Науката кабала ни кажува за предметот на своето истражување, тргнувајќи од откривањето, од дејството. Кабалистите ја откриваат реалноста, менувајќи ги нивните садови-желби, нивната перцепција, и затоа во оваа наука нема неусогласеност на мислења. Станува збор за факти. Во физиката или хемијата, секој научник може да спроведе таков или онаков експеримент, и да се убеди дека при одредени услови, одреден природен закон функционира на одреден начин. Така и во кабалата, разни луѓе набљудуваат едни те исти природни појави.
Од друга страна, во филозофијата секој го базира концептот на своите постулати и всушност изјавува што ќе му текне. Затоа, веќе денес е јасно, дека не можеме да се потпреме на филозофијата. И обратно, кабалата во современиот интегрален свет, се покажува себеси како вистинска наука. Најновите насоки, како квантната физика и нанотехнологијата, се доближуваат до она, за што кабалата кажувала уште пред илјадници години. Меѓутоа, кај обичната наука постои голем проблем. Ако на спротивниот крај од мерната скала филозофите можат слободно да фантазираат, кабалиситите пак, научните податоци ги откриваат во сопствените садови-желби како неоспорна основа. Ние сме убедени, дека светов е онаков, каков што ние го гледаме. Меѓутоа, притоа ние не ги земаме предвид нашите пет сетилни органи – како да ги нема, небаре тие не ја искривуваат нашата слика за реалноста. Науката на овој свет е ограничена со тоа, што се заснова на „животинска” перцепција и ги истражува податоците, кои доаѓаат преку нејзините пет канали.
За разлика од тоа, науката кабала користи многу построг пристап. Таа не се базира на човекот со неговите пет материјални, телесни, „животински” сетилни органи, туку му дава можност да развие нов, вонтелесен осет, да излезе надвор, да се искачи над себеси. Тој сетилен орган навистина се наоѓа „надвор од телото” – т.е. надвор од нашите егоистички желби. Тој се состои од екран и Одразена (Рефлектирана) Светлина. Во него човекот ја перцепира надворешната реалност и открива, дека таа претставува „Светлина”, или „Создател”. Генерално, како што пронашле кабалистите, целата реалност се состои од „Светлина” и „сад” – поинаку речено, од желба, која реагира на наполнување со Светлина. Кабалистите се многу прецизни во дефинициите. Тие велат така: ние не знаеме што се случува надвор од нашата желба. Затоа станува збор само за самата желба и за нејзините одговори, впечатоци. Со што точно се тие предизвикани, не ни е познато – ние ги изучуваме само реакциите во желбата и ги нарекуваме „Светлини”. Значи, „Светлина” е реакција, одговор во желбата, поточно во садот.
Бидејќи само желбата – сè уште не е сад (кли). „Сад” е желба, поправена со алтруистичка намера, наменета за одговор на Светлината. Таа желба која поминала преку скратување, стекнала екран и Одразена Светлина, веќе ја поседува целата потребна „надградба”. И тогаш во неа се манифестира дополнителна реакција – впечаток од дејството за давање, од наполнувањето. Токму овие детали на перцепцијата ние ги нарекуваме „Светлина”. Како и да е, сè се одвива внатре во желбата за примање, која развива способност за работа однадвор, со помош на екранот и Одразената Светлина. Сите впечатоци, сите делови на сликата, како и да ги нарекуваме, остануваат во желбата. Во желбата ние живееме и ги вршиме нашите истражувања, ја менуваме, и соодветно на тие промени ја откриваме реалноста. Мене не ми е познато ништо за она, што се наоѓа надвор, до крајот на поправката јас сум затворен во мојот сад. Што ќе биде потоа – сега за тоа не говориме.
Сите делови се потребни за напредување
Од статијата на Баал ХаСулам „Предговор кон ТЕС”, т.68:
Сите природни склоности и особини, втемелени во човекот, што служат во врските со пријателите, се неопходни заради работата за Создателот. Тие биле создадени и утврдени во човекот првично само поради нивната крајна улога, која претставува цел и резултат на секој човек, за да се усоврши со нивна помош на патот за добивање на изобилството, и да ја заврши желбата на Создателот.
Потребни ни се сите детали на односите, кои се откриваат меѓу пријателите. Не смее ништо да се прикрива, да се гаси, крие, пристиска и да не се дозволува да се развие. Сите побуди мора да се пробудат, да се манифестираат и да се развијат во секого. Затоа што токму тие лоши и добри склоности (не е важно какви) во односите на човекот со пријателот, ние потоа мораме да ги претвориме во односи меѓу човекот и Создателот. Затоа оној, кој не ги развива своите врски со пријателот, не е подготвен да му се приближи на Создателот дури ниту за еден чекор.
Формула на соединување на сличното со слично
Прашање: Ако во врските меѓу пријателите се откриваат некои непријатни моменти, омраза, како тоа да се поврзе со целта?
Одговор: Не постои нешто во животот на човекот, што не би го придвижувало кон целта. Дури иако тој не се занимава со кабалата и со свесна поправка, сепак тој напредува, само што сè уште несвесно. Но има луѓе, на кои им се открила врската со целта, и тие самостојно ја развиваат. Но целиот свет се движи кон една цел, и во него не постои ништо случајно, што не се однесува на целта. Сè е одредено однапред, и ништо не може да се промени, освен нашиот однос кон случувањата. Иако токму овој однос ја менува целата слика. Времето, движењето, просторот, настанот, што моментално ти се случува, ти ги менуваш со својот однос кон својот пат. Невозможно е да се променат ниту тој пат, ниту процесот, ниту твоите чекори, ниту чекорите на светот. Но поради тоа што се менува твојот пристап кон него, ти ја променуваш формата на својот напредок во спротивна форма, која се манифестира внатре во тебе, во твојата променета перцепција.
Односот помеѓу Светлината и садот останува непроменет, но ти ќе го перцепираш тој однос во зависност од тоа, во која мера ќе ја воспоставиш врската помеѓу Светлината и садот со помош на намерата што ги поврзува. Ако таа намера, таа формула, која ја одредува врската меѓу Светлината и садот е дадена од Создателот, тогаш ти ја чувствуваш како страдање, сè до војни и уништување. Ако пак ти самиот ги соединуваш Светлината и садовите со мека врска, што го соединува сличното со слично, дури достигнуваш преслекување на Светлината во садовите, тогаш го чувствуваш тоа како пат на Создателот, соодветност на Создателот, кој се преслекува во тебе според вашата заемна согласност. Кога преминуваш кон таков поглед, гледаш дека цело време си се наоѓал во првично поправена состојба, и сега само си го открил, си го додал на тоа прво спојување на Светлината и желбата своето учество, своите екрани.
Нова вежба за новото скривање
Прашање: Што значи изразот: „За мене е создаден целиот овој свет?”
Одговор: Светот е создаден за мене, бидејќи светот е скривање, кое јас мора да го поправам, да го откријам. Светот е скривање во мене, кое не ми дава да го откријам Создателот. А јас сум обврзан да го откријам Него, бидејќи со тоа ќе му причинам Нему задоволство. Целото тоа скривање (алама) на Светот на Бесконечноста е создадено за мене – сите тие светови (оламот) на Малхут на светот на Бесконечноста. Световите се создадени специјално за мене, со помош на тие различни скривања да можам да се откријам себеси, својот однос, своето место, развојот. Слично, како кога од малото дете го кријат одговорот, и го молат тој самиот да се потруди и да го открие. Ние ги учиме децата, постојано играјќи скривање со нив. А кога детето го открива тоа скривање, ние се радуваме, бидејќи тоа значи негов напредок. И ако јас сфаќам, дека целиот свет е создаден токму за мене, тогаш го сакам тоа скривање, благодарение на кое јас можам да станам човек.
Понекогаш скривањето се засилува, и јас доаѓам во помалку пријатна и добра, во помалку радосна состојба. И во такви моменти моето срце не се преполнува со благодарност кон Создателот за тоа што ме создал. Тоа значи, дека Создателот ми дал скривање, бидејќи сè доаѓа од Него, не постои никој освен Него. Токму во таквите состојби јас можам да откријам, како дете на кое му дале вежба, до која мера со помош на тие состојби јас ќе можам да се унапредам, и да го надополнам од себе она, што го скрил Создателот. Јас треба да си замислам, дека „целата земја е исполнета со Неговата слава” – со Светлината на Бесконечноста, и да одлучам како би се однесувал јас во таков случај, што би правел, и да се потрудам токму така и да постапам, надополнувајќи го тоа скривање. Сега само треба да решам, дали сам ќе се обидувам сето тоа да го направам и добро кон сите да се однесувам, како да сум веќе целосен праведник? Или пак ќе му се обратам на Создателот, и ќе го замолам Тој да ме промени? Дали молам Тој да се открие, или, без да се открие, да ми даде сила и во скривањето да дејствувам исто како при откривањето? Тука постојат многу можности, така што провери се себеси, и почни да работиш! Но во секој случај, целта треба да биде - надополнување на скривањето. На 125-те скалила нагоре, што нè одделуваат од светот на Бесконечноста, ние треба самите да го надополниме скривањето, како тоа да не постои.
Бидејќи скривањето е предизвикано од Првото скратување (цимцум алеф) врз желбата за насладување, која директно не може да се наполни себеси, затоа ние сме обврзани да го сочуваме тоа скривање, но бараме сила за да работиме над таа желба за насладување, над скривањето, како тоа да не постои. Ние сакаме да развиеме во себе желба за давање, за да се насладуваме со давањето. Ако денес ти е многу тешко тоа да го слушаш, и ти речиси ништо не воспримаш од она за што се зборува – токму тоа е скривање... Одлично, значи постои место за работа – си добил нова вежба, бидејќи ниту еден миг не личи на друг. Треба да се заблагодариш за тоа, што Создателот ти дал можност да напредуваш, и да ја извршиш Неговата задача. Во таков момент добро е да се организира семинар, на кој еден ќе каже нешто, па друг, па трет. На крајот, ние постепено ќе се вратиме во состојба, во која ќе можеме да сфатиме што треба да правиме. Во спротивно, сите потонуваат во длабок сон и магла.
Кабалата како виша психологија
Во нашиот свет ние имаме можност да правиме јасни мерења на нивото на неживата, растителната и животинската природа. Меѓутоа, со искачувањето, нејаснотијата постепено се зголемува. Затоа што секое ниво содржи во себе целосен комплет АВАЈА – пет степени на длабочината на желбата, од нултиот до четвртиот. Што се однесува на нашето, човечко ниво, на него ние всушност не знаеме ништо. И како последица на тоа, согласно со обратниот редослед на светлините и садовите, ние не ги знаеме трите горни скалила на животинското ниво, двете - на растителното, и едното - на неживото. На пример, изучувајќи ја физиологијата на телото, ние ги опфаќаме двете долни скалила (0,1). Додека пак психологијата, која ги изучува трите горни скалила, не претставува егзактна наука, бидејќи не овозможува да се прават мерења. Колку и да се обидувавме да ја сфатиме човековата природа, од тоа ништо не испаднало, и како резултата на тоа, психологијата, како групната така и индивидуалната, се најде во криза. Ние не можеме да ги разбереме тие детали, бидејќи тие се променливи и не се наоѓаат на нашето ниво, туку над нас.
Денес, изучувајќи ја науката кабала и откривајќи го човечкото скалило, преку него ние почнуваме да ја сфаќаме исто така и нашата психологија. Патем, ете зошто Баал ХаСулам ја почитува оваа наука. Всушност, кабалата е виша психологија, наука за Човекот. Затоа што сè се наоѓа во него, и ние никогаш не излегуваме надвор од рамките на овој поим – Човек, Адам. Светлината, која враќа кон Изворот, ми носи нови детали на перцепцијата, и јас почнувам да ги мерам вишите скалила, кои претходно останувале во „магла”. Тогаш ми стануваат јасни случувањата. Во „материјата” на желбите јас сфаќам каде се наоѓа делот од Создателот, кој управува со нив, и каде е мојот личен дел. Јас сфаќам како Кетер:
· го активира неживото ниво;
· го активира и дава живот на растителното ниво;
· го активира, дава живот и го води кон поправка животинското ниво;
· влијае на човечкото ниво според сличноста на особините.
Ете што ни дава науката кабала, која овозможува да се привлекува Светлината, која враќа кон Изворот. Најважното што ние го постигнуваме – се дејствата на Создателот во нивниот причинско-последичен редослед.
Од утринската лекција 13.12.2012, на Каб.Тв