04.05.2010
Целата тежина е во тоа што ако се обраќаме кон Тора како кон премудрост, тогаш сакаме да ја прифатиме со својот разум. Ако сакаме да го почувствуваме животот, духовната реалност, тогаш сакаме да ја почувствуваме во чувствата. И така, во нас има разум и срце - два прибора, преку кои ги чувствуваме себеси, околниот свет.
И многу е тешко да разбереме дека тука, во тоа што Тора ни го нуди, има нешто апсолутно друго, многу чудно.Пред сé, стекнување на нови карактеристики. Додека во човекот ја нема таа нова особина, која треба да се зароди во него, тој воопшто не разбира за што станува збор. И целата Тора всушност се јавува како средство на нова особина, поставена во човекот наречена Создател - од Неговото негирање до целосно откривање.
Ниту разумот, ниту чувствата можат да ни помогнат, тие служат само како потпори, бидејќи не станува збор за откривањето на Создателот.
Откривањето на Создателот - е породувањето во човекот на особините на Создателот. И затоа ни е дадена Тора како средство за создавање на нова состојба во нас.