Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дадено како аванс

Баал ХаСулам, „Една заповед“: Служење на Создателот и извршување на заповедите е возможно само со алтруистичка намера (лишма), што значи – заради задоволството на Создателот. Меѓутоа веќе е вообичаено кај мудреците да се занимаваат со Тора и заповедите дури и заради себеси (ло лишма), бидејќи од тука човекот ќе стигне до лишма... Во почеток ние не можеме „само онака“ да ѝ се уподобиме според природата на Вишата сила. Бидејќи таа е целосно давачка, и ние, за да го достигнеме истото ниво, мора исто така да ѝ вршиме давање. Како во примерот со гостинот и домаќинот, ако јас сакам да дораснам до најдобрата, совршена состојба, тогаш мора да станам сличен на Изворот на создавањето. Домаќинот е целосно исполнет со давање и љубов и ако јас сакам да се искачам на Неговото ниво на вечност и совршенство, тогаш мора да дојдам во сообразност со Него. А тоа значи – да му причинувам Нему задоволство, исто како што Тој сака да ми причинува задоволство мене. Токму за тоа е наменета науката кабала – метод, кој овозможува со помош на Светлината, која враќа кон Изворот, да ја предизвика силата која нас нè поправа - благодарение на што ние достигнуваме сличност на особините со Вишата сила, Создателот.

Првиот и единствен принцип, кој посигурно води кон намерата заради давање, е прифаќање на обврската да не се работи заради сопствените потреби, туку тие да се задоволуваат само во најнеопходната за егзистенција мерка, со други зборови, точно придржувајќи се на нормата, неопходна за поддршка на својата егзистенција. А во останатото време човекот ќе работи заради општеството, спасувајќи ги угнетените, и заради секое суштество во светот, кое има потреба од спасување и добрина. Бидејќи ова е „првиот и единствен“ принцип, не вреди да се бара решение уште некаде, затоа што други можности нема. Притоа е јасно и несомнено, дека во прв ред, човекот треба да ја обезбеди својата егзистенција, а веднаш откако неговите основни потреби се задоволени – со сите сили и средства да се грижи за доброто на ближните. Тоа е правилната форма на сообразност на Создателот. Обезбедувајќи ги своите витално значајни потреби, човекот „се наполнува“ себеси на неживото, растителното и животинското ниво. На тие три нивоа ние мора да бидеме слични на природата.

Додека пак човечкото ниво, кое растеше над животинското во текот на околу сто илјади години, веќе не се однесува на телото, тоа целото е – внатре. Тоа не може да се види со материјален поглед, тоа се простира во разумот и во чувството, во внатрешниот развој. И целиот внатрешен свет на човекот треба да биде свртен кон давање на ближниот. Претходните, „природни“ нивоа се разликуваат по обработката на материјалот, начинот на комуникација. Но човечкото ниво е замаглено, хаотично, несфатливо за нас. Што претставува „човекот“? Понекогаш, гледајќи некого, ние велиме: „Тоа не е човек, тој се однесува како животно“. Меѓутоа, всушност, ние немаме јасна дефиниција, јасни надворешни знаци, според кои би можеле да препознаеме вистински човек. Со што всушност тој се разликува од животното? Критериумите се нејасни.

Затоа, ако денес ние бараме внатрешна формулација на човечкото ниво, тогаш го нарекуваме така според идната состојба, според целта, кон која тоа се стреми. Тоа е формата, која треба да се промени, да стане слична на Создателот, - и тогаш тоа ќе се нарече “Човек“ (Адам). А дотогаш тоа е формална ознака - за сметка на идните заслуги. Значи, првиот принцип на патот кон целта - е да се работи за себе не повеќе од што бараат витално значајните потреби, а во сето останато да се грижиме само за ближните. Таа црта стои сега пред тебе, и ако дејствуваш на таков начин, според сопствена одлука, без оглед на другите, без да ги земаш предвид и очекуваш нивните мислења, тогаш ти ќе достигнеш сличност со Создателот. Покрај тоа, основната грижа за себе е - исто така дел од грижата за ближниот, под услов, ако од самиот почеток задржуваш таква намера. Бидејќи „крајот на дејството е поставен во почетната замисла“.

Од лекцијата по статијата „Една заповед“, 22.09.2013,на Каб.ТВ

Совет, во кој се крие Светлина

Баал ХаСулам, „Една заповед“: Служење на Создателот и извршување на заповедите е возможно само со алтруистичка намера (лишма), што значи – заради задоволство на Создателот. „Служење на Создателот“ е чисто давање, а „извршување на заповедите“ е самопоправање кон давање со помош на Светлината, која враќа кон Изворот, или „Тора“.

Јас мора да дејствувам само заради давање, без ниту најмала корист за себе. Токму затоа ми е потребна Вишата Светлина – благодарение на неа јас ќе можам да извршувам дејства без моето егоистичко „гориво“, без егоистичка пресметка. Мене ми треба Виша сила, која ќе ми даде можност да давам без каква било причина, аргументирана од гледната точка на мојата природа, мојата логика. И тогаш јас ќе можам да давам „заради задоволството на Создателот“. А „Создателот“ е - нешто надвор од мене, нека е и човек, цело човештво или Создател. Мене не ми е важно кој е : сè што излегува надвор од моето „тело“, небаре исчезнува и не постои веќе во моите очи. Така јас тоа го чувствувам. Така излегува дека „да му се причини задоволство на Создателот“ е исто што и да се исфрли нешто, да се изгуби нешто засекогаш.

Меѓутоа веќе е прифатено од мудреците да се занимаваме со Тора и заповедите дури и заради себеси (ло лишма), бидејќи од тука човекот ќе стигне до лишма. Односно, дури иако сега јас не сум способен за давање, треба да дејствувам колку што е во мојата моќ, да правам сè што е можно во групата, на часовите и т.н. И тогаш, поминувајќи преку низа состојби, јас ќе го достигнам давањето. Зошто? Затоа што дејствата, кои ми ги препорачуваат мудреците, дури без правилната намера привлекуваат врз мене Светлина, која враќа кон Изворот. Се чини, како тоа е можно? Зошто, следејќи ги инструкциите на мудреците, јас предизвикувам Светлина? Всушност, јас само прочитав во книгата и слушнав од учителот дека треба да правам тоа и тоа. На кој начин јас добивам од тоа духовна сила, која ме менува? Како всушност функционира овој механизам? Поентата е, што следејќи ги инструкциите на великите, јас воспоставувам со нив поврзаност – и тогаш од нив добивам духовно наполнување. Само што тоа засега го чувствувам како опкружувачка Светлина, бидејќи сè уште не можам да ја поднесам во своите желби. Всушност таа ме наполнува, се наоѓа во мене, но јас уште не можам да ја „обработувам“ во јасно дефинираните садови, да работам со неа вистински. Сепак, таа веќе ме поправа и ме „форматира“.

На таков начин, исполнувајќи ги советите на учителите, преку нив јас се поврзувам со Малхут на светот на Бесконечноста.

Од лекцијата по статијата „Една заповед“, 22.09.2013,на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica