Kabbalah.info - Kabbalah Education and Research Institute

Дали може да се излезе од прогонството?

Баал ХаСулам: „Прогонство и ослободување“: Не можат синовите на Исраел да егзистираат во прогонство. Нема да најдат таму спокој, како другите народи, кои се смешале со другите и пронашле спокој, сè додека не се растворат меѓу нив, не оставајќи ниту спомен за себе.

Погрешниот пат на крајот нè доведува до ќорсокак, нè доведува до осознавање на злото. Сеедно ќе мораме да го откриеме – но пожелно е тоа да го направиме преку изучување на науката кабала, предизвикувајќи ја Светлината, која враќа кон Изворот, и откривајќи го злото внатрешно, благовремено, пред тоа да се манифестира на материјалното ниво. Така ние можеме да напредуваме слично на мудрецот, кој гледа напред. И тогаш, според степенот на откривањето на злото, ние можеме да излеземе од него, но тука пред нас има голем проблем. Бидејќи ние воопшто не заземаме неутрална позиција – еве веќе илјадници години се наоѓаме во многу тешко прогонство, во најтешко скривање. Ние потонавме во нереални мисли и фантазии, во нереални желби. Ги заменивме состојбите лишма и ло-лишма со нечистотија, клипа, и се најдовме под власта на „народите на светот“. Со други зборови, со нас доминираат секакви егоистички пресметки, од кои ние не можеме да се ослободиме, за кои дури не сме ни свесни.

Денес Тора и заповедите, меѓу народот, – не се „зачин“ за злата склоност. Иако во суштина Тора е метод на поправка на егоизмот, ние применуваме нешто друго под истиот назив – без да го поправаме егоизмот, туку зголемувајќи го. Тоа е знак на прогонство и тука нема кого да обвинуваме. Таков е процесот и тој треба конечно да се осознае, за да не се оправдуваме себеси и понатаму, туку напротив, да сфатиме што големите пишуваат за нашата тековна состојба. Потребно е да го разјасниме прогонството – што тоа претставува? Во што е неговата суштина: ако јас купувам авионски билет и доаѓам во Израел, дали може да се рече дека се вратив од прогонството? Ако пак летам во Америка, тогаш се враќам во прогонство? Зарем целата суштина е во поминување на државната граница? Нам ни требаат точни, вистински дефиниции на прогонството и ослободувањето. Баал ХаСулам пишува во статијата „Ова е за Јехуда“: „Сите букви на ослободувањето (גאולה) ние ги наоѓаме во прогонството (גולה), освен буквата алеф (א), која укажува на Владетелот на светот (אלופו של עולם). Прогонството е негирање, или непознавање на Создателот, отсуство на буквата алеф, која ни недостига во прогонството и која е очекувана од нас во ослободувањето, кое претставува спојување со Владетелот на светот.

Науката кабала е метод на откривање на Создателот пред суштеството, што всушност претставува ослободување. Тоа е невозможно да се достигне без реализација на оваа методика. А кој е против ова, тој не ги знае дефинициите, не разбира зошто било потребно да се излезе во прогонство, и како потоа да се врати кон ослободување. Тој не ја разбира намената на науката кабала, којашто е потребна само за да му се открие Создателот на човекот во овој свет. Токму со тоа се остварува ослободувањето. Соодветно на тоа, „земјата на Исраел“ – е желба, во која престојува Создателот. Со други зборови, желбата, поправена со намерата заради давање, што е возможно само преку Тора, т.е. Светлината, која враќа кон Изворот. Во почеток, со нас владее желбата на „народите на светот“, и кога ние ја поправаме, таа станува желба насочена директно кон Создателот (јашар – Ел) – „земјата на Исраел“. Оној којшто на таков начин ја поправил својата желба, тој се нарекува „евреин“ (јехуди), бидејќи доаѓа до соединување (ихуд), спојување со Создателот, ја открива Вишата Сила во поправената желба. И тоа мора да се случи овде, додека постоиме во овој свет. По смртта, ние нема да постигнеме ништо. Сето тоа треба да им е јасно на луѓето – и тогаш ќе можеме да говориме за ослободувањето. А дотогаш, материјалното враќање во земјата на Исраел сè поочигледно ни покажува, дека ни најмалку не сме се промениле, дури можеби и се променивме кон полошо. Бидејќи вистинската разлика се манифестира во човекот, кој се поправа себеси. И затоа, како што објаснува Баал ХаСулам, нема да достигнеме среќен, безбеден, вистински живот, ако не дојдеме до внатрешно ослободување. Затоа што внатрешното му претходи на надворешното.

Од лекцијата по статијата „Прогонство и ослободување“, 01.12.2013,на Каб.Тв

И повторно продолжува битката

Баал ХаСулам, „Прогонство и ослободување“: Развојот на народот на Исраел се одвивал побрзо, отколку кај другите народи, и затоа му била доделена обврска постојано да оди напред и со целосна точност да ги извршува инструкциите на науката кабала. Но тој не го направил тоа, туку посакал да го зголеми својот мал егоизам. Заради тоа се случило уништувањето на Првиот храм – кога синовите на Исраел посакале да го воздигнат богатството и моќта над праведноста. Силите на народот се поделиле: некои тргнале по егоистичките цареви и достоинственици, некои пак - по пророците.“

Значи, пред сè, народот на Исраел добил посебен пат на развојот, различен од другите народи. Зошто? Бидејќи од вавилонските времиња па понатаму, тој го одбрал духовниот пат. Материјалниот систем за него бил подготвителна основа, која тој ја искористил за да се поткрене над неа и да излезе на духовното скалило. Сè што било материјално, послужило само за над него да се изгради духовното. Љубовта, единството, давањето – сето тоа го формираме, трудејќи се да достигнеме материјална поврзаност и да побараме за неа духовно влијание на Светлината, која враќа кон Изворот. Така доаѓаме до вистинска поврзаност.

Во времето на Адам тоа не се реализирало во пракса, бидејќи на неговите ученици не им требала Светлината, која враќа кон Изворот. Егоизмот во тие времиња уште не бил пораснат до тој степен, за да треба да се привлекува Виша Сила за работа со него. Тогаш можело да се помине без примањето на Тора, т.е. методата, и можело да се достигне единство само со помош на заемни напори, обострано учество. Таков бил периодот на прататковците до египетското прогонство: многу мал егоизам, површински пласт на желбата, или нулти авијут. Затоа била доволна заемната поврзаност, која ја поставил Авраам меѓу неговите следбеници, за да се постави почетокот на соединувањето, и соодветно на тоа, да се почувствува Создателот во мал степен. Оттогаш и понатаму, во времето на Исак и Јаков, бил „совладан“ првиот пласт на желбата, авијут од првиот степен – преку работа во трите линии на нивото на Галгалта ве-Ејнаим, во најрана, „шематска“ форма. А потоа дојде времето на АХАП – време да се стекнува и развива желбата за примање. Тој период започнал од гревот на синовите на Јаков заради продажбата на Јосиф. Во нас се откри голема егоистичка желба, и ние почнавме да го развиваме, гледајќи во него добар цар. Така поминале „седумте години на ситост“.

А после нив, ние дојдовме до спознавање на злото. Заврши периодот на „великиот и прекрасен“ егоизам- сега тој се покажал како пречка, над која е неопходно да се искачиме. Почнала тешката работа во Египет, која го извлекувала (мошех) народот на Исраел од домот на Фараонот, - слично на Мојсеј, кој израснал во царскиот дворец, и го напуштил. Така народот растел, поткревајќи се над желбата за примање во потрага на излезот од Египет, со барање да се ослободи од егоизмот т.е. од прогонството. Излезот од прогонството, пак, можен е само со помош на Вишата сила. И целата борба се води меѓу внатрешното и надворешното: или ние се согласуваме со египјаните во нас, или се искачуваме над нив – повторно паѓаме во нивната средина, и повторно се воздигнуваме. Ако и тоа е недоволно, доаѓаат „десетте казни“, додека не избегаме од нашиот внатрешен Египет. Тогаш Фараонот веќе не владее во нас, меѓутоа ние се најдуваме во пустина. И сфаќаме: понатамошниот пат се базира врз поправката на Египет. Сè се базира на желбата за примање, на истиот „материјал“, над кој ние создаваме спротивна намера. И за таа намена потребна ни е посебна сила – силата на Тора.

Ете зошто, ако сме подготвени, над желбата за примање, да изградиме желба за давање, т.е. да создадеме единство, заемна гаранција меѓу нас, да станеме како еден човек со едно срце, тогаш можеме да ја добиеме оваа метода, оваа сила на поправката. Целиот процес претставува постојана внатрешна работа, постојана борба со желбата за примање, во обидот таа да се поправи во давање колку што е можно. И согласно со тоа, ние напредуваме преку „земјите“, за кои ни раскажува Тора, кон земјата на Исраел, сè додека не дојдеме во неа, и го изградиме Храмот. Поинаку речено, ние се трудиме да создадеме заеднички сад на целиот народ, за да бидат сите споени, слично на еден човек со едно срце – како што ветивме кај планината Синај. Таа внатрешна и надворешна борба бара многу работа, таа е поврзана со голем број дејства и многу проблеми. Бидејќи во секој од нас има дел, што ја следи желбата за примање и дел којшто ја следи желбата за давање.

Затоа излегува, дека „за миг“ Храмот навистина се кренал во висина, а сето останато време ние не можевме да го одржуваме на „матичното“ ниво мохин де-хаја. На крајот, ситуацијата почнала да се влошува, егоистичките желби почнале да доминираат со нас, и ние не сме можеле да ги победиме. Затоа Храмот се срушил – се разбил заедничкиот екран (масах) меѓу сите, и секој тргнал по својот пат. Тоа значи, дека желбите во човекот се поделиле, а исто се поделил надворешно и народот: еден дел тргнал со пророците, а другиот дел – со научниците, достоинствениците и др. Во таков „формат“ ние постоиме до ден денешен. Само што денес веќе го нема тој поправен дел, кој останал после падот на Првиот храм. Тој дел исто се распаднал за време на падот на Вториот храм, и понатаму, со падот на генерациите.

Денес од сето тоа не остана ниту спомен – напротив, никој не знае што претставува духовна работа, каква е нашата намена, што е Тора. Луѓето не знаат ништо. И тоа е најдобар знак. Бидејќи токму од тука ние можеме да се искачиме до самиот крај на поправката, до вистинското, целосно ослободување. Иако засега ситуацијата е речиси фатална...

Од лекцијата по статијата „Прогонство и ослободување“, 01.12.2013, на Каб.Тв

Работата не престанува ниту дење ниту ноќе

Од писмото на Рабаш (№29): „Познато е, дека секој ден треба да се обновува својата верба (односно давањето). И дури ако „денот“ за тебе сè уште не завршил, и сè уште е „светло“, ти сепак си должен да ја обновиш основата на својата работа, односно нејзината цел, за да не се насладуваш со светлината на денот, туку да ја искористиш за зацврстување на твојата верба.“

Ако човекот ја достигнува „светлината на денот“, тоа е само заради тоа, што стекнал верба. И искрено речено, сè додека не започне вистинска духовна работа, односно не ја достигне вербата, особината на давање, тој не сфаќа за што тука станува збор. Оваа особина ни овозможува да работиме над својата желба. Некогаш сме работеле со својата желба за насладување, и само во неа проверувавме, какво наполнување можеме да примиме. Ние ги базиравме одлуките врз својот егоизам, врз егоистичката корист. Но вербата треба да биде над знаењето, над желбата за насладување. А желбата за насладување ќе стане наш уред за мерење, но во однос на вербата, силата на надминување. На крајот, ние се базираме на истата желба, само што користиме обратен пристап: „правејќи ја својата желба слична на желбата на Создателот“. Тоа претставува основа на нашата работа. Затоа, единственото што ни треба – е да се стремиме кон Светлината, која враќа кон Изворот, која ќе ни овозможи да работиме над нашата желба за насладување и да ја искористиме во обратна форма. Сето ова се случува, ако човекот не паѓа во очај и сосила се задржува во таква состојба, да може да ја гледа целата реализација на неговата работа токму во центарот на групата, не дозволувајќи си да избега. Таму, и само таму, во нашето соединување, во омаловажувањето на себеси самиот, во единственото заедничко срце, тој ќе ја види својата нова состојба – духовното скалило.

Духовниот свет не се достигнува преку смртта на физичкото тело, кое некогаш ќе умре. Не треба да се надеваме, дека притоа нешто ќе се промени. Духовниот свет се открива само преку работа, напорите на човекот да се сконцентрира на центарот на групата. Сите се наоѓаат во тој центар и во него престојува Создателот. Нашиот духовен сад е заедничко соединување, а Создателот е - наполнување на тој сад. Ако човекот се труди да достигне такво воспримање, тогаш тоа се открива. Своето напредување можеме да го провериме според она, колку ни е полесно и поудобно да ја гледаме својата иднина токму во центарот на групата. Колку се радуваме, дека сето ова е сконцентрирано токму таму, а не некаде на друго место! До кој степен веќе не можеме да си замислиме други места, можности, шанси за духовно откривање, освен центарот на групата. До степенот до кој разбираме и чувствуваме, дека сè што се случува, се дава само со цел да нè насочи нас кон тој центар. А всушност, тој свет, што го гледаме сега е имагинарен, наменет да ни го покаже нашето отстапување од центарот на групата. А кога ќе се сконцентрираш на него, и ќе се доближиш до тој отвор, до преминот во вишиот свет, тогаш ќе видиш, дека во него се наоѓа целиот универзум.

А потоа повторно, веќе на ново ниво, ќе заталкаш и ќе го изгубиш правецот. На новото скалило се бара веќе повисока резолуција, за да го видиш целиот универзум, сконцентриран во центарот на групата. И затоа во светот повторно сè се расипува и се заплеткува. Но ти треба сè повеќе да се фокусираш на центарот на групата, додека не видиш, дека всушност сите се наоѓаат таму, и кај сите сè е во ред, меѓу сите владее само љубов и единство. Тоа ќе биде веќе второто скалило на духовната скала. И така чекор по чекор. Целата Тора раскажува за тој процес. Така човекот се искачува, ако сфаќа, што е вистински „ден“ и вистинска “ноќ“, и ги користи тие поими само за да ја привлече Светлината, која враќа кон Изворот.

Од подготовката кон лекцијата, 01.12.2013, на Каб.Тв

Макавејска војна

Во светот постои целосно изобилство, ни ние не можеме да си го средиме нашиот живот, како во семејство, каде има целосно материјално богатство, но меѓусебните односи се толку лоши, што не е возможно да се живее. Нема излез, или треба да се разведуваш, или, како што е во нашиот случај – останува само да се соединиме. Ние не можеме да се разделиме и да се разведеме еден со друг, затоа што природата сеедно ќе нè натера да достигнеме заемна поврзаност. Токму тогаш се разгорува Макавејската војна околу прашањето како понатаму да се продолжи: внатре во знаењето, или над него, т.е. со силите на примањето или со силите на давањето. Ние гледаме, дека невозможно е веќе да се живее, дејствувајќи со силите на примањето. Дури ако во светот би имало целосно изобилство, ние ќе го направиме нашиот живот неподнослив заради ужасните односи меѓу нас.

Какви прекрасни услови и да создадеме, ако меѓу нас постои омраза и одбивност, тогаш нема ништо да помогне – ние ќе си го расипеме животот до тој степен, што не ќе можеме да го поднесеме. И затоа, ние го осознаваме злото на човечката природа, сфаќајќи, дека треба само да се поправиме од омраза во љубов. Поинаку, немаме никакви шанси за егзистенција. Колку побрзо ќе ја согледаме оваа единствена можност, толку повеќе ќе добиеме. Наместо страдања и проблеми, кои ја помрачуваат езгистенцијата на нашето големо семејство, целото човештво, ние можеме да достигнеме прекрасен, поправен живот.

Токму тука се разгорува војната на секој со себеси, и на сите за сите, за да им помогне на сите заедно да излезат од омраза, и да дојдат до љубов. Ние чувствуваме, дека тоа не е во наша моќ, и потребен ни е уште еден учесник, кој се нарекува „Виша Сила“. Уште повеќе, во тој процес ние почнуваме да сфаќаме, дека сето ова било испланирано однапред. Проблемот не е во тоа, едноставно да нè смири и да нè натера да ја заборавиме нашата претходна омраза. Сè е намерно направено така, да не можеме самите да го направиме тој чекор од нашето разединување, егоизмот, омразата  - кон соединување, давање, љубов. Тогаш ќе имаме потреба од помош на Вишата Сила, и ќе се залепиме за Неа сè до целосно спојување. На таков начин ние ја откриваме Вишата Сила – единствената сила, која дејствува во универзумот.

Целиот тој процес е можен само преку приближување кон Вишата Сила, која управува со целокупната реалност, ја пројавува реалноста во нашата свест, и ја менува под услов, ако ѝ се обратиме со таква молба, ако се зближиме со неа, почнеме сè повеќе да зависиме од таа сила. Така ние се вклучуваме во својот корен. Сите овие битки се делат на две основни војни: војна за желбите за давање, а потоа за желбите за примање, за да се искористат заради давање. Првата војна се нарекува Макавејска. Таа се води за ослободување од нашето денешно воспримање на реалноста, и преминување кон вистинското воспримање, кое овозможува да го видиме духовниот свет. Дозволено ни е само да ја гледаме светлината на свеќите на Ханука, но не и да ја користиме. А веќе потоа, после победата на макавејците, почнува втората војна, за да се искористат желбите за примање, за давање. Празникот Ханука го симболизира завршувањето на првата половина од нашата работа. И навистина, таа половина е најтешка. За овој празник никаде во Тора не е напишано директно, само со алузија, бидејќи тоа е празник на Светлината, давањето, невозможно е со нашиот овоземен јазик правилно да ја искажеме и јасно да ја опишеме оваа војна.

Од лекцијата по статијата на Рабаш , 01.12.2013, на Каб.Тв

Реалност или таблица за проверка на видот?

Прашање: Каква е врската меѓу мојот стремеж цело време да се враќам во центарот на групата – и борбата да се види вистинската слика на реалноста?

Одговор: Токму заради тоа и се води војната. Ако се будиш наутро, и гледаш, дека мораш да се насочиш во центарот на групата, - тоа значи, дека си на вистинскиот пат. Ако секој пат забележуваш, дека несвесно си излегол од таа состојба и се враќаш себеси свесно, значи се движиш во вистински правец.

Прашање: Каква слика, какво чувство се создава во центарот на групата?

Одговор: Во центарот на групата се создава чувство, дека нема никој – постои само желбата, во која се чувствува целата реалност – нема множина. И тогаш откриваш, дека денешната реалност не е вистинска, туку само симулација, како на екранот на компјутерот. Според степенот на поправката на твојот вид, ти почнуваш да гледаш дека во овој свет нема ништо вистинско, никакви реални сили. Тоа е како искривена копија на духовниот свет, која ни ги демонстрира нашите грешки и нè насочува во правилна насока, за да можеме некогаш да влеземе во вистинскиот свет. Како да постои живот, кој за тебе е невидлив, но во театарот ти покажуваат претстава за него. И во таа претстава ти откриваш, колку погрешен бил твојот поглед, и како можеш да се поправиш за да го видиш вистинскиот живот.

 Од лекцијата по статијата на Рабаш, 01.12.2013, на Каб.Тв

 

Достигнување на Вишите Светови

 
 
so matica