16.09.2011 Од Конгресот во Торонто
Прашање: Јас сум бил на неколку конгреси и секогаш ме следи некаков егоистичен интерес. Каков треба да биде мојот најдобар интерес на овој конгрес за да ми ги донесе најголемите промени?
Ние говоревме дека нам ни е потребен адаптер кој ќе го пренасочи нашиот егоизам кон давање. Конгресот е најсилниот адаптер и со негова помош ние се издигнуваме. Затоа јас целосно треба да мислам само на тоа како да се вклучам во останатите за да не ми останат само моите мисли, желби и лични интереси на крајот од овие два и пол дена од конгресот. Ние овде треба да создадеме таква состојба, која би нè однела веќе на првото духовно ниво. Навистина сме способни да го направиме тоа, а ни недостига само издржливост пред пречките.
На сите овие пречки треба да се гледа како на позитивна сила која ни го покажува местото каде што се крие проблемот, односно она што ние треба да го поправиме. Јас денес овде ги посетив своите внуци и им донесов подароци (овде имам еден внук и две внуки). Овие подароци се најразлични начини на соединување: разни лего коцки, сложувалки, ѓердани кои треба да се собираат за да се направат убави синџирчиња. Сите овие игри специјално се насочени кон соединување, на учење како да се направи правилна, убава, погодна работа која ќе може да се употребува. Но всушност, тоа е она што и ние треба да го направиме. Нам ни е дадена заедница разделена на многу делови, толку што нашиот продирачки егоизам, глобалната криза, руши сè до темел.
Но, во суштина, она што сега се случува е најпрекрасната работа. Оваа криза се случува во сите сфери, во сè, со што се занимава човештвото – во образованието, културата, семејниот живот, воспитувањето на децата, се појавуваат изблици на тероризам, депресија, разочарување. Тоа е криза и во науката, и во сите останати сфери, вклучувајќи ја финансиската, економската и глобалната криза на нашите односи со природата.
Ние постигнавме таква состојба, што се наоѓаме внатре во сложувалка, раскршена и разделена на најситни делови. Нема останато ниеден целосен дел со кој би можело, да речеме, да продолжиме да играме. Ние уништивме сè до самиот темел и сега мора да почнеме одново да собереме сè во нова форма. Ако на стариот начин системот не работеше, значи дека нема подобра опција од тоа да собереме сè и да почнеме од почеток и од денес па натаму да имаме само една грижа – како правилно да ја направиме оваа сложувалка. Оваа задача сега стои пред нас. На крај секој човек на светот ќе го сфати ова, но до тогаш ќе има уште многу страдања.
Ние сме тие кои слушаат за тоа, знаат и учат дека можеме да почнеме да ја правиме оваа сложувалка меѓу себе, токму во текот на неколкуте денови од конгресот. Можеме да го направиме тоа меѓу себе, нам не ни се потребни големите системи на овој свет – образованието и културата, науката и односите во семејството, економијата, финансиите, парите, глобалната ситуација со природата. Доволно е да направиме само едно. Од нас се бара работа како од мозочните клетки кои не треба да ја варат храната, да вдишуваат кислород, да пумпаат крв. Ние со вас сме групата во човештвото која треба да ја заврши работата во чистата желба, во чистото чувство, без некакви надворешни маскирања, туку само треба сите мисли и срца да бидат насочени кон соединување.
Светот ќе ги изразува овие желби во поинакви, материјални форми, затоа што неговата работа не е како клетките во мозокот, туку како останатите внатрешни органи, рацете, нозете. Ние треба да работиме само во умот и срцето. И ако успееме да оствариме меѓу нас такво соединување, да ја почувствуваме меѓу нас силата на давањето, љубовта, меѓусебно разбирање и да посакаме да останеме во тоа чувство, ако сите ние мислиме на тоа, тогаш нема да има никаков проблем – ќе успееме да почнеме да ја чувствуваме Вишата реалност. Токму тоа треба да го направиме за време на конгресот.
Физика и лирика
Ако им дадеме на кабалистичките термини точни дефиниции, ќе видиме дека науката кабала не лета во облаците, туку се занимава со реални работи – нашите меѓусебни односи, поправање на човековата природа. Таа овозможува да се претвори омразата во меѓусебна поврзаност и наместо да се остане во својата природа, да се бара патот за нејзино надминување, за да се издигнеме над неа. Тогаш ќе сфатиме дека „Бог" е целосното својство на давање кое треба да владее меѓу нас. Наместо внатрешните чувства на нашите „вреќи" со електролити, ние ќе почнеме да го чувствуваме она што се наоѓа надвор од нас. Како?
Многу едноставно. Целата работа овде е на што придавам важност. Ако целото мое внимание, целата грижа, сите мисли и желби се насочени кон надвор, кон заедничкиот систем, тогаш не еднаш, туку секој пат добивам можност да се исклучам од чувството само за самиот себеси. На своето „животно" му обезбедувам сè што му е потребно, а јас самиот целосно се наоѓам на другата страна – во нашата меѓусебна поврзаност. Така и мајката се грижи за своето бебе кое постојано и ги зазема мислите и чувствата. Ако ние сме достигнале таква состојба, тоа значи дека веќе сме подготвени да го почувствуваме Вишиот Свет. Ние навистина почнуваме да го чувствуваме него, да го чувствуваме она што се случува надвор од нас.
Порано се чувствувавме само себеси во петте сетила, перципирајќи го светот внатре затоа што „овој свет" се исцртува во задниот дел од мозокот како одраз на моите пет сетила. Всушност, овде јас се гледам самиот себеси, проекцијата на моите внатрешни својства. Од друга страна, кога односите меѓу нас за мене стануваат поважни од моите внатрешни чувства, јас преминувам на вонтелесна перцепција. Тоа и е „откривањето на Создателот", односно откривањето на својството за давање на човекот. Тој го открива она што го оформил, направил, изградил, создал. Затоа, излегувајќи надвор од самиот себе тој станува сличен на Создателот, на силата за давање.
Човекот го достигнува својството за давање во степенот како што го формира, односно Создателот му се открива согласно неговото достигнато ниво, затоа што „Создател" (Боре) значи „дојди и види" (бо-ре). Дојди и ќе постигнеш, ќе видиш, ќе почувствуваш, ќе измериш сè што си достигнал. Ако на овој начин се однесуваме кон перцепцијата на реалноста, кон перцепцијата на Создателот, тогаш поништуваме многу стереотипи и предрасуди. Почнуваме навистина да се занимаваме со науката, со нашата внатрешна наука, во која ние сме и истражувачи и материјал за истражување. Ги чувствуваме резултатите и самите стануваме резултати. Го достигнуваме својството на Создателот кое станува наше својство, наше соединување со својството за давање. Благодарение на таквиот поглед на реалноста и на промените, низ кои мора да поминеме, ние целосно го менуваме нашиот однос кон болката и страдањата, кон барањата кои ќе ги изнесеме кон другите, кон Создателот, па дури и кон самите себеси.
Ние сфаќаме што се случува во Природата и тука нема за што да се жалиме. Нема од кого да бараме, да се надеваме на нечија милост, попустливост или протекција. Овде има место само за научен однос – ние сме во систем на сили кој е потчинет на прецизни закони. Кабалата на ова дава кратки дефиниции: „Јас Себеси не се променив", „Вишата Светлина се наоѓа во апсолутен мир", „Судијата се раководи само според она што го гледа", „Поставен е закон кој не треба да се прекршува". Да го употребиме јазикот на чувствата, молитвите и барањата, и ако не сакаме да се изгубиме во сето тоа, треба „да ја довериме хармонијата на алгебрата", поминувајќи на точни мерења на силите, насоките и векторите, кон равенки, графикони и формули. Само тогаш можеме да ги измериме своите чувства и напори, омразата и љубовта – во смисла на квантитет и квалитет, а исто така и во споредби од најразличен вид. Само тогаш ќе успееме да ги избегнеме збрките. Ние сме битија кои чувствуваат, нашиот материјал е желбата за наслада.
Меѓутоа, ние работиме врз себе како вистински истражувачи, се издигаме над желбата со помош на скратување и екран и работиме над желбата, што се нарекува во верба над знаењата. Така што, ајде да почнеме да се свикнуваме на два јазика: јазикот на лириката и јазикот на физиката, затоа што по суштина, тие говорат за едно исто, а само треба да се избегнуваат нејасностите меѓу нив. Тогаш точно ќе го сфатиме целото битие. Науката кабала е голема наука за истражувањето и создавањето објективен јазик кој ќе ги опишува нашите чувства. Ако го направиме тоа, ќе ја разбереме целата реалност, ќе Го разбереме Создателот – силата на давање, која владее во целиот универзум, ќе Го спознаеме целосно и тогаш ќе ја постигнеме целта.
Светот страда заради мене
Прашање: Уште колку ќе страдаме, како тврдоглави деца, не посакувајќи да создадеме добро опкружување? Како да ја надминеме својата тврдоглавост?
Ние треба да се убедиме себеси за потребата од напредок, инаку ќе ни биде лошо. Треба да се срамиме од тоа дека светот страда, а ние не му го даваме тоа што можеме да му го дадеме – она од што тој има потреба.
Ние вистински треба да се чувствуваме виновни за страдањата на светот. Нека нè испече овој срам, присилувајќи нè, на крај на краиштата, да направиме нешто. Овде не се потребни личните интереси со кои јас си се оправдувам себеси, седејќи дома и не правејќи ништо.
Што и да ми се чини, треба со сите сили да се пробиеме во страдањата на светот и да се видиме себеси како одговорни за да го однесеме до поправање. Тоа навистина е голем проблем, ако безгрижно се однесуваме кон светот, кон луѓето: „Нека страдаат, можеби тогаш ќе се променат". Тие не можат да се променат. Само ние можеме да се промениме и тогаш преку нас ќе бидат обезбедени готови решенија.
На духовниот пат ние го откриваме светот како свој сопствен систем. Еве, претстави си – многу години ти намерно си правел лошо на луѓе, си се однесувал кон нив како кон непријатели и со тоа си се насладувал и одеднаш откриваш дека тоа се твои деца. Каква тага ќе доживееш, спомнувајќи си што сè тие претрпеле од тебе. Таков срам ни се појавува. За да се намали, треба да се побрза, откажувајќи се од личните интереси. Што и да се случи, не обраќај внимание на нивното однесување затоа што Создателот ти ги претставува такви за да мислиш само на давање и да им посакуваш добро.
Дебел минус однапред
Во кабалата 1995 година е определена како година на пресврт. До тогаш слобода на избор имале само кабалистите – луѓето со точка во срцето кои се развиваат на лична стапка. Меѓутоа, околу 1995 година целото човештво стапува во нова развојна фаза, во која се бара самостојно изградување на самиот себеси, остварувајќи го единствениот слободен избор кој претходно ни се открил. И еве, од ден на ден гледам како силите, кои влијаат врз мене, го зголемуваат притисокот. Ова е знак дека вчера јас не сум го реализирал нивниот притисок правилно. Тогаш зошто не одам на исто ниво со нив, па дури и да ги надминам?
Јас не можам да се развивам без притисок одзади и без влечење однапред. Тоа е животинската форма на развојот. Од друга страна, човекот се развива поинаку. Јас добивам негативен (–) притисок одзади од егоизмот (Ego), кој расте во мене со текот на времето. Притоа, јас самостојно барам позитивно (+) влечење однапред: каква може да биде користа? Не „користа" која ми ја диктираат другите, туку јас сам барам и проверувам по која насока на кој идеал треба да се развивам.
Тоа е нивото на човекот (Адам), сличен на Создателот – јас постојано ја барам Вишата Сила, Вишите идеи, вистинските цели кои треба да ги постигнам. На секое ниво од развојот цело време јас сум подложен под притисок и цело време го продолжувам моето барање. Но, дали е можно тоа без притисокот на страдањата одзади? Зошто ми е потребни тие? Можеби можам да го пречкртам целиот овој егоистички развој? Се разбира, нема да успеам да го поништам својот растечки егоизам, меѓутоа сакам да се движам напред побргу, отколку што тој ме притиска одзади. Сакам да преминам кон „страдања од љубов", гледам минус напред, ја испитувам потребата од развој: „Зошто сè уште не сум таму?"
Така, наместо дебелиот црн минус одзади, наместо несреќи, војни, болести и слично, јас си генерирам „добар" минус. Тоа пак се страдања, но веќе „страдања од љубов" затоа што се насладувам од нив, тие ми се мили. Со нивна помош се подготвувам за средба со Оној кој љуби. И нека не сум уште таму, но веќе се стремам напред кон нешто добро. Јас сум празен, но го чувствувам исполнувањето кое чека напред. Тоа е посакуваниот пат, по кој можеме да одиме. Тука сè зависи од нашата работа – нашата група на човекот мора да му придава токму таква форма за развој.
Ако не го направиме ова, светот ќе продолжи да страда. Тој не го сфаќа поголемото, воопшто не е способен да се развива без импулс од наша страна. Затоа мора да ја промениме силата која нè развива – да избереме сила која ќе нè влече напред, наместо сила која нè турка одзади.
Отфрлање на темнината
Конгрес во Торонто. Предавање бр.3
Светот се буди. Притоа се буди неговата темнина – егоистичката желба повеќе не добива исполнување и чувствува дека се наоѓа во криза. Се женам и се разведувам. Ми се раѓаат деца и ништо не ми значат. Сакам добро да ги воспитам, а излегува кој знае што. Посакувам едноставни радости во животот, а наместо тоа паѓам во депресија. Сакам да заштедам малку пари, но судбината нанесува удар и останувам без денар. Цел живот одделувам од себе за пензија, а таа испарува заедно со банкарските средства. Барам мир во природата, а таа ми одговара со климатски катастрофи.
Најважното е чувството дека светот паѓа во темнина – нема зошто да се живее, зошто да се раѓаат деца... Програмата за развој го има опфатено човештвото и сè појасно му го демонстрира отсуството од исполнување, мракот. Истото тоа се случува и со нас, но ние, судирајќи се со слични симптоми, многу бргу ги наоѓаме точките за поддршка и ја прескокнуваме оваа состојба затоа што во рацете имаме методика, раководство на дејствието кое ни помага да одиме напред. Но, светот нема нешто такво.
Луѓето не сфаќаат каков мрак е спуштен, поради што и зошто. Како резултат на тоа, човекот каде и да се обрати, никаде не чувствува исполнување, ништо не го радува вистински. На тој начин светот оди кон одлучувачката состојба, кога со големи напори ќе треба да признае дека е дојдено време да се промени начинот на живот. Поинаку темнината нема да исчезне затоа што таа е спротивната страна на Светлината. Таа ни јавува за Светлината, за својството за давање кое ни се приближува.
Но, со нејзиното приближување ние се чувствуваме сè полошо, не сакаме да живееме во неа, туку напротив, сакаме да ги оствариме сите свои егоистички желби. Меѓутоа, друг излез нема. Гледаме како Природата му се претставува на човештвото: „Јас ви го носам својството за давање, а вие ќе страдате сè додека не посакате да го примите како најдобро што може да биде". Од кого човештвото ќе добие објаснување за она што се случува? Од нас. Ние треба да му ја објасниме суштината на промените. И колку повеќе доцниме со ова објаснување, толку повеќе ќе нè мразат затоа што, од една страна, луѓето не го посакуваат својството на давање, а од друга страна, тие чувствуваат дека имаме решение за проблемите и дека сме им пречка на патот кон доброто.
Треба да им се објасни она што се случува во светот и што да прават со темнината која се спушта врз нив. Дури и ние самите им „се лепиме" со нашата порака: „Видете, ние можеме да ги објасниме случувањата во светот. Време е да се менува курсот, човекот треба да се промени, а не светот, затоа што глобалната интегрална криза воопшто не е криза. Напротив, ни пристигна својството за давање...". Но тие сè уште не слушаат. Ќе поминат уште неколку месеци, ќе се случи уште некоја несреќа и ќе почнат да слушаат, ќе почнат да сфаќаат што е причината за темницата, беспомошноста, збунетоста, неможноста да се владее со светот како порано, затоа што повеќе ништо не функционира, сите системи одат во пропаст. Ние, од своја страна, треба да побрзаме со распространувањето.
Над земјата како да има армада од летачки чинии кои ги вклучиле своите зраци на полна моќност – такво е влијанието врз нас на својството за давање. Само доаѓајќи во согласност со ова својство, во него ќе откриеме светлина, топлина, радост, надеж за иднината, вечност, совршенство... Не е едноставно да се објасни вистината на светот. Треба да се препишуваат материјали, да се вршат објаснувања во разни форми и на разни начини. Навистина, на луѓето им е многу тешко да ја променат својата перцепција, да ја пренасочат во друга насока. Но, нашето време е посебно.
Поколенија кабалисти мечтаеле за ова, а токму нам ни се случува не само да живееме во овој период, туку и да сфаќаме што се случува. Многу луѓе сега преживуваат криза во своите животи, внатрешни крахови, семејни драми, проблеми со дрога... Тоа не зависи од нивото на благосостојба – да се има педесет милиони и да се остане со пет, исто така е несреќа, иако нам ни е тешко да си го замислиме тоа. Луѓето не знаат дека ударите доаѓаат насочено и тоа е страшно. Човекот е способен да издржи сè ако знае дека оди кон целта, дека страдањата ќе престанат и ќе се претворат во добивка. Но, како ќе се случи тоа, ако напред ништо не свети? Ние со вас знаеме за програмата за битието, за неговата цел, за тоа дека лошото нè води кон добро и дека тоа е подарок одозгора затоа што милијарди луѓе во светот се несреќни без никаква искра надеж. Ние треба да им објасниме дека за сè што се случува постои причина и цел, дека постои голема награда и дека секој удар може да се претвори во добар дар. Треба да се рашири оваа вест низ светот. Времето е кратко.
Луѓето не сакаат да слушаат, заглушени од несреќите, затоа што под ударот се чувствува само болка. Сепак, ако се дочека вистинскиот момент на смиреност, може да се влијае на човекот со капка објаснување. Потоа уште еднаш и уште еднаш. Така чувствата ќе се менуваат со информациите. Ние треба да ги следиме брановите кои се тркалаат низ светот и да го исполнуваме просторот меѓу нив со објаснувања за причините и суштината на настаните. Тогаш секој нов удар луѓето ќе го прифаќаат со поголемо разбирање, додека разбирањето не се урамнотежи со несреќите и не им донесе чувство за каузалност и насоченост, а потоа и корист. Наместо болка човекот одеднаш ќе го почувствува посакуваното олеснување, бидејќи сега тој добива исплата.
А ако за вложениот труд веднаш ми се исплати наградата, јас не чувствувам напор. Кога резултатот се гледа, напорите не се сметаат како расходи, туку како средства затоа што носат добивка. Уште повеќе, тие и даваат тежина и вкус, бидејќи благодарени на нив јас во себе сум оформил потреба, сад, апетит кој овозможува да се насладам на прекрасната трпеза.
Од лекцијата на Конгресот во Торонто - 16.09.2011 Следете на Каб.тв