Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да се разбудат силите на доброто

31.05.2010


Прашање: Мене ми се чини дека огромни промени се случуваат сега- се основаат многу нови групи, никнуваат како печурки после дождот. Како ни успеа да го постигнеме таквиот резултат со својата внатрешна работа?


Тоа не зависи само од нас. Гледате и самите колку нови, сериозни луѓе доаѓаат. Тоа значи дека навистина е дојдено времето, и Создателот ги доближува луѓето кон кабала. После сите овие вијуги по спиралата на развитокот, тие конечно стигнаа до духовниот ген ( точката во срцето), и врз нив почнала да делува опкружувачката светлина. Ние само треба да им помогнеме да го организираат своето опкружување, групата, целиот тој помошен систем. И кога сите ние заедно ќе почнеме да ја бараме светлината на исправувањето – нема да ни треба подготвителен период од 3-5 години, како што пишува Баал Сулам. Исправувањето ќе дојде многу бргу и лесно.


Замислете си ја разликата – кога човекот треба да се разбуди од бессознание, и сите негови системи се уште спијат и не функционираат, или пак, кога во телото веќе се пробудија многу различни делови и само треба да се доврши тој процес. Тоа веќе не е еден орган на телото, кој сака да се разбуди во неживото тело, туку мнозина оживеани делови. И станува јасно дека во овој случај има повеќе можности брзо да се освести и стане. Сигурен сум дека во најскоро време ние ќе забележиме огромни промени во целиот свет.

Целиот свет се наоѓа во многу опасна состојба – кризата се уште не поминала. А каква страшна катастрофа се случува со нафтата што истекува во Мексиканскиот залив! Ние се уште не сме свесни за последициите од тоа. Невозможно е да се затне таа фонтана – можете ли да замислите што ќе се случи? Сега од длабочините на Земјата ќе се излее море нафта, доведувајки до катастрофално загадување. Тоа ќе има влијание не само врз Флорида и Америка, туку и врз целиот свет. Веќе се размислува за тоа, со нуклеарна експлозија да се затвори таа пукнатина за да се сопре истекувањето на нафтата. Но се плашат дека со тоа ќе предизвикаат отварање на пукнатини на други места. Ние ја отворивме чешмата и ги испуштивме лошите сили во светот....

Затоа јас се надевам дека со помош на сите наши кабалистички групи, кои се основаат во целиот свет, и поединците кои ни се присоединуваат, ќе успееме да ги пробудиме силите на доброто како противтежа на откриеното зло. Треба само да делуваме, и задолжително ќе успееме. Нели ја добивме силата на Тора, светлината на исправувањето – понатаму се зависи од нас.


Талмуд- најдеталниот план за исправувањето


Прашање: Ако за исправување на душата потребна е само кабала, тогаш зошто мудреците од минатото напишаа толку коментари кон Тора, Мишна, Талмуд? Со што тоа нам ни помага?


Ако за неколку години изучување на кабала ти го достигнеш исправувањето кон давање (лишма), тогаш ќе можеш да го отвориш Талмуд и да се насладуваш со тоа што е таму напишано. Затоа што ти ќе почнеш да ги разбираш сите опишани таму закони согласно нивната внатрешна суштина, науката кабала. Ти ќе разбереш за што пишувале сите тие големи мудреци од минатото. Сега се уште нивниот јазик те збунува и го крие од тебе светот на вистината.

А потоа ти сето ќе го разбереш, затоа што ќе се наоѓаш на истото скалило, на кое што се наоѓале тие кога гопишувале тоа. Ќе ги почувствуваш истите состојби што ги инспирирале да ги напишат своите коментари. За тебе тие текстови веќе нема да се разликуваат од кабалистичките статии. Со овие зборови: бик, магаре, крава, штета, Храм, Големо собрание (Санедрин), полиња, владеења – тие го изразија процесот на исправување на душата. Целата Тора зборува само за тоа – таа целата ги создржи имињата на Создателот.

Еден коментатор спори со другиот и се разидува во мислењата – тоа е вечен спор, несогласување меѓу десната и левата линија и разјаснување. Талмуд ги објаснува духовните процеси до најситни детали. Тоа сега само така те заплеткува, зошто ти мислиш дека се зборува за илјада различни мислења.

Но потоа ќе сфатиш дека тоа не се илјада мислења, тоа е поглед на една иста појава која може да се исправи со помош на илјада различни точки на гледање. Тоа не спорат меѓу себе мудреците, туку посебни души кои се наоѓаат во заеднички систем. Ти објаснуваат, како оваа особина е поврзана со сите останати, како овој орган се однесува кон оваа или онаа работа внатре во заедничкото тело.

Директен пат до давањето, љубовта, и Светот на духовноста

Упатството вели дека прво треба да се учи Тора, Мишна, и Талмуд, и само тогаш може да се започе со изучување на Кабала. Ова е точно, со оглед на тоа што одредена личност веќе заслужува да проучува на ниво Лишма,а тоа значи дека комплетно се исправила себе си.

Сепак, одредена личност прво треба да направи исправка на својата душа. Постоиме за таа цел, и ова е целата наша работа. Тора (Светлината што исправа) ни е дадена особено на крајот, и се вели: „Јас го создадов егоизмот ја дадов Тора за да го исправи."

Редоследот на исправката е следниот: Прво, треба да го достигнете нивото на „Лишма" (да достигнете својство на давање и љубов, да влезете во духовниот свет) на најкус и најефикасен начин. Тогаш ќе бидете слободни да ја проучите целата Тора, бидејќи душата што сте ја добиле, ќе ве научи сама по себе. Никој нема да може да ви каже што да правите. Ќе видите, ќе разберете, и ќе постигнете сè сами.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica