Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Да тргнеме по добриот пат 16.03.2010

 

Да тргнеме по добриот пат

Се што сме направиле до денес било само игра, каде духовни сили на нас влијаеле одозгора, водејќи не низ сите историски фази низ кои имаме поминато. Тие сили доведоа до развојот на народи, души, и цивилизации; владееја со нас без да прашаат дали сакаме или не.

Меѓутоа, сега ја завршивме нашата подтоговка за исправка, и од денес мораме да почнеме да ја спроведуваме. Затоа по првпат во историјата науката Кабала му се открива на сиот свет. Таа е методот за исправка, за откривање на Создателот, Светлината, силата на исправањето.Сега се открива бидејќи ова е првпат што мораме да се доведеме до исправка.

Од сега натаму пред нас лежат два пата: природниот пат (Беита) и патот на кој го забрзуваме својот развој (Ахишена). Ако учествуваме во своето исправање, ќе го земеме добриот пат, но ако не сакаме да ја играме улогата што ни е дадена, тогаш ќе заостануваме и нашата мрзливост ќе ја гледаме како страдање.

Тогаш, место да ги почувствуваме Вишите Сили како добри и од помош во нашата исправка, ќе ги почувствуваме нашите неисправени желби во вид на разни проблеми. Тие се движат од помали проблеми со семејствата и здравјето, до светски војни и себеуништување. Тоа е она на што кабалистите не предупредија, како и сите пророци пред нив. Сите пророци зборуваат за времето на Месијата, кое сега пристигна.

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica