya) и јехида (Yehida), тука јас ја откривам Светлината хохма. На таков начин, поправките се прават постепено, во фази, и тука не може без скратување, кога јас му давам повеќе значење на она, што е над мене, а не на она, што е под мене. На пример: јас сакам да јадам, и моето бебе плаче, барајќи јадење. Во таков случај, јас се скратувам себеси, и го правам она, што му е потребно нему. Истото јас мора да го направам во односите со ближниот, кон кој, згора на сè, откривам омраза и други негативни чувства.

Прашање: Но каде е тука женскот дел? Можеби мажот и жената треба да го прават тоа посебно?

Одговор: Тогаш сè би било едноставно, и ние одамна би излегле во духовното. Но не е така, ние не можеме да го направиме тоа поединечно. Едноставно е невозможно, нереално, самиот јас да можам да направам скратување. За таа намена потребни ми се блиските – групата, во однос на која јас работам, и жената, од која добивам поддршка. Генерално, мажите ја остваруваат меѓу себе целата работа благодарение на женската поддршка, при вклучувањето на жените внатре. На таков начим, работата не се врши пред жените, но копијата на нивната желба е втемелена во мажите. Во работата со пријателите е интегриран целиот свет, вклучително и женските желби, надежи и очекувања. Скратувањето не е можно, ако во него не се присутни сите. Секое духовно дејство мора да ги содржи во себе сите. Тоа е како мини модел на целиот свет, дури и световите, иако ние не го распознаваме тоа.

Скок преку последното "Не е можно"

Прашање: Јас гледам, дека фараонот ги краде сите резултати на мојата работа, и се прашувам: кога конечно ќе се разочарам од сопствените сили? Се чувстствувам себеси, како да се возам во автомобил, но некој друг седи зад воланот.

Одговор: Тоа е точно, не си ти тој што управува со твојот автомобил. Од тебе зависи само желбата за напредување. А колку пати ќе мораш да направиш едно исто дејство, не е познато однапред. Но брзината зависи од тебе: со каква зачестеност ќе се менуваат твоите состојби, и колку бргу ќе можеш да ги поминеш. Да речеме, согласно со коренот на твојата душа ти си должен да поминеш осум илјади состојби, сè додека не го достигнеш првото скалило, на кое твојата желба за насладување ќе се претвори во давање, благодарение на Светлината, која враќа кон Изворот. Ти мораш да поминеш преку тие 8000 дејства, но можеш тоа да го направиш за две години, а можеш да ги одолговлекуваш дваесет години. Тоа веќе зависи од тебе, дадена ти е слобода на вољата за забрзување на твојот развој. Но ти сигурно ќе поминеш преку сите разјаснувања, што ти се дадени, и можеби не во овој, туку во следниот живот. Сè зависи од тебе.

Се жалиш, дека фараонот ги краде плодовите на твоите напори, но токму затоа е речено, дека прекрасните градови, изградени од синовите на Израел во Египет, поминале кај фараонот. Фараонот небаре стои зад твојот грб, се прилепува за твојот тил, и ги зема за себе сите резултати на твојата работа. Токму тоа го доведува човекот до очај од неговата работа, и до молитвата. Но не смееш да се предаваш. Освен тоа, секој пат, кога напредуваш и вложуваш нови напори, ти сепак стекнуваш мудрост, ја постигнуваш методиката, новите дефиниции. Со тебе владее темнината, разочарувањето, немоќта, индиферентноста. Сè ти здосадува, и се губи вербата, дека некогаш ќе се случи пробивот – тоа се состојби, од кои нема полоши. Секоја понапредна состојба ти носи уште поголемо паѓање, очај, индиферентност, и сфаќање на неможноста да се постигне саканото.

И така сè до последното “невозможно е”, кое се нарекува пресек на Конечното море, кога ти веќе целосно ќе се убедиш, дека тоа е можно и од страна на човекот и од страна на Создателот. Ти сметаш, дека тоа не може да биде така, тебе ти се открива, дека таква е твојата природа, која не може да се промени, и останува само да се вратиш на секојдневниот живот. И тогаш човекот одлучува, дека сепак мора да прескокне преку таа неможност, и му се откриваат условите на соединувањето: што значи вистински да станеш еден човек со едно срце. И ако тој се согласува со тоа, тогаш го добива своето прво духовно скалило. Правото скалило тој го добива само во вид на една точка, која се нарекува Мојсеј, и таа го извлекува (мошех) него од егоизмот, од прогонството. А во целата останата желба наспроти ова, се открива “златното теле”.

Потоа човекот влегува во пустината, каде што го чекаат проблеми на секој чекор, и која е полна со змии. Тоа веќе не е една голема змија – едно големо его, туку голем број на ситни гадинки, кои го касаат човекот од сите страни, негови различни егоистички особини. Но, со нивна помош тој цело време напредува по духовните скалила, стекнувајќи особина на давање. На целиот тој пат, мене ми се гледаат само две неопходни особини, кои претставуваат гаранција за успех: поништувањето на себеси пред учителот, групата, и издржливост, трпение, константност во секои услови, што и да се случи. Тие две особини, со кои ти, како тврдоглав овен, се пробиваш во една насока, што и да се случува, без оглед на сите внатрешни и надворешни пречки. Само тоа го забрзува патот и доведува до успех. Во спротивно, не треба да се троши залудно времето – подобро оди, и насладувај се со животот. Но повеќето заглавуваат во средината помеѓу едното и другото, и за жал, така го завршуваат својот живот без достигнување.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica